Вонматерична (ектопична) бременост (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Палешка РР -> Вонматерична (ектопична) бременост (17.6.2009 7:46:21)

Вонматеричната бременост подразбира развој на оплодената јајце-клетка надвор од материцата, најчесто во јајцеводите, поретко во долниот дел на стомакот и јајниците.

Дали некоја од вас се соочила со ваков проблем?




stefi -> RE: Вонматерична бременост (1.7.2009 23:13:34)

Jas imav vanmatericna bremenost i pred dve nedeli mi go ostranija plodot so laparoskopija.Sreka sto na vreme otidov vo bolnica inaku ke zavrsev kobno.Se se sluci nenadejno i bez da znam deka sum bremena otidov vo bolnica radi toa sto mi se losese a ispadna deka mora podhitno operacija.Bremenosta bese na samiot jajnik i ne mi ostranija nisto za sreka a pred operacija predpostavuvaa deka e vo jajovodot i planiraa da go secat toj del ama za sreka ne mi izvadija nisto osven oplodenata jajce kletka.Sega cekam da mi se stabiliziraat hormonite da spadnat na nula pa da vidam kakvi ispituvanja treba da pocnam da pravam bidejki ova mi bese treta neuspesna bremenost.




mami -> RE: Вонматерична бременост (1.7.2009 23:26:23)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] стефи...се ке се среди..ке видиш, ке се смират хормоните и следниот пат ке не израдуваш дека тестот бил позитивен...




Еца -> RE: Вонматерична бременост (1.7.2009 23:53:43)

[image]http://www.cosgan.de/images/midi/engel/g020.gif[/image]Стефи, навистина ми е жал што поминуваш низ вакви работи, но она што нема да те убие ќе те ојача.Затоа мила и покрај се мораш да се бориш, да се надеваме дека еден ден сите заедно тука на рингераја ќе се радуваме на твојата бременост и доаѓањето на твоето мало сонце [image]http://www.cosgan.de/images/smilie/engel/n015.gif[/image] 




stefi -> RE: Вонматерична бременост (2.7.2009 20:30:15)

Fala za ubavite zborovi,kaj mene testot e sekogas pozitiven no podocna se pojavuvaat problemite.No sepak posle se pominato se nadevam pak na uspeh i deka ke dobijam i jas eden den edno[sm=duda.gif]Sega cekam odgovor od prijateli vo ceska tamu ke odam na ispituvanje bidejki ovde vo germanija nekako nemam doverba veke vo lekaite,pa ke vidime sto ke se sluci.




mother 29 -> RE: Вонматерична бременост (18.11.2009 13:02:53)

 
Лапароскопски третман на вонматерична бременост

Иако денес при лекувањето на вонматеричната бременост некогаш се претпочита третманот со метотрексат (цитостатик), а во редок број случаи и класичниот оперативен метод, од повеќе причини предност би требало да им се даде на оперативните лапароскопски зафати. Лекувањето со метотрексат понекогаш е со неизвесен исход, додека, пак, што се однесува до класичниот оперативен метод, иако пациентите некогаш сметаат поинаку, нејзината ефикасност не е поголема од лапароскопската, а заздравувањето трае подолго.

Светските искуства покажуваат дека нема место за стравување и се поголем број лекари се решаваат за лапароскопски третман. Всушност, во големите медицински центри во светот последните 10-15 години лекувањето на вонматеричната бременост се извршува исклучиво со лапароскопскиот метод, поради тоа што времето на заздравување е многу пократко, а шансите пациентката потоа да забремени се многу поголеми отколку по класичниот оперативен метод.

Во основа со лапароскопски третман може да се лекуваат сите видови вонматерична бременост, освен при шокови состојби, во случаи кога пациентката има значително зголемена телесна тежина, во случаи кога постои прилепување на внатрешните органи како резултат на претходни оперативни зафати во малата карлица или кога станува збор за интерстицијална вонматерична бременост (присуство на зачетокот во најтесниот дел од јајцеводот).

