Како да се грижите за брадавиците? (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Доење и дополнување на доењето



Порака


mami -> Како да се грижите за брадавиците? (17.6.2009 10:02:12)


За да превенирате проблеми со брадавиците, придржувајте се на следното:
  • Коректна позиција и правилно припојување на бебето на градата.
  • Избегнувајте сапуни и шампони при туширањето.
  • Избегнувајте масти, пудра и тинктури. Тие може да ги влошат проблемите со брадавиците.
  • Оставете го млекото или колострумот да се суши на вашата брадавица по доењето. Тие содржат анти-инфективни состојци.
  • Менувајте ги често пелените на градата. Не користете пелени кои ја задржуваат влагата на кожата.
  • Некои мајки сметаат дека е поудобно без прслуче, на други (особено оние со поголеми гради) им е поудобно со одговарачко прслуче.
  • Најчеста причина за болка во брадавиците е некоректно прифаќање на брадавицата при цицањето. Може да помогне ако се модифицира позицијата.




Mammy -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (17.6.2009 10:34:08)

Ајде вие кои сте веќе мамички, кажете ни нам трудниците како сега во оваа фаза да се грижиме за брадавиците..
Слушнав разни работи
1. Да се фротираат и потоа да се мачкаат со масло или Загребачки мелем
2. Да не се мачкаат со ништо за да станат груби..

Ајде пишете што е правилно и што треба од ваше искуство..

Јас сепак само се мачкам со Загребачки мелем...




Еца -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (17.6.2009 10:41:22)

Подобро немој мамму, околу градите можеш, но брадивиците не ги мачкај.Секое утро треба да ги миете со млака вода и благ сапун. Потоа исплискајте ги со ладна вода за да станат крути.
Доколку брадавиците ви се премногу крути и тврди, тогаш намачкајте ги со вазелин, ланолин. Покријте ги со парче чисто платно или газа за да ги заштитите од облеката.Носете прслук кој благо ќе ги подига градите нагоре, го чува обликот, и не притиска на брадавиците. Никогаш не користете прслуче кое ќе ги притиска брадавиците навнатре.




mami -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (17.6.2009 10:44:32)

јас не правев апсолутно ништо, ниту триев со фротирки, ниту мачкав нешто..едноставно ми дадоа некакви оревчиња кои ги правеле во битола- тоа е исчистена јатката на оревот поделена на половина и секоја половина е наполнета со восок и незнам уште што таму и со дупче во средината колку да ја собере брадавицата и тоа ми ги омекнуваше..ги носев првите три месеци додека се навикнат брадавиците... ставаат некој мевлем во тоа ама незнам што е, треба некоја битолчанка да ни се јави да ни каже




nenicka -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (5.8.2009 21:17:32)

MAMI A KOGA STAVASE KOGA BESE TRUDNA ILI PDKAKO SE PORODI.
JAS OD KAKO SE PORODIV NEMAV PROBLEM NO SEGA PO DVE NEDELI MI SE POJAVIJA RANICKI  KAKO DA SUM PRESECENA I MMNOGU ME BOLAT I KOGA JA DOAM I KOGA ODMARAM ,KAZETE STO DA PRAVAM.




niki -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (5.8.2009 21:55:36)

Ne stavav nisto, dodeka bev trudna gi miev so voda i gel za tusiranje koj go koristam, a koga se porodiv i nego go isfrliv. Na pocetok me bolea, no cim so bebuska si ja najdovme pozicijata vo koja i na dvete ni bese zgodno za doenje prestanaa da me bolat.
Site lekari ke kazat deka ne treba posebna podgotovka na bradavkite za doenje i kaj mene se pokaza tocno.
Edinstveno sto praktikuvav bese da gi mackam so moeto mleko i da ostavam da se isusi posle podoj, a pred sekoj nov gi miev so voda i tolku.




mimicka -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (5.8.2009 21:59:22)

Nenicka jas go imav istiot problem so bradavicite i znam kako ti e. Mene regadite (ranickite) mi se pojavia uste prviot den i sekoj den mi bese se potesko duri razmisluvav da se otkazam od doenje. Na pocetok se mackav so lanolin i si stavav uloski za doenje. No lanolinot ne mi pomogna ni po mesec dena. Neznaev sto da pravam [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Togas majka mi mi donese cist vosok od pceli neupotrebuvan go stopi i vo nego natopi sterilna gaza. Potoa ja vadis gazata da se isusi i ja seces na mali pacenca. Ja stavas na pupkata i vrz nejze uloska za doenje. I taka na pocetok ke gi menuvas posle edno do dve doenja. Vosokot ne dozvoluva da se susi bradavicata, ranickite nema da ti se lepat za uloskata i e higienski bidejki gazickite se za edna do dve upotrebi. Mene mi pomogna ranite mi pominaa za nekolku dena i doenjeto mi stana pesna [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Eve sega posle dva meseca od togas seuste gi nosam preventivno. Na ovoj nacin i majka mi se izlecila koga me doela mene [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] . 




