baby_bump -> RE: Испитувања во бременоста (2.9.2010 12:01:57)
|
Точно како што кажа Мамичка32, зависи од докторот, мојата матична ми рече дека треба да ги испитам, друг доктор рече само ако има крварење во постелката, што може да се види на ехо. Вчера бев на преглед и додека чекав ред со една друга трудница си правиме муабет и таа ме прашува зошто и дале во 28 недела инекција Рогам, кога таа е со негативен RH, сопругот исто така негативен и сите Кумст тестови и биле негативни. (Зошто воопшто и ја праќале да прави тестови, не знам). Се чудам и велам стварно ова со различните третмани од страна на различни доктори не ми е јасно, кога, влегувам јас на преглед, 31 недела сум јас сум со негативен RH фактор, сопругот позитивен и сите Кумст тестови ми се негативни вклучително и тој во 28 недела, и докторката ми вели малку закаснавме (бидејќи јас сум веќе 31 недела а таа веќе еден месец е на одмор) но и ти треба да се спремаш да ја примиш инекцијата Рогам, ако сакаш на приватно 3000 денари, ако сакаш со упат за болничко лекување 600 денари, но ќе треба да лежиш еден ден во болница. Наводно, по новите истражувања секоја жена што е негативна без оглед дали партнерот е позитивен или не, во 28 недела мора да ја прими инекцијата. Се јавувам кај друг доктор за консултација и тој ми вели ако во 28 недела Кумст тестот е негативен, нема потреба да ја примам инекцијата. И сега? Кого да слушам? Дали вие сте чуле за ваква пракса кај нас? Стварно се е збркано кај нашите гинеколози.
|
|
|
|