Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Ne slavime ni nie, odime kaj majka mi na "ime" se vika Valentina, i ke ispieme po nekoja casa vino, i ete ti gi dvata praznika odbelezani a so pokloni ne se zamarame
Генерално погледнато, мажите и жените имаат различно сфаќање за Св. Валентин. Најчесто мажите се противници на спектакуларно празнување на денот на вљубените, а жените уживаат во посветеното внимание и покажувањето на љубов. Се разбира, има исклучоци и од двете страни. Па, кои се аргументите кои ги поттикнуваат луѓето да бидат за или против прославувањето на Св. Валентин?
Аргументи „за"
На луѓето им е потребно да добиваат двојна доза љубов
Поради големата еуфорија која се создава, сите влегуваат во романтично расположение. Едноставно тогаш е дозволено и препорачливо секој да ја искаже и покаже својата љубов. Така секој ги добива посакуваните комплименти, прегратки и бакнежи. Луѓето добиваат двојна доза љубов на Св. Валентин, а тоа ги прави посреќни.
Секој сака да се чувствува специјално
Св. Валентин е ден кога и мажите и жените се обидуваат да направат нешто специјално за својата половинка. Дали тоа ќе биде романтична вечера дома или во ресторан, викенд надвор од населено место, рачно изработен подарок или стриптