Emilij@ -> RE: Инсеминација (11.7.2012 23:56:30)
|
капина мила сите информации за потребна документација за ивф преку Фонд можеш да ги најдеш на страната на фондот еве ЛИНК инаку и јас правев инсеминација кај Трајковски на 28 јуни, се уште чекам да не добијам, утре ми е 15 ти ден од инсеминација, па ке правам тест, иако уште по обработката, бидејки имавме 3 мил/мл ни рекоа да не се надеваме премногу. ова ми е втора инсеминација, првата ја правев во Систина кај Поповиќ, по обработка имавме 4 мил/мл, секако не успешна. поднесовме документи за ивф преку фондот, не вратија да направиме уште две инсеминации. се надевам дека и кај мене на отпусното писмо ќе има препорака за ивф да не правам инсеминации напразно. мој совет - сите испитувања да си ги направите со плаво картонче, да не фрлате пари за џабе. ти посакувам што побрзо да си го добиете ваучерот и да продолжите со битката, а на сите останати што побрзо очекуваните [sm=modricrtici.gif]
|
|
|
|