baby_bump -> RE: Инсеминација (21.10.2010 16:58:42)
|
Тие што сакаат да останат бремени со висок пролактин, треба да пијат лекарства за симнување на вредноста на пролактинот. Не е точно дека бромергонот е за тие што сакаат да останат бремени, а достинексот не. Бромергонот е многу тежок за поднесување, тоа ќе ти го каже секој кој го примал овој лек. Друга разлика меѓу овие 2 лека е тоа што во светот и кај нас, има искуства за примање на бромергон за време на бременост, кога постои потреба да се прима бромергонот (како на пример тумори на хипофизата кои можат енормно да пораснат за време на бременоста и да направат проблем на бремената жена), додека достинексот е направен на природна база, се поднесува мноогу полесно. Јас останав бремена а пиев достинекс скоро 3 и пол години. Во моментот кога ми закасни мензисот, кога гинекологот ми потврди дека сум бремена, веднаш по препорака на мојот ендокринолог престанав со достинексот.
|
|
|
|