Melanija RR -> RE: Испитувања во бременоста (21.5.2014 13:42:57)
|
MMM27 ова го најдов на форумов ============================= 31.1.2010 11:42:42 ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz Дали некој правел TORCH испитувања јас вчера ги правев утре треба да бидат готови ррезултатите ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz Toxoplasmosis / Toxoplasma gondii 2 – Other infections (see below) 3. Rubella 4. – Cytomegalovirus 5. – Herpes simplex virus Jas kako sto razbrav ova se bolesti od detstvoto se pravi da se vidi dali sme gi prelezale ili ne ============================== Ова го најдов на нет СКРИНИГ ЗА TORCH ИНФЕКЦИИ Дефиниција TORCH е кратенка за посебна група на инфекции, кои може да ги добие жената во текот на бременоста, или пак непосредно пред тоа. TORCH се однесува на следниве инфекции: Токсоплазмоза Други инфекции, воглавно хепатит Б, сифилис и херпес зостер (се однесува на вирусот кој предизвикува варичела, односно овча сипаница) Рубеола Цитомегаловирус (CMV) Херпес симплекс вирус, причинителот на генитален херпес Децата, мажите и жените кои не се трудни, можат исто да се заразат со овие инфекции. Сепак, TORCH инфекциите се особено важни кај трудниците, бидејќи можат да се пренесат на нероденото бебе во матката. Доколку мајката е изложена на било која од овие инфекции во текот на првите 5 месеци од бременоста, може да дојде до сериозни компликации кај бебето. Тука спаѓаат: Спонтан абортус Вродени срцеви заболувања или дефекти Катаракта, или замаглување на очната леќа Слепило, или значително пореметување на видот Мала големина на главата, наречена микроцефалија Ментална ретардација или други проблеми со учењето, однесувањето или емоциите Анемиа, или слабокрвност Зголемување на црниот дроб или слезенката Пнеумониа, односно воспаление на белите дробови Кај кого треба да се направи овој тест? Секоја трудна жена која мисли дека можеби била изложена на токсоплазмоза, хепатит Б, сифилис, херпес симплекс, овчи сипаници, рубеола, или цитомегаловирус, е кандидат за скрининг и треба да му се обрати веднаш на нејзиниот гинеколог за совет. Како се изведува тестот? Мало количество на крв земена од вена се испраќа на лабораториско тестирање. Тестос се состои од одредување на титар на антитела кон било која од сомнителните инфекции. Извор:Ремедика.ком.мк
|
|
|
|