Iva -> RE: Ларингитис (15.1.2010 16:19:53)
|
Гркланот (larynx) е важен респираторен орган кој се наоѓа под ждрелото и го спроведува земениот воздух кон душникот, но во него се наоѓаат и гласните жици. Еден дел од гркланот (epiglotis) има важна функција да го спречи одењето на хранта во душникот. Со оглед на близината на носот и грлото често е на удар на бактериите кои можат да додедат до запаление- ларингитис. Гркланот е малечок особено кај децата, па скоро секое негово воспаление е пропратено со отежнато дишење. Што го предизвикува ларингитисот? Најчеста причина за ларингитис се вирусите кои се населуваат во слузокожата и обично предизвикуваат отекување на гласните жици и дополнително го отежнуваат движењето на гркланот. Поретко, но далеку поопасни се бактериите кои можат да доведат до доста тежок облик на ларингитис. Благодарение на вакцината против бактеријата Haemophilus influenzae овие форми на ларингитис се многу ретки. Поради отоците на гласните жици детето е засипнато и се јавува оној вибрирачки звук, кој наликува на свирење. Тоа свирење е всушност треперење на гркланот кое настанува кога воздухот под притисок поминува кон душникот и после кон белите дробови. Се слуша кога детето вдишува но е најдраматично кога тоа кашла. Најголемиот број деца заболуваат од вирусен ларингитис, кои најчесто поминуваат без температура, а општата состојба на детето покрај кашлањето, е добра. Кога нападот ќе помине, детето е расположено, но обично следниот напад е многу набрзо. После неколку дена инфекцијата сама поминува, но останува прашањето како да му се помогне на детето за време на таков напад? Прво, без паника! Ако нема висока температура, ако не е сино околу устата, имајте на ум дека се работи за вирусен ларингитис, релативно безопасна болест и покрај драматичното покажување на истат. Иако звучи чудно, родителите би требало: со врела вода добро да го запарат, замаглат купатилото. Потоа да го внесат детето да вдише топол, влажен воздух. После минута до двве, изнесете го и држете го покрај отворен прозорец да вдише надворешен студен воздух. Кај поголемиот број случаеви нападот поминува речиси моментално. Трикот е во наглата промена на температурата и влажноста на воздухот, што допринесува до попуштање на стиснатиот грклан. Детето обично после тоа се смирува, продолжува да спие или се орасположува. Со тоа си отварате простор за мирен разговор со педијатарот и консултација за натамошниот третман. Ако ова постапка не помогне, треба да се обратите веднаш кај лекарот. Кога мора итно да се оди на лекар? Ретко, но многу опасно воспаление на гркланот е последица на инфекцијата со бактеријата(Haemophilus influenzae) која брзо се размножува во грлото и прави оток токму околу оној дел кој при голтањето го затвора гркланот (epiglotis). Отечениот epiglotis го стеснува и онака тесниот отвор за воздух,па детето навистина се гуши. Дел од бактериите продираат во крвотокот и предизвикуваат многу висока температура. Веднаш треба одите на лекар ако: - Детето има температура преку 39 степени. Ако се случи свирењето на градите и температурата да се јават истовремено, не треба да чекате. Важно е да се утврди дали се работи за споменатата инфекција на гркланот (epigotitis) која бара неодложна антибиотска терапија со јаки антибиотици кои се даваат исклучиво преку вена за побрзо да делуваат. - детето почнува да помодрува околу устата и изгледа многу лошо. Ова е сигурен знак дека нема довол кислород во организмот и е потребна итна терапија. - Детето тешко и убрзано дише. Ова мачење при дишењето ( кое стручно се нарекува диспнеа) многу убаво се гледа кога детето ќе се соблече. Меѓуребрените простори се вовлекуваат, како и јамицата испод брадата. Тоа е последица на огромниот напор кои го вложуваат мускулите кои учествуваат во дишењето, за да го протераат воздухот кон долниот дел на дишните патишта. Кашлањето и Ларингитисот Кашлањето е редовен го прати воспалението на гркланот. Тоа настанува поради оштетувањето на слузокожата која е поради присуството на вирусите или бактериите "оголена”, па лесно се надразнувааат краевите на малите нерви кои се, кога е детето здраво добро скриени во неоштетената слузокожа. Надразнетите нервни завршетоци го покренуваат рефлексот на кашлање, а поради ова непродуктивно, упорно (суво) кашлање веќе натечената слузокожа дополнително се оголува, а веќе оштетените гласни жици стануваат уште повеќе отечени. Сето ова изгледа многу драматично: детето тешко дише, понекогаш изгледа како да се бори за секој здив, а како "по правило” се се случува ноќе, така да обично детето и родителите завршуваат во некоја од дежурните клиники.
|
|
|
|