Еца -> RE: Бурми (17.6.2009 8:44:58)
|
Бурмите, односно венчалните прстени симболизираат вечност на брачната заедница, круг без прекин.Во старите времиња, венчалните прстени не симболизирале само љубов, туку исто така биле поврзани со способноста да се ,,заработуваат пари,,. Според молитвената книга на Едвард ВИ после зборовите ,,со овој прстен те венчавам,, следеле зборовите ,,ова сребро и злато ти го давам,,. Додека ги искажувал овие зборови младоженецот требало на невестата да и врачи одредена сума на златни и сребрени монети. Денеска во некои земји во церемонијата на прстенувањето се вклучуваат и мали деца, блиски роднини на зетот или невестата, кои асистираат во церемонијалното разменување на прстените чувајќи ги на специјално изработено перниче. Традицијата, иако се уште опстојува, некои ја менуваат со авангардни идеи, како што е случајот со музичката звезда Бијонси и раперот Џеј Зи кои склучувајќи го брачниот завет на мала приватна церемонија во Париз наместо венчални прстени си размениле тетоважи со нивните иницијали.
|
|
|
|