При лекувањето на вонматеричната бременост со лапароскопски зафат постојат две можности: салпингектомија (отстранување на јајцеводот) и салпинготомија (отстранување на вонматеричната бременост низ мал отвор на јајцеводот). Одлуката дали ќе се избере едниот или другиот вид оперативен третман во голема мера зависи од изгледите пациентката да забремени по третманот.

Салпинготомијата, или конзервативниот лапароскопски третман, се изведува така што по внимателниот лапароскопски преглед на јајцеводот се прави надолжен рез на ѕидот на јајцеводот на местото со најголема надуеност, по што зачетокот од јајцеводот се отстранува со вшмукување или со вреќичка (ендобег).

Салпингектомијата, или радикалниот лапароскопски третман се изведува во случај на руптурирана (прсната) вонматерична бременост или континуирано крвавење, кога главната цел не е да се зачува репродуктивната способност на пациентката, туку да се зачува нејзиното здравје и животот. Таа најчесто се изведува со биполарна коагулација.

Лапароскопските третмани може да се користат во 98 отсто од случаите на вонматерична бременост и дава можност за третман на напредната вонматерична бременост.

Компликациите кај овие методи, особено во текот на операцијата се многу ретки, и веројатноста за нивна појава зависи пред се од техничката опременост и вештината на операторот.

Статистиката покажува дека при салпингектомијата стапката на неуспех изнесува околу шест отсто, додека, да дадеме споредба, при третман со метотрексат стапката на неуспех се искачува меѓу 10 до 15 отсто.

Опасноста од компликации или неуспех по салпингектомија зависи од повеќе работи. Главна причина за неуспех на зафатот може да биде некомплетното отстранувањето на јајцеводот. Можноста за неуспех е поголема и кога вонматеричната бременост била во поодмината фаза и титарот на бХЦГ бил повисок. Овие компликации се избегнуваат со контрола на титарот на бХЦГ една недела по извршената операција.

По лапароскопските третмани на вонматеричната бременост изгледите за плодност и бременост се различни. Дали пациентката потоа ќе може да забремени зависи пред се од нејзината медицинска историја: дали и порано се јавила вонматерична бременост, дали имало воспаленија на јајцеводот, дали јајцеводот бил обтуриран или морфолошки изменет, како и дали има прилепување на органите во малата карлица. Во секој случај, самата појава на вонматерична бременост предупредува дека постојат патолошки промени во тубата, кои и самите по себе би можеле да бидат причини за неплодност.

ИЗВОР.ДНЕВНИК




Еца -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (4.1.2010 0:06:25)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Лејди

Дознајте што е ектопична бременост

Ектопија претставува ситуација кога оплодената јајце-клетка не се укотвува во утерусот и почнува да се развива било каде во репродуктивниот систем: јајниците, цервиксот или абдоменот. Ова е сериозна состојба која бара лекарска дијагноза и третман. Ризичните фактори кои можат да доведат до појавување на оваа состојба се следните:

1.Ендометроза (воспаление на матката)
2.Карлична инфекција
3.Пушење цигари
4.Возраст над 35 години
5.Проблеми со стерилност
6.Воспаление на јајцеводите
7.Претходна ектопична бременост
 [image]http://interesno.com.mk/images/stories/2009/mart/07/997206646316.ectopic.jpg[/image]   [image]http://interesno.com.mk/images/stories/2009/mart/07/pregnancy_ectopic.jpg[/image]



ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

боже ова колку е страшно...отсекогаш сум  си викала- што ако се заглави некадепо пат..што тогаш? уууу да не даде Господ ваква работа на никој


ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Ектопичната бременост секогаш е суспектна кај жени во фертилен период, кога постојат болки во долниот дел од абдоменот и/или абнормално крварење од утерусот, при постоење можност за забременување (независно од користениот метод на контрацепција).  
- Највисока инциденца е кај жени од 25 до 34-годишна возраст.
- Во осумдесеттите години од 19. век регистрирано е зголемување на инциденцата на ектопичен гравидитет во западните земји и, притоа, постои голема асоцијација со пелвична инфламаторна болест и инфертилитет; користење на методите за контрола на раѓање по Втората светска војна; зголемена употреба на интраутерини влошки (IUD); сигурна дијагностика и зголемена употреба на методите за третман на инфертилитетот.  
Најголем дел (98%) се јавуваат во јајцеводот. Многу ретко се јавуваат како абдоминална, оваријална и цервикална бременост.  
Фактори на ризик

