|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: слабокрвност
10.11.2013 23:37:08   
Snowhite RR
На систематскиот кај Јана на крвната слика покажа 103 хемоглобин а долна граница за нејзината возраст е 107 и сега ни даде да пиеме Легофер, ама не сака да го пие, едвај со триста маки и давам, живо малтретирање, не знам како ќе правиме вака цел месец утро вечер, ако не се навикне уште некој ден искрено ќе се откажам, па трауми и правам. А баш чудно што и е ниско зашто скоро секој ден јади месо и докторката тоа се чудеше. Што можам друго да давам за на природен начин да и се покачи?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: слабокрвност
11.11.2013 0:10:28   
bombica
Proverite povtorno krvna slikaa vo druga labaratorija.Na moi bliski nekolku pati na maliot vo edna labaratorija mu vadat nizok Hg a pri proverka vo druga Hg odlicen

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: слабокрвност
11.11.2013 8:42:29   
sandriana RR
Snowhite, јас не би преминала веднаш на Легофер.
Обиди се да појачате крвна слика преку храна, со дополнително Вит.Ц. Значи, темнозелен зеленчук, цвекло, леќа (црвена по можност), супа од телешка коска, и плус Вит.Ц апченца. Па за 2- 3 недели проверете пак, по можност и на друго место, што вели бомбица.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: слабокрвност
24.12.2013 22:47:16   
Snowhite RR
Дечки знаете како беше, колку време пред и после давање на сируп за железо не требаше да се дава млечни продукти, пола саат, саат или нема врска?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: слабокрвност
23.1.2014 12:25:08   
lekokrila
zdravo majki ve molam za sovet moeto bebe ima 4 meseci na AD mleko sme i hemoglobinot mu e 9,8 i leukocitite mu se pokaceni ,ni dadoa sirupce Legofer i kapki bebi vital..ama nikako ne saka da gi pie vreska pluka sekako probav i so zatnato nose i so zalazuvanje i so spric cucla se e dzabe pluka i nikako ne saka da go ispie sto da pravam ima li nekoj drug lek po vkusen so ke go saka nesto na prirodna baza so mozam da mu go davam za da mu pomognam

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: слабокрвност
23.1.2014 13:02:49   
vezilka RR
Не знам што би пробала на природна база,мало е уште, не сте почнале со цврста храна, а сите тие суплементи со железо мислам дека имаат лош вкус. Ќе мораш да најдеш некој начин да му го пикнеш..биди упорна. Се сеќавам мајка ми ми имакажувано дека нам ни давала сирупи со шприц на спиење, ама мене не ми јасно како тоа го правела. Ако не е густо сирупчето пробај во шишето да му го ставиш, оти цуцлата му е позната. Не знам дали е возможно, само идеја кажувам.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот lekokrila)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: слабокрвност
23.1.2014 19:55:56   
lekokrila
probav i so cucla vezilka ne saka :( eve sega pravev muabet so edna aptekarka i mi rece da i gi izmesam so cajce ili voda belki nema da gi seti i dodeka e spie da i go dadam ke probam i taka sepak fala za sovetot :)

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: слабокрвност
24.1.2014 18:50:34   
deluxe
Лекокрила,во помала количина на млеко стави му,или во чајчето,и така да го прикриеш вкусот.Бебињата имаат јако сетило за мирис и вкусuser posted image .јас на моето само со шприц му давам сирупчиња.Го легнувам на мојата рака,во полуисправена положба,со цуцлата лажалка го провоцирам да ја отвори устата,и штом ќе отвори му шприцнувам,и моментално цуцлата лажалка му ја ставам во уста.Така си продолжува да ја трга цуцата,и ќе го голтне сирупот.user posted image user posted image
Ова е успешна финта,уште со првото дете ја усовршив,се докажа успешна и со второтоuser posted image


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот lekokrila)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: слабокрвност
3.10.2014 9:49:49   
Snowhite RR
Slonceo1 имаме тема за Анемија во бременост, постовите ќе ги префрлам таму
КЛИК

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: слабокрвност
10.11.2014 17:02:05   
marchi
i nie sme so nedostatok na zelezo,pieme ferum a nikako ne mozeme da se izlazeme da jademe ona sto treba

