mamicki -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (4.10.2014 8:43:32)
|
Не трошете пари за скапи препарати против стрии. Секоја аптека подготвува крема против стрии, ефтина, а најефикасна е- проверено. Поентата е секојдневно, барем еднаш во денот, а ако имате повеќе време за себе и склоност кон стрии и двапати дневно да ја нанесете и убаво, без притискање на кожата да ја втриете додека се впие. Ова е за превенција, применувајте го од 4 месец на бременост па до пораѓај. А ако веќе сте направиле беља, стриите веќе се појавиле - упорно, секојдневно х 2 пати дневно, и тоа без разлика дали се стари, веќе бели, или пресни, розеви стрии, мачкајте ги со мевлемот против стрии кој го произведува Улмо, белградска мала фармацевтска куќа за природни препарати. Тој мевлем е чудо, зборувам од лично искуство. Употребувајте го упорно, барем 3 месеца и стриите ќе станат речиси невидливи. Сепак, превенцијата е најважна, ќе ви заштеди многу подоцнежни фрустрации ако бидете одговорни кон себе во текот на бременоста. Ние, додека очекуваме бебе, како да подзабораваме дека сме и жени, а жената секогаш, без оглед на возраста, сака да изгледа убаво. Значи- деца, меца, сопруг, семејство, дом, се тоа е вистинско богатство. Но темелот лежи во задоволството да се биде во своја кожа, а кај жените тоа чувство е тесно поврзано со задоволството од својот изглед. Грижата на една жена за себе , всушност е грижа за сите нив.
|
|
|
|