vezilka RR -> RE: Инсеминација (23.6.2010 9:39:34)
|
Ах, mareto, тоа дека ако се направат повеќе инсеменасии во текот на овулативниот период во текот на месецот, шансите се поголеми, тоа е точно, но, ова дека колку повеќе болела инсеменацијата толку поголеми се шансите, искрео, прв пат слушам. Значи болки може да се јават од стимулативната терапија која се прима пред инсеменацијата, отеченост, болки во градите, поспаност, тапи болки во стомакот, односно јајниците, и болки може да се јават таму некаде после инсеменацијата и тоа болки исто како пред добивање. И пак ќе ти кажам исто е чувството во таа рана фаза на бременост како пред добивање. Верувај ми јас пред да останам бремена, цела година предходно секој месец бев 100% сигурна дека сум трудна заради симптомите и ништо, разочарување..толку пати го пројдов тоа што последниот пат мислев ќе биде исто како и предходните, воопшто не осетив нешто различно за да можам да ти посочам дека е, по ова ќе познаеш дека си бремена..Јас првите пати многу се оптеретував во тој период на чекање, и колку повеќе се оптеретував, толку поголемо ми беше разочарувањето кога ќе добиев. Затоа опушти се, уживкај, окупирај се сонешто друго, земи си некоја книга, филмче..така побрзо ќе ти пројде периодот на чекање. Ајде ние сме со тебе и навиваме за [sm=rozacrtici.gif]
|
|
|
|