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: слабокрвност
20.11.2014 10:33:15   
Mila mamicka
Еве што давам јас на син ми за подобрување на крвната слика. Наутро обавезно цеден сок од морков, цвекло и јаболка, и неколку зрна аронија. Подоцна во денот му давам и сокче од аронија, го земав од Берово и го користам подолго време веќе. Наутро исто така му давам и еден природен лек од мед, ореви, лимон и семе од коприва, по една лажичка на гладно срце. Во некој од оброците во текот на денот му додавам живо јајце од потполошка. И обавезно во текот на денот, му давам една лажичка мед, или маџун или боров мед, исто така од Берово. Крвната слика, а и имунитетот му се супер.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: слабокрвност
30.11.2014 20:23:47   
caciana
Slabokrvnost se pojavuva kako rezultat na nedostatok na zelezo. Za da se podobri krvnata slika potrebno e na deteto da mu davate hrana koja sto sodrzi golemi koncentracii na zelezo. Hrana koja sto sodrzi golema kolicina na zelezo :algi , crn drob, govedsko meso, govedski crn drob, pcenicni rkulci, grav leka, temno zelen lisnat zelencuk, soja , suvo ovosje, cveklo, sok od borovinka ili borovinki, jajca mleko, brokula spanak, kajsii i lesnici.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: слабокрвност
4.12.2014 12:10:29   
mama_06
Еве ме и мене на оваа тема. Помалото дете има 15 месеци и многу слабо му е железото. Ни дадоа Фероглобин ама тешко дека ке напрајме нешто,не сака да пие, плука, го познава во вода,во сокче и од плукање сите дома мирисаме на Фероглобин.Туку на нет читав дека било добро да се дава маџун,ама природен,не превара од аптека. Порачав од Кавадарци да ми пушти другарка ми, па ќе видиме како ке е. Дали некоја од вас мамички давала маџун на мало дете? Ај хелп плис,стварно сум многу загрижена.

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: слабокрвност
4.12.2014 12:22:57   
Mila mamicka
Јас му давам на син ми маџун од година и пол, значи цела година веќе и мислам дека маџунот многу ја зајакнува крвната слика и го јача имунитетот. Инаку сум од Кавадарци, и си правевме лани наш маџун, така што ми е со проверен квалитет. Мислам дека можеш и ти да му даваш на твоето детенце, ама затоа што има 15 месеци, би ти препорачала да му го мешаш со чајче (ама не топло чајче, затоа што маџунот така губи дел од ххранливите состојки), во сокче, во млекце или било каква друга течност што ја пиете, затоа што сепак е јак концентрат за толку мало дете. Јас на син ми секое сабајле му давам директно во уста едно мало лажиче, ама сепак тој е поголем од твоето.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: слабокрвност
4.12.2014 12:24:31   
Bethany
мама 06, немам искуство со маџун, сигурно е дека природен е најдобар, ќе можеш да му го измешаш со сокче па да го пие.
Ама јас би ти препорачала и Флорадикс (тоник со железо), тој го оправи син ми, имаше хемоглобин подобар од возрасен. Прекрасен е за пиење, баш тоник, како сокче, со убав вкус. И е на природна база. Секогаш го препорачувам, може и бебиња од 6 месеци да го користат.
Можеби би требало и некој препарат плус и маџун за почеток, па потоа само со маџун да продолжиш.

user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: слабокрвност
4.12.2014 12:32:27   
mama_06
Е фала ви девојки, јас и планирав да му давам разреден како сокче. Значи една мала лажичка е доволно дневно,ако добро разбрав. Едвај чекам да ми стигнит па да почниме, и на двајцата ќе им давам,секако нема штета.
А Бетани мила, јас пробав со флорадикс ама ништо па моравме фероглобин да му земиме ама џабе ми се чини дека нема да има ефект со тоа што плука,плаче и не сака да пие. Секако ќе ве известам за резултати.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: слабокрвност
4.12.2014 12:42:14   
Mila mamicka
mama_06, јас секогаш сум прво да се проба со нешто народно, што се вели. Не велам дека овој флорадиксот не е добар, ама тој може да има само моментален ефект, а потоа пак да ослабне хемоглобинот. Затоа, пробај си прво со маџун. А инаку, ако имаш и поголемо детенце, над две години, јас би ти препораќал да му даваш и семе од коприва. Јас лично му правам на син ми едно лекче со семе од коприва, мед, лимон и ореви, и според мене, е многу добар додаток. Секогаш сум повеќе за вакви работи, отколку сирупи, па макар и биле на природна база. 

