Viktori -> RE: Дали плачете пред дрги луѓе? (14.3.2010 12:21:38)
|
Зависи за што. Ако нешто жално се случило ми доаѓаат солзи на очи. Инаку не. Гледам да останам на нозе. Во различни ситуации различно реагирам, ама не ми се случува да се расплачам. Порано некогаш по разни ситуации во животот, ми се случувало да плачам навечер, кога сум сама и слично, ама сега некако отрпната сум. Најверојатно спаѓам во повоздржани или ладни. А и со тек на времето различно реагираме, животот не менува, па некако глупаво ми е сега да седнам и да плачам :) Некако плачењето, ако е заради некој проблем на пример, ми претставува показател на немоќ, а тоа не можам да го поднесам. Сакам и гледам секогаш да сум над ситуацијата. Нормално ако е во моја моќ.
|
|
|
|