слабокрвност (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


mami -> слабокрвност (13.6.2009 11:45:58)

Ете ние правевме крвна слика вчера и денес докторката вика дека е слабокрвен..ни даде Легофер и витамин Ц...јас сум цел живот слабокрвна, и за време на бременоста пиев Легофер па некои капсули со одвратен вкус и пак исто...како да му го кренам железото на природен начин? да му сварам две кила шајки?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
не сериозно, што да правам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Палешка РР -> RE: слабокрвност (13.6.2009 12:25:35)

Сок од боровинка на Фруктал, тој е поприроден од другите.

Друго:

1 кгр. рендано цвекло, 1 кгр. рендани јаболка, 1/2 кгр. рендани моркови, 2 лажици мед, да отстојат цела ноќ, следниот ден ги цедиш, додаваш малку вода (бидејќи детето е мало, инаку не се додава) и нека пие по 100 мл. во ден. Сигурно ја подобрува крвната слика.

Со препарати на железо обавезно се зема и Ц-витамин за полесна апсорпција.




mami -> RE: слабокрвност (13.6.2009 12:57:45)

фала, баш ке пробам..иако докторката рече дека е ок, пошто и јас сум нон стоп слабокрвна ама ке земам и јас да го пијам па ке видиме




Julie1 -> RE: слабокрвност (13.6.2009 13:10:58)

Mami, pomaga Revita - kombinacija na zelezo, vitamin C i maticen mlec.




mami -> RE: слабокрвност (13.6.2009 13:12:10)

ајде ајде давајте идеи...се ке пробам...




Еца -> RE: слабокрвност (13.6.2009 14:37:43)

Мами ако веќе ти јаде грав, потруди се секој втор ден да има по една чинија гравче,препорачано од др., и навистина го крева железото.




Боцко -> RE: слабокрвност (14.6.2009 16:23:01)

ако е на кравјо млеко, пробај извесно време покрај горе наведените примери да го ставиш на нестле џуниор 1+ адаптирано. тие се богати со железо. исто така, малтекс е добар за тие работи.




mami -> RE: слабокрвност (18.6.2009 21:08:31)

А да Боцко сигурно, овој мојов господин откако го проба кравјото млеко адаптираното несака ни да го помириса...
Палешка а овие сите да земам да ги сварам?




Палешка РР -> RE: слабокрвност (18.6.2009 21:19:30)

Не не, јаболката, цвеклото и морковите се рендаат се додаваат две лажици мед и литар вода.
Следниот ден се цеди низ стерилна газа.
На добиената течност додај и уште малку вода, не би требало да разблажуваш, но ако не пие ќе мораш [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Еца -> RE: слабокрвност (19.6.2009 10:24:53)

кога се работи за анемија во поблага форма тогаш се препорачува само збогатување на исхраната со продукти кои содржат висок процент на железо,како што се:црвеното месо, јајцето(жолчката), леќата, спањакот, цвеклото, соковите од капина,боровинка,малина. Тие се даваат во зависност од возраста на детото.




mami -> RE: слабокрвност (29.6.2009 11:18:06)

Палешка, а може да ми појави некоја нус појава од пијалоков? вчера прв пат му дадов и почна да кашла, и повраќа- или е тоа или е од медот? ама еве бидејќи знаеш, имало некој друг ефект кај децата што го пиеле или?




Iva -> RE: слабокрвност (29.6.2009 11:29:42)

Многу е битно да се знае кај детето дали има недостаток на хемоглобин или железо. Бидејки тие две работи се различни.  Јас на пример сум со вродена анемија, ништо не ми помагало, ниту сирупи, ниту цвекла буквално ништо. И она малку што се подобрувало било само моментално, ако сум престанела со терапија крвната слика повторно катастрофа. Сега и кај двата сина се случува истото. Со Михајло еве веќе 3 години мака мачиме. Мислевеме дека со Тео ке биде подобро но ништо. Анемијата е наследна. Со таа разлика што кај сите нас железото е во границите на нормала, додека хемоглобинот е под сите нормали. Михалјо околу 95, кај мене исто, а кај Тео паѓа дури и до 85. После сите испитувања востановено е дека сите тие сирупи нас не ни помагаат и џабе ги пиеме. Проверете си го најпрвин серумското железо, па потоа давајте сирупи. Да не се трујат за џабе децата.  




