Nespretna -> RE: Испитувања во бременоста (29.6.2012 16:23:05)
|
Женски, ве молам за мислење... Бремена сум 14-15 недела, и уште пред да дознаам дека сум бремена бев на контрола за брисеви и ми беше најдена стрептокока гр.Б. Од она што го најдов на интернет пишува дека тоа не е сексуално преносливо, а докторот ми даде антибиотици за мене и мм, а јас нормално, не ги испив, бидејќи се сомневав на бременост, што излезе дека е точно. Втор пат кога бев кај друга докторка, ми вика, не се секирај, не е ништо страшно, не може да се пренесе на бебето, само, пред пораѓајот ќе ти пуштат антибиотик, и готово. Оти тие испитувања се прават во 36. недела, а ти сосема случајо си проверила и знаеш, инаку не би знаела се до 36. недела. Трет пат, кај треба докторка, трето мислење. Ми вика, што сум чекала толку многу, па требало стрептококата да се третира со антибиотик, можело да дојде до губење на бебето.. бла-бла... ме испоплаши. Кажете ми, вие кога проверувате брисеви, и дали сте слушнале за стрептокока во рана бременост?
|
|
|
|