- Претходна пелвична инфламаторна болест;
- Претходни операции на јајцеводот;
- Претходна ектопична бременост;
- Употреба на бакарни интраутерини влошки, ова не се однесува на хормонски интраутерини влошки
- Анамнеза за инфертилитет, третман на инфертилитет (пр.: ИВФ);
- Ендометриоза;
- Аномалии.  
Компликации

Гравидната маса која е виабилна (активна) и која расте (најмногу до 10-тата г.н.) може да руптурира доведувајќи до животно загрозувачко крварење во абдоминалната празнина. Постоење на т.н. перзистентна ектопична бременост, која започнува да расте по третманот.  
Симптоми

Абнормално крвавење (во различна количина) и/или болки во долниот дел на абдоменот. Не е неопходно пациентката да има јасна аменореа (пр.: кај пациентки со интраутерини влошки). Доколку ектопичната гравидна маса руптурира и предизвика крварење во абдоминалната празнина, се јавува губење на свеста (колапс), често дома или на работното место. Во потешки случаи се јавува болка во рамото.  
Дијагноза

Во случај на крварење и болка кај жена во репродуктивен период, прво да се провери дали жената е бремена:
- Се препорачува да се користи серум за одредување на beta HCG (тест на бременост) .
- Најсензитивните тестови се тие што детектираат присуство на beta HCG веќе од 10 до 20 mIU/ml.
- Уринарниот тест на бременост е помалку осетлив: позитивниот резултат има значење, но негативниот со сигурност не ја елиминира ектопичната бременост.


ИЗВОРНА ПОРАКА: ananikol

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

боже ова колку е страшно...отсекогаш сум  си викала- што ако се заглави некадепо пат..што тогаш? уууу да не даде Господ ваква работа на никој







lore -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (4.1.2010 20:11:58)

Pred eden mesec kaj mene e utvdena vonmaterica bremenost  nemase krvarenje samo bolka vo leviot jajnik  beta gh mi bese mnogu nizok no sepak kazuvase deka ima bremenost posle dva dena kasnenje beta gh bese tri pati povisok mi dadoa  tri inekcii metraksat ,posle deset dena od prvta inekcija prokrvavev  samo eden den a bolkite prodolzija. So netrpenije cekam da odam na kontrola da vidam sto se slucuva .Ako nekoj  znae da mi kaze sto ponatamu kakvi ispituvanje treba da napravam posle kolku vreme mozam da zabremenam  .

P.S IMA RODENO PRED 6GODINI  I PRED DA MI SE SLUCI OVA PIEV HORMONSKA TRAPIJA  IMAV POVISEN PROLAKTIN.
VE MOLAM AKO NEKOJ ZNE NEKA PISE  NESTO POZDRAV I SREKNI NOVOGODISNI I BOZIKNI PRAZNICI




sandrin -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (25.3.2010 17:20:32)

do site vas mnogu poiskusni od mene... imam edno prasanje, t.e edna vakva situacija...
na 17 ovoj mesec go dobiv prviot[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/modricrtici.gif[/image] test (toj den vake mi kanese 17 dena) i normalno otidov na lekar, koga tamu doktorot veli ili e rana bremenost ili nedaj boze, vonmatericna...seuste nisto ne se gleda. mene normalno kako grom da me udri i posle edna neprospiena nok otidov da pobaram drugo mislenje... noviot doktor mi napravi novi testovi vo krv kade bhcg bese okolu 350, a po dva dena se pokaci na 600... nemam nikakvo losenje niti vrtoglavici:), samo bolni gradi(koi za cudo pocnuvaat pomalku da bolat!) , pospanost i cesti poseti na toaletot:)... nemam bolki,nitu krvarenje, no tek sega nisto ne znam...ne znam koja nedela sum, ne znam dali e vo red ili ne... doma imam dopolnitelni problemi od mm koj ne dozvoluva da se grizam, a jas ne znam kako mazive ne mozat da razberat deka e nevozmozno da ne se grizis... imal li nekoj slicno iskustvo so dve razlicni mislenja od dvajca doktori?!