mami -> RE: слабокрвност (6.7.2009 15:01:28)

палешка мила..многу важно прашање- колку време може да стои сокот во фрижидер? ме нападнаа свекрва ми и сестра и дека повеке од еден ден никако[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




milijana -> RE: слабокрвност (6.7.2009 15:32:09)

Zavisi dali nedostasuva zelezo vo krvta.Jas na primer imam hemoglobin 11, no zelezoto vo krvta mi e super..pa mi preporacaa da pijam caj od kopriva i cveklo. Ako nedostasuva zelozo vo krvta mi preporacaa edni tab FEROGLOBIN dietetski proizvod (bez konzervansi, hemikalii i aditivi) na baza na zelezo, cink, bakar, folna kiselina, VITAMIN B12 I VITAMIN B6)OVA MOZELO I TRUDNICI DA GO PIJAT.aPCINJAVA ODAT PRIVATNO 512 DEN(ZEGIN) se pijat samo 1 mesec, sekoj den po edna( i ima slika na doktor) proveriv na internet (prof.A. H. Beckett) garantira deka se poprava opstata sostojba na krvta. firmata e VITABIOTICS.jAS iako imav dovolno zelezo gi piev i osetiv deka imunitetot, nekako opsto zdravjeto mi se podobri.Neznam dali moze da go pijat ovoj dietetski proizvod deca(najdobro konsultirajte doktor) Pozzz




mami -> RE: слабокрвност (6.7.2009 15:35:06)

него му е хемоглобинот 11,4 а треба 13 да биде..утре ке одиме на уште една анализа па ке видиме..




milijana -> RE: слабокрвност (6.7.2009 15:37:48)

Drzam palci..da bide se vo red.Pozz mila.




Палешка РР -> RE: слабокрвност (6.7.2009 18:09:53)

Извини мами, не ги видов прашањата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

Ма како само еден ден, сокот може да стои 3-4 дена, затоа и се прави толку мала доза.
А за нус појави - незнам, не би требало да е од тоа, тоа е само обичен домашен сок, само што не содржи конзерванси. Досега си му давала мед? Зашто внука ми е на иста возраст како и Лука, и неа и ставаме мед. Исклучи го медот, ако не.




mami -> RE: слабокрвност (6.7.2009 18:44:58)

ма и јас знам дека може слободно да стои....ама ете ме нападнаа пред некој ден ко да сакам да си го отрујам детето...ме нервираат со тие нивни претерани реакции..а инаку пробал мед и ок е..нема гајле, го пие сокчето, утре сме на анализа па ке видиме




tomino -> RE: слабокрвност (23.9.2009 14:36:34)

mojata milena e na 3 godisna vozrast.uste od koga se rodi od sestiot mesec doktorite konstatiraa slabo zelezo i hemogloben. neznam kolku sisenca  ferumlek ispivme  i toj sok od cveklo nema fajde od nisto.  ednas otidov vo apoteka i vidov sirup za kacuvanje na zelezo se vikaFEROGLOBIN nekade e okolu 500 den. i jaz go zedov bidejki  apotekarkata mi rece deka mnogu se falat od nego. od hemoglobinot ispivme 2 sisenca,i koga ja proverivme krvnata slika   zelezoto od 2 se iskacilo duri na 15  a hemoglobinot ja dostignal vrednosta sto treba da ja ima.Zatoa ti go preporacuvam ovoj sirup bidejki e od svajcarsko proizvodstvo i e stvarno efikasen so zemanje na vitanin c nautro pred jadenje.ima odlicen vkus i miris zosto vo nego ima i drugi vitanini




mami -> RE: слабокрвност (23.9.2009 15:25:46)

