Sunflower94 -> RE: Вонматерична (ектопична) бременост (2.10.2017 2:16:47)
|
Здраво девојки ќе ве замолам за помош бидејќи гледам дека има поискусни што веќе поминале низ ова. Се сомневав во бременост бидејќи имав односи баш во плодните денови, правев неколку теста преку урина сите беа негативни, иако чувстував одредени симптоми и имав болка во левиот јајник и долниот дел од грбот што досега и пред добивање сум ги немала. Затоа и ми беше сомително. На денот кога требаше да добијам добив и мислев дека тоа ми е нормалната менструација, но беше оскудна односно по една влошка дневно и тоа имав како згрутчени парчиња крв. Се исплашив и отидов 3тиот ден да направам бета хцг тест и покажа левел на хормонот 1, што значи помислив на биохемиска. Но од тогаш поминаа 3 недели и јас сеуште имам болка во левата долна страна на грбот. Значи не во јајниците туку претежно во грбот, особено при движење. Што мислите можно ли да е вонматерична закажав на гинеколог за некој ден но ќе полудам од грижа, не знам дали автосугестивно и рамото како да ме боли а голема болка немам во јајниците речиси никаква, единствено грбот долниот дел при движење. Хцг 1 дали е сепак можна вонматерична? Многу се плашам. Фала
|
|
|
|