mami2 -> RE: Испитувања во бременоста (18.10.2010 19:01:05)
|
Стела, првата недела од седми месец, незнам која недела беше тоа?? Ми ги откри на ехо лакуните, а на трансфузиологија се покажаа покачени Димери и тромбоцити. Лакуните се крварења на постелката, мене ми беа од страната према плодот, а не према ѕидот на матката, немав никакви надворешни симптоми, крварења и сл. Со самото тоа што плацентата го храни плодот, носи О2, тука рекоа дека е проблемот, во дотокот на крв за бебето. Поминаа со Клексаните, примив и за зреење на белите дробови на бебето, во случај на предвремено породување, но се породив во термин и немаше никакво влијание на големината на плодот
|
|
|
|