Благодарам Томино...ние уште си го пиеме сокчето убаво, секој ден, многу го сака, само тоа го пие...рече докторката дека да му помине прво носето па после ке правиме крвна слика, па ако пак испаднеме во минус дефинитивно одам и купувам




Викторија -> RE: слабокрвност (24.9.2009 0:08:23)

Мами пробај со сируп САНОСТОЛ ПЛУС ЖЕЛЕЗО овој сируп ијас иго давав на малата и доста е добар и исто така го подобрува апетитот кај децата. Ана природна база земи едно цвекло направи отвор во средина подлабоко да биде стави внатре 2 лежички мед и почекај ден два и самото цвекло ќе пушти сок така од сокт секое утро ке му даваш по една до две лажиќки да пие и дополнувајго со мед цвеклото се додека пуста сок.немој даго ставаш во фрижидер од ладното брзо се суши цвеклото и непушта сок.вака е доста полесно а многу добро затоа сто ималите деца несакаат многу колицински да пијат.јадете повеќе леќа и праз.




Викторија -> RE: слабокрвност (24.9.2009 0:16:25)

ИВА читам дека имаш проблеми со анемицност ијас моментално имам проблем со крвта исо хемоглобин исо серумско железо и двете мисе ниски бидејци немозам даги поднесам скоро сите лекарства штосе со железо докторката ми препиша инјекции ВЕНОФЕР се ставаат во инфузија исе многу добри.кога ја проверив крвта ми бесе доста подобрена  




mis. -> RE: слабокрвност (14.10.2009 14:51:30)

ИЗВОРНА ПОРАКА: anica

навистина се разочарав од резултатите од анализата на крвта...
Минатиот пат Hb ни беше 107 и педијатарот ни препиша сируп Легофер, овојпат 106, а редовно го пиевме сирупот со витамин Ц за подобра апсорпција на железото, му варев чајче од коприва, жолчка месо истотака редовно јаде.


ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Обично знае анемијата кај малите бебиња да биде нследна.Ако ти си анемична тогаш голем е процентот и твоето бебе да биде анемично.Не мора ти зависи кои гени ги наследил.

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

и за да се подобри крвната слика сируп ние пиевме 3-4 месеци за 1 месец не е доволно





ripce -> RE: слабокрвност (3.1.2010 23:46:45)

Дефицитот на железо е најчест нутритивен дефицит во светот. Оттаму и фактот дека анемијата настаната поради недостиг од железо е најчест тип анемија во детска возраст. Анемијата настаната поради недостиг од железо се нарекува хипохромна, затоа што црвените крвни зрнца - еритроцитите, се бледи, со помалку боја, бидејќи имаат помалку хемоглобин, кој им ја дава црвената боја.

Организмот на новороденчето содржи 0,5 г железо, а организмот на возрасен човек околу 5 г железо. Значи до пубертетот треба да се акумулира 4,5 г железо. Бидејќи се ресорбираат само 10 отсто од внесеното железо, дневните потреби од железо се 10 мг.

Здраво доенче, родено навреме, со нормална тежина, од здрава мајка има резервно железо, кое ги задоволува потребите до шестиот месец, кога почнува интензивна хематопоеза. Затоа е потребно четири до шест месеци да се консумира храна богата со железо. Кај недоносените деца, деца со мала родилна тежина, близнаци, деца од слабокрвни мајки, резервите на железо се мали, поради што е потребно многу порано , во 2-3 месец, да се внесува железо.

Превенцијата на анемија почнува во детска возраст

Идеална храна за доенчето е мајчиното млеко. Тоа содржи 0,1 отсто железо, з кравјото 0,05 отсто. Железото од мајчиното млеко подобро се ресорбира. Кравјото млеко во некои случаи може да предизвика и ситни ерозии на слузокожата на гастроинтестиналниот тракт, микрокрвавење и зголемување на ризикот за појава на анемијата.

