profesorica -> RE: Инсеминација (28.11.2009 12:10:08)
|
Обработка на семето за инсеминација SWIM - UP ( ИСПЛИВУВАЊЕ ) Одредениот волумен од примерокот на семето (кој се одредува врз основа на вкупниот волумен и бројот на покретни сперматозоиди )се става во епрувета.Потоа следува два пати испирање на семето со помош на медиум за испирање со цел за отстрануање на семенската течност .Во текот на испирањето се користи и центрифуга 2 пати по 10 мин. со што се отстранува горниот слој (што содржи семена течност и други честички кои не се дефинирана како сперматозоиди ),а талогот и понатаму се обработува. Над талогот се додава Sperm wash medium кој содржи албумини заради подобрување на кинетичката вредност ,со што се остава во инкубатор на 37*С , каде што останува од 30 - 60 мин. заради подобра капитација. Во тоа време покретните сперматозоиди испливуваат на површина ,додека непокретните остануваат во талогот. Со стерилна пипета се одвојува од слојот во кој има исклучиво покретни сперматозоиди ,бидејки така обработената сперма дава поуспешен и повисок степен на фертилизација. MESA , TESA I PESA Тоа се методи на микроаспирација на сперматозоиди ( или предстадиум ) од горниот епидидимус или тестиси. Тоа се уролошки микрохируршки методи на аспирација. Ги изведува искусен уролог, кај азооспермија, најчесто опструктивна. Добиените сперматозоиди можат да се замрзнат и потхрануваат. PESA се почесто се изведува во гинекологијата. Со оваа метода перкутано (без отворање на тестисите ) низ кожата на скротумот се аспирираат сперматозоиди. Овие методи се комбинираат и синхронизираат со IVF постапката. Добиените сперматозоиди со ICSI метода се микроинекцираат во јајце клетките.Успешноста е иста како и кај ICSI - IVF методите. Минималната дозволена успешност е исто така 10 % по ЕТ. За успешност на овие методи важен е и хормонскиот статус на мажот. Високата вредност на FSH ги намалува шансите на успех.Сперматозоидите од ткивото на тестисите може да се замрзнат и се одмрзнат кога жената е припремена за постапка.
|
|
|
|