Melanija RR -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (16.10.2014 18:29:40)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful Инаку добро што ме потсети, баш мислев да прашам - кога обично се почнува со мачкање крем за стрии? Имате некој добар крем што може да го препорачате, или сеедно е? ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany Хоупфул, што порано се почне со мачкањето, тоа подобро. Некои викаат немало врска мачкањето, некои се мачкале, па пак им кожата испукала, ама јас лично мислам дека кожата треба да биде хидрирана, и само кога е сува, при растегнувањето пука. Не е гаранција, ама ете јас се мачкав многу редовно, па сакам пак да продолжам со тоа. Јас се мачкав во почетокот со павловиќева, значи некоја мрсна крема, може да додадеш и АД капки во неа, јас лично не сум, ме мрзи, а потоа се мачкав со маслото на Хипп за бремени жени, мислам некаде е околу 300 и нешто денари. Моето мислење е дека не треба да се даваат пари за скапи демек наменски креми против појава на стрии, бидејќи сите креми имаат иста функција, да ја држат кожата хидрирана, што исто можеш да постигнеш со павловиќева пример. Сепак тоа е само моето мислење. Јас размислувам и за опција кокосово масло, не знам како тоа би влијаело, дали би и помагало на кожата да се одржи растегливоста. Логички мислам да, ем е и природно, ама треба да се проба. ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful Фала ти, Bethany. Слушам се некои скапи креми и лосиони за стрии, а стварно не гледам поента - како да којзнае што имаат тие скапите... плус, тоа дали ќе се појават стрии или не зависи и од самата кожа - јас веќе имам на грбот од нагло извишување како дете. Кокосово масло ти е добра идеја, баш имам дома и ќе пробам [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|