Палешка РР -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (25.3.2010 18:17:13)

Ако ти доцни седумнаесет дена значи си бремена 3-4 недели. Почекај сандрин уште седум дена и добро ти вели маж ти, не се секирај, можеби не е вонматерична туку рана бременост [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] 




sandrin -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (25.3.2010 18:18:57)

hahaha sekade so istiot problem ova e dokaz deka kade i da odis toa sto si nosis so tebe si e...od problemite ne se bega:)))





Maca25 -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (25.3.2010 22:30:27)

samo bolni gradi(koi za cudo pocnuvaat pomalku da bolat!) , pospanost i cesti poseti na toaletot:)... nemam bolki,nitu krvarenje, no tek sega nisto ne znam...



сандрин, истите симптоми ги имав и јас кога останав трудна.
Еден месец пред да останам бремена, ми доцнеше, направив тест, беше позитивен и мојата докторка ми го рече истото - или е плдот многу мал или се работи за вонматерична бременост. Се скршив од плачење. Но не било тоа. Следниот месец веќе бев бремена.




srcushka -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (1.9.2010 1:11:42)

koga mislev deka sum najsrekna togas zivotot mi kaza kolku e nepredvidliv[sm=smiley19.gif so prvoto dete lecev serilitet dve godini a bremenosta dojde kako dar od boga mu blagodaram !Otsekogash bev so neredovni ciklusi i policisticni jajnici pa zgora na toa i so slabo proodni kanali Mojata bremenos gi iznenadi i lekarite minav prekrasni devet meseci i rodiv zdravo devojce MOJATA PRINCEZA jas srekna tato najsreken[sm=bravo.gif]po dve godini reshivme da se lecime povtorno od sterilitet pocna hormonalen status hormoni strashni mi veli so ovoj naod nemas ovulacija mene mi docni 10 dena Testot pokaza[sm=rozacrtici.gif]a bremenos na eho nema so 312 bhg bev primena naq klinika abremenosta vo leviot ovarium ja reshija so inekcii metatraxat vo glavata mi beshe haos i uste ne mozam da svatam kakosesluci so takvi hormoni?nasata kerkicka sega bara sestricka a mama i tatogi krijat pogledite i[sm=smiley19.gif]Pak sme na pocetokot toa e makotrpno ne se otkazuvameslednoto e laparaskopija na kanali.




Anonimen -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (20.10.2012 20:55:59)

Devojki a koi se prvite znaci na vonmatericna bremenost?Mene mi docni 9 dena testot pozitiven a na exo nisto ne se gleda. Dok mi vika izgleda e vonmatericna a jas ne veruvam bidejki nemam krvarenje samo mali povremeni bolki vo jajnicite. Vo vtornik treba da ispitam hcg a do togas poluduvam od grizi[sm=smiley19.gif]




Melanija RR -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (20.10.2012 21:05:07)

Анонимен а зошто да чекаш до вторник ако постои таква можност?
А и како ќе издржиш?Се надевам не е вонматерична но оди на приватно ако си во можност и види преку крв или оди кај друг гин . со современа апаратура.
Со среќа




Maca25 -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (20.10.2012 21:37:17)

Дали се нормални докториве? Ти вика изгледа е вонматерична бременост и не те праќа ОДМА на детални испитувања. Ако тој не може да каже точно што е, одма треба, не МОРА да те прати кај некој кој има посовремена апаратура за да види за што се работи.
Јас имам низ истово поминато, тест позитивен, ми каснеше една недела, истиот ден на ехо одам, ми вика докторкава - а ништо не се гледа, изгледа е вонматерична бременост. Јас цела во прашалници, не знам дали да плачам, каде да одам и што следно треба да направам, ми рече да почекам неколку дена, да не се видело сл. нешто а јас за 2 дена добив. Не ни имало бременост кај мене.
Не чекај, одма оди и провери hcg.