mami -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (6.8.2009 8:23:40)

Неничка, тие оревчињата се некоја варијанта на ова што ти го опиша мимичка, и ги носев откако се породив, а рагадите ми се појавија исто, некаде кај 2 недела и ми купија од аптека, маст за рагади- пакувана е во кутивче како гроздова маст и е црна маста внатре, со неа ги мачкав и за 2-3 дена се изгубија




Sara -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (6.8.2009 9:47:26)

Јас сеуште сум при крај на бременоста ама веќе некако по малце почнаа да ми стануваат суви и по малце распукани брадавиците, незнам дали е нормално тоа ама јас до сега си се миев и туширав како и претходно а ги мачкав како и стомакот со павловичева и АД капки растворени во неа.
За доење си ја купив кремата на Био Клин - ланолин нешто пишува на неа ми рекоа била добра и безбедна за време на доење.
Ја има ли некој користено и како сте задоволни?




mimicka -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (6.8.2009 11:54:42)

Bio Clin - Lanolin mene mi ja preporacaa nekolku luge megu koi mojot ginekolog i patronaznata sestra kako najdelotvorna krema za pupki vo tekot na doenje. Jas ja koristev, mene licno ne mi pomogna mnogu no mojot slucaj bese kompliciran i tezok. No zatoa znam edno desetina mamicki koi go koristele i im pomognal mnogu i iskreno mi go preporacaa kako melem za pupkite koj navistina pomaga. Spored mene si napravila vistinski izbor.




Leontina -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (15.5.2010 13:22:09)

Jas ja imam koristeno kremata LANOLIN od Nutri Vita, im ja preporacuvam na site mamicki bidejki navistina pomaga. Jas pocnav da ja nanesuvam na bradavicite 2 meseci pred porogjaj ( za omeknuvanje na bradavicite ) i posle poragjaj, mozebi nekolku pati dnevno. Ne e voopshto shtetna ni za vas nitu pak za vasheto dete. Po nanesuvanjeto moze vednash da doite.
Sega sin mi ima 6 meseci i blagodarenie na LANOLIN doenjeto ni beshe i ushte ni e uzivanje od samiot pocetok [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Maca25 -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (16.5.2010 1:59:03)

Јас користев lanolin на BioClin и ептен бев задоволна. Да не беше кремата не знам што ќе правев. Мојата ќерка од влечење додека цицаше, знаеше и крв да ми пушти, но со едно мачкање се се средуваше.




gvenda -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (21.5.2010 20:37:54)

mene ranicki mi se pojavija isto odma tesko mi e doenjeto megutoa teram nekako stavam krema na mustela ama so znam dali ima nekoj efekt inace sme 11 dena sega pa neznam dokoga ke bolat gradite dali da prezemam nesto poveke ili da cekam sami od sebe da pominat
pomagajte




JUKI -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (22.5.2010 0:14:25)

Најдобар лек за испуканите брадавици е мајчиното млеко. Ова ви го кажувам од искуство бидејќи со првото дете имав многу проблеми со брадавиците, пробав секакви мастови и ништо не ми помогна. Имав многу големи рани и многу ме болеше и тогаш ми кажаа да ставам половинка од лушпа од орев (исчистена)на брадавицата . Лушпата носејки ќе се наполни со вашето млеко и мене така за 1 недела скроз ми заздравеа брадавиците. Не е штетно се е природно и многу помага.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (22.5.2010 0:39:11)

Мене многу ми помогна маста на Галафарм за брадавици, но тоа беше неколку дена откако се породив, оттогаш не сум имала проблем.




Rossana -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (22.5.2010 1:41:30)

Грижете се за брадавиците за време на доењето
 Природно е да се грижите за чистотата на своите дојки и брадавици, поради тоа што може да се инфицираат, а инфекцијата да се пренесе на детето. Доволно е еднаш днневно да ги перете брадавиците со сапун и топла вода и стерилна газа, иако има мајки кои тоа го прават пред и после секое хранење. Помеѓу доењата, за да ги заштитите од надразнување можете преку нив да ставати подметачи за упивање, кои може да се стават во прслучето.




Snowhite RR -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (22.5.2010 18:59:16)

Санирање на болни брадваки

Проверете како е доенчето поставено на дојакта и поправете ако е потребно. Може да е направено се како што теба.
Намачкајте ги брадавките со измолзено мајчино млеко после подојот за да се опорави ткивото на брадавката
Ставете топла облога на дојакта пред доењето за да го стимулирате истекувањето на млеко
Секој подој почнете го со дојката која помалку боли
Избегнувајте ограничување на зачестеноста на доењето
Ако бебето заспие на дојакта и повеќе не цица активно, но и понатаму ја држи дојката, внимателно тргнете го бебето од дојката
Изложете ги дојките на воздух и сонце за да можат повредите на брадавките побрзо да зараснат
Лечето го соорот и на мајчините брадавки и во устата на бебето
Ако френулумот е многу краток и ако мајчините брадавки се болни 2-3 недели, проверете дали е потребна помош од лекар

