Bethany -> RE: Дали плачете пред други луѓе? (12.6.2013 19:47:24)
|
Зависи пред кого, ако ми е некој близок, да, си дозволувам, а овака пред непознати не. Е последно се сеќавам дека заплакав на јавно место кога бев бремена, со стомакот до заби, во сред лето, и во матично ме мафтаа лево - десно по неколку поради некои документи, а се поради нивна грешка и неажурноста. Кога пак ми кажаа дека нешто не е во ред, мислам од очај седнав на столче во канцеларијата и почнав да плачем - од мака [sm=hudicek1.gif] плус труднички хормони и околности и ете. После ми викаат, ааа не плачи, не го нервирај бебето [sm=hudicek1.gif]
|
|
|
|