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: слабокрвност
4.12.2014 12:53:11   
mama_06
И јас сум за природно, така и ги хранам и затоа ми е чудно што има слаба крв а јаде се и активен е и трча и све! А мораше крвта да ја подобруваме медикаментозно затоа пие сируп.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: слабокрвност
4.12.2014 12:58:10   
Mila mamicka
Штом веќе морало да пие сируп, ти паралелно работи си на имунитетот дополнтелно и резултатите нема да изостанат.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: слабокрвност
4.12.2014 12:58:37   
Bethany
е ок тогаш ако пробавте, на син ми многу му помогна, од тогаш никогаш повеќе немаше проблеми со слабокрвност, а ете поминаа веќе скоро две години и секогаш крвна слика му е добра. Вероватно зависи кај кого како user posted image

Моето мислење беше дека ако крвната слика му е ептен слаба, јас би пробала и со препарат бидејќи така побрзо ќе му се снабдат резервите на железо, и процесот да биде побрз и со сигурност поефективен, а секако потоа ќе продолжат на природан начин. Ама секој си знае за себе нели.

Мама06, во секој случај пиши резултати, јас никогаш немам давано маџун бидејќи немам од каде ни да го набавам тој природен, ама би сакала да слушнам искуства.

< Поракaта ја уредил Bethany -- 4.12.2014 12:59:25 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: слабокрвност
4.12.2014 15:49:10   
Defne90 RR
И двајцата синковци немале појака крв од 115 до 120 максимум.На поголемиот му спаѓаше дури до 96.Нам матичната ни препишуваше најчесто Лекоклар или ферумлек.Е сега последниот пат кога ги носев,ни рече да им земеме Sanostol Iron.Испија и двајцата по една доза и одма им се подобри малку крвта.Не којзнае за колку многу ама си дојде во границите на нормалата.Исто и јас ја прашував за маџун,ама таа ми рече дека не може да ми гарантира колку ќе помогне.Инаку да растворен во сокче е најдобро да им се дава на децата.Ама и јас сум на план да им земам зимава да пијат.Една сосетка им даваше на нејзините деца,ми кажуваше дека е навистина задоволна од маџунот.Така да ќе пробаме,во секој случај на природна база е.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: слабокрвност
5.12.2014 23:20:14   
mamicki
Природните препарати се добри за одржување на крвната слика, но најпрво мора да се почне со некој препарат кој содржи железо, на пример „Флорадикс“, кој се дава во комбинација со Б комплекс и Ц витамин од 100 милиграми и тоа најмалку три месеци во продолжение. Е, потоа може маџун и слични природни средства.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: слабокрвност
6.12.2014 0:00:29   
mama_06

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Природните препарати се добри за одржување на крвната слика, но најпрво мора да се почне со некој препарат кој содржи железо, на пример „Флорадикс“, кој се дава во комбинација со Б комплекс и Ц витамин од 100 милиграми и тоа најмалку три месеци во продолжение. Е, потоа може маџун и слични природни средства.

Да, и јас така мислам дека природно е најдобро.И јас сум така растена,така се трудам да растат и децава и не ми е јасно од каде толку малку хемоглобин.Замисли, долна граница беше 110 а кај моево вредноста е 88! Страшно.И лек обавезно, вика докторот мора да пие 4 месеци по едно лажиче дневно со витамин Ц,а после тоа контрола и ако е добра крвта продолжуваме уште два месеци со сируп за да се створеле резерви.Затоа јас порачав маџун, ми изгледаше најприфатлива опција.Да дополнам со него а лекот ќе го пие паралелно. Е така мили мои, јас силна крилна здрави ми се децава кога излезе шок.Ама се прибирам полека, и тој ми е како поцрвен во образите или така јас го гледам ке видиме за 4 месеци.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: слабокрвност
3.4.2015 11:29:32   
sonc90
znam deka ke se povtori prasanjevo kako kaj mnogu prethodno megjutoa nie imame 9 meseci i sme ograniceni so ishranata,ne mozeme se da jademe pa bi sakala da prasam sto im davavte vie na vasite bebinja na ovaa vozrast za zelezoto,bidejki denes bevme na sistematski i posle 4 sirupi referum nas Hgb ni e krenat od 100 na 104...znaci ne e nekoe posebno podobruvanje,da ne recam nikakvo pdobruvanje...pa sakam osven spanak i telesko (baby beef zemam od vero) da znam sto moze drugo da dadam za krvnava slika da ni se podobri zaso vaka ne ide...

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: слабокрвност
3.4.2015 14:05:35   
Felly RR
СОнц, имаш достра совети и во темата Храна богата со железо. КЛИК тука,

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот sonc90)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?