Што да правите со болни брадавки

НЕ користет вештачка брадавка затоа што моше да направи проблеми во врска со цицањето и го намалува протокот и количина на млеко. Исто така, претставува ризик по здравјето на доенчето(можност за инфекција)
НЕ прекинувајте го доењето за да ја одморите дојката. Може да дојде до застој, намалување на количината нжи отежнат проток на млеко
НЕ огриначувајте ја зачестеноста и должианта на подојот
НЕ ги мачкајте брадавките со никакви супстанции на база на масло




Snowhite RR -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (22.5.2010 19:08:44)

Јас користев најпрво АД капки, меѓутоа бидејќи не ми помогна баш, користев маст за рагади, ја прават кај нас во аптека, ми препорачаа и една друга не ми текнува сега како се викаше, ама беше поприлично скапа, се мачкав и со моето млеко, става облоги, ги мијав пред доење, но и покрај се мислам дека болат, па поминуваат, па пак болат, но откако направив 6 недели, престанаа да болат




gvenda -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (22.5.2010 19:12:08)

Fala vi na sovetite znam izgleda deka treba periodot da pomine
Znae li nekoj kolku cini llinolinot na nutri vita ?




Bell -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (27.5.2010 17:08:39)

Lanolinot od 10 gr chini 420 denari, a dodeka golemoto pakuvanje od 56 grama chini 890 denari.
Da pojasnam deka stanuva zbor za cvrsta forma na Lanolin ( ne polutechna kako drugite ) i zatoa se koristi po mnogu malku.
Tubata od 56 grama se koristi vo tekot na bremenosta i vo tekot na doenjeto i duri kje vi ostane od nea.
Ako ste zainteresirani mozete da dojdete vo Nutri Vita i kje dobiete besplatni testeri od Lansinoh lanolinot i sekako od drugite proizvodi od istata kolekcija.
P.S- Lansinoh lanolinot se koristi vo 90% od bolnicite vo Amerika i Anglija (ovoj podatok zboruva samo za kvalitet).




gvenda -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (8.6.2010 10:22:11)

zemav od lanolinot nisto n emi pomaga mene beznadezna sum eve veke nekolku dena mackam iisto neznam sto da pravam ke puknam od bolka koga treba da cica mislam idam na besilka a ona pocesto saka da cica i nemozam da se oporavam nikako vo petok sme na pedijatar i akcina pa ajde da vidime sto ke kazat znam dekake mi recat deka boli ke pomine ama kogaaaaaaaaaaaaaa




Snowhite RR -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (8.6.2010 10:29:24)

И јас исто плачев од болка кога цицаше, но мораш да бидеш упорна да не се откажуваш, да, ќе помине, а кога ќе помине нема ни да се сеќаваш на болката




niki -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (8.6.2010 10:49:34)

Гвенда, а дали правилно ја зема градата кога цица, целата ареола или голем дел од неа, доколку е голема? Зошто ако само брадавката ја става во уста тогаш е болно доењето. Внимавај на положбата, пробај различни за да видиш како ти е најпријатно тебе, а и на неа. За раничките маст, доколку оваа што ти ја препорачуваат девојките не ти помага, не е лошо да се видиш со гинекологот и да побараш друга. Ќе помине, биди трпелива, сите кои дојат поминуваат низ истите потешкотии, некоја помалку, некоја повеќе.




gvenda -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (8.6.2010 11:07:09)

znam deka ke pomine ama ova e strasno kakoiglicki da me peckaat ikoga ne dojam a ne pa togas
a niki neznam nikako nemozam da i ja stavam poveke od sto faka inace i jas mislam deka e do toa deka ne faka ubavo probuvam i ne pak isto si faka inace celata areola mi e golema nema sansi cela ama toa ona sto go faka e malku zatoa me boli a polozbata vo koja i davam da cica e jas sedam i ona e svrtena nakaj mene so stomakot i glavceto se kako sto mi rekoa legnata nemozam nikako retko epten i imam cuvstvo pa deka ic ne faka taka a mleko imam neznam so da pravam kako da i stavam pogolem del neznam a doktorkata mi rece deka imam super gradi za doenje i pupki bas kako cucla ama ete problem pak imam





Bell -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (10.6.2010 12:11:58)

Гвенда сакав да Ве прашам дали користите од ланолинот Lansinoh  или за некој друг се работи?
Дали се мачкате редовно и доволно?
Досега никој не се пожалил дека не функционира, напротив сите се многу задоволни од него.
Дури имавме мајка на кој и фали дел од брадавицата( се мачкала 5-6 пати во текот на денот), и Lansinoh успеал за 3 дена да го реши проблемот, односно болките сосема исчезнале....
Дури добивме повик од патронажната сестра која ја следела девојката, за да каже дека нема видено вакво нешто во животот, а работи како патонажна сестра долго време.





Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>