emi1 -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (11.12.2012 23:44:49)

[sm=zmeden.gif] pozdrav dami imam 33 g makja na edno 16 dete.Pred 2 god se resivme da odime na vtoro dete posle 7 meseci zabremeniv gi imav site mozni simptomi na bremenost arno ama mojot maticen ginikolog nikako ne mozese da go vidi plodot skoro celi 2 meseci me prati vo plodnost si plativ na privatno se ustanovi deka sum vonmatericno me opriraa itno mija otstranika i tubata,zasto bese golem plodot.posle 4 meseci mi napravija konizacija imav cin 2 rezultatite posle konizacijata bea ok.ete sega pomina veke 1 god od koga ja imav vonmatericnata bremenost i nemozam da zabremenat dali mozebi nekoja devojka od vas moze da mi odgovori dali mozno e ako zabremenam pak nedaj boze da se povtori ovaa nesakana bremenost ili ako znaete kolku moze da deluva taa na slednata bremenost ts dali e mozno da e taa pricinata sto ne mozam da zabremenam baram sovet od vas bidejki ginikologot moj ima privatna bolnica vo bitola plodnosr i najlesno mue da kaze invitro pozzd do site[sm=zmeden.gif]




dudi -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (18.9.2013 14:24:51)

zdravo na site jas sum nova na forumot.pred dva meseci mi bese otkriena vanmatericna bremenost po dva dena mi dadoa tri inekcii metraksat i terapijata bese uspesna se dodeka ne utvrdija deka imam vnatresno krvarenje,vednas me primija na odelenie i me operiraa za da go otstranat krvarenjeto no za zal mi bese otstraneta desnata tuba kade sto bese zastanat plodot.operacijata bese uspesna no sega imam mal problem i strav pominaa 20 dena od operacijata no jas imam bolki pri sednuvanje i stanuvanje vo zadniot del na zadnikot pa strav mi e da ne e nesto iskomplicirano posle operacija ili tie se normalni bolki [sm=zmeden.gif]




Felly RR -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (24.7.2014 17:29:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: tantela

Незнам кај да пишам немозам да најдам тема за вонматерична бременост денес бев на ехо 5недела сум меѓутоа докторот неможеше на ја види точката подолго време гледаше ама ништо и затоа посумња на вонматерична бр. другата недела треба да идам пак со полна бешика и тогаш ако не види ништо у државна на вагинално ехо.Ептен се разочарав и дај боже тоа мало бебуле да се покаже во вторник......Има ли некој искусто со ваква ситуација





Melanija RR -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (24.7.2014 22:09:44)

tantela колку што разбрав те гледал со абдоменално ехо и на испразнета бешика???Ако е така не е чудно што невидел до 12 недела се гледа на сонда.Верувам дека се е во ред но ете таман тогаш точката ќе биде малку поголема [sm=smiley1.gif]




tantela -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (24.7.2014 23:01:50)

да да така Меланија не ни требаше да идам кај матичниот и онака имаат апаратура од правреме ама ете кога немаш избор во моментот...со првото одма отидов на вагинално приватно и си се гледаше уште во 4недела..ме извади од памет а ни он не е сигурен што е[sm=smiley13.gif]




tantela -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (26.7.2014 9:37:21)

Да кажам само дека не е вонматерично отидов вчера на приватен гинеколог неможев до вторник да чекам алал да му е на докторот пресреќна сум позз до сите




AnnaMolly RR -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (26.7.2014 10:18:36)

БРАВООО тантела, многу ми е мило! Сега можеш слободно да дишеш!




Melanija RR -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (26.7.2014 14:08:55)

tantela значи излезе дека е ок [sm=bravo.gif]знаев [sm=bravo.gif]со лесно [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (26.7.2014 17:47:48)

Одлични вести Тантела. Уживај сега [sm=9nebesa.gif][sm=9nebesa.gif][sm=9nebesa.gif]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>