lolla RR -> RE: Испитувања во бременоста (12.8.2014 9:58:10)
|
Ти благодарам меланија за одговорот и појаснувањето. Јас бев да направам крвна слика во петкот во Авицена и излезе уредна, сите вредности на крв и урина беа ок. Испитав и ТСХ и во Авицена ми покажа 4,89 и се испаничив. На препорака на матичната отидов право во Атик кор и таму повторно ми испитаа ТСХ и Т4 и ТСх беше 3 кое е на горна граница според некои препораки за бремени жени. Ми направија и ехо и тоа и двајцата доктори кои беа таму (целиот персонал беше прељубезен и ми посветија 2 часа внимание) и тироидата е нормална без зголемување и променета структура. Вредноста на фТ4 е во горниот дел, не е ниска, што укажува дека има тироксин, ако била ниска не било добро. И така беше моето патешествие во петокот, веќе никогаш нема да испитам ништо на своја рака. Матичната уште ми препорача да направам во трета лабораторија да бидам сигурна, па ми даде приоритетен упат за на ендокринологија но мислам дека нема да одам, ама не се знае, може ке ми светне и тоа. Следната недела здравје ако не од гинеколог ке побарам во идадија да проверам, таму имаат и реф вредности за бременост (Тсх да е до 3,5) па ке видиме што ке излезе. Надворешни показатели за нарушена жлезда немам и решив да го слушам советот од едниот од Атик кор да с еопуштам, да проверам за некоја недела и да не се мислам. Стариот доктор во Атик кор сметаше да си почнам со најниска терапија од 25 мг еутирокс, но и димитров рече да проверам за две недели па да разговараме пак. Од она што разбрав, до 12 недела плодот има потребА од фТ4 а потоа од ТСХ. И да напоменам лани ТСХ ми беше 3,5, а Т4 ок не многу ниско.
|
|
|
|