Навремена дополнителна исхрана во првата година на животот (Во четвртиот, односно шестиот месец, хуманото млеко не може во целост да ги обезбеди енергетските потреби, потреби од железо, витамини и минерали на детето, заради што е потребно да се даваат немлечни производи, како што се овошни сокови, зеленчук, месо, јајце...)

Прехранбените продукти богати со железо се црниот дроб, леќата, месото, чоколадата, суви плодови, спанаќ, грашок, грав, риба, јајце... Треба да се напомене дека од вкупните количества железо што организмот ги внесува дневно , 85 отсто се т.н. "нехемиско железо", железо што потекнува од производи од растително потекло и од млечни производи. Преостанатото т.н. "хемиско железо", пак, потекнува од месото, џигерот (продукти од животинско потекло) и неговата ресорпција е два-три пати поголема од ресорпцијата на нехемиското железо.

Треба да се напомене дека постојат супстанции што ја подобруваат (поттикнуваат) апсорпцијата на железото. Тоа се: аскорбинска киселина (витамин Ц), цитратите и уште не дефинирани фактори во месото. Но исто така постојат и фактори што ја намалуваат апсорпцијата на железото (инхибитори на апсорпција): фосфати, фитиска киселина (која ја има во зрнеста храна), полифеноли (кои ги има во чај и некои растителни продукти), оксалатите, кафето.

Детската возраст се карактеризира со периоди на интензивен раст и развој, што е причина за лесно и брзо нарушување на рамнотежата помеѓу внесот и потребите од железо. Хипохромната анемија во Македонија е застапена со 27 отсто кај детската популација. Затоа се потребни едукација на оваа тема и промени во начинот на исхрана.




profesorica -> RE: слабокрвност (29.1.2010 10:54:12)

Лек за слабокрвните

Анемијата предизвикана од недостаток на железо често се јавува кај децата, тинејџерите, жените со интензивни менструални крвавења и кај старите луѓе.


На сите кои патат од анемија им се препорачува исхрана со продукти кои содржат железо, покрај препаратите со железо кои им ги препишал лекарот.

Врз апсорпцијата на железото од продуктите влијаат многу фактори. Колку организмот ќе го искористи овој елемент зависи, пред се од формата на железото во продуктите. Така, железото во производите од животинско потекло многу подобро се апсорбира, за разлика од она во зеленчукот.

Апсорпцијата на железо од билките се подобрува ако во истиот оброк тоа се комбинира со продукти богати со железо од животинско потекло. Но при овие комбинации треба внимание зашто постојат продукти кои ја подобруваат апсорбцијата, но и такви кои ја забавуваат или отежнуваат.

Продукти кои ја инхибираат ( отежнуваат ) апсорпцијата на железо од другите продукти се спанаќот, црното вино, кафето, чајот, блитвата, сојата и соините производи.

Продукти кои ја подобруваат апсорпцијата се цитрусите ( портокал, лимон, грејфрут ), јагоди, брокули, домати, сок од домати, компир, зелена и црвена пиперка и бело вино.

Внесувањето 100 милиграми витамин Ц со јадењето може 100 отсто да ја зголеми апсорпцијата на железо.

Доколку за време на оброкот или после оброкот испијте чај или кафе ја намалувате апсорпцијата на железо за 50 до 100 отсто.

[image]http://vesti.mt.net.mk/images/caj-kopriva.jpg[/image]
Коприва против малокрвност

Во пролет соберете млади коприви од чисти површини. Измиени сварете ги да омекнат. заради силниот вкус првата вода може да се истури, но со тоа се губат и дел од витамините.

Сварените коприви исечкајте ги, измешајте ги со кисела павлака и лажица црно брашно и варете на ниска температура, една до две минути.

Тргнете од оган и додадете малку морска сол, мелен бибер, мелено морско оревче и поголема количина исечкан лук.

Зачинете со малку путер или 2-3 лажици масло.

Покрај тоа што ја зајакнува крвта, овој "спанаќ" е и чист заради високиот процент на витамините А и Ц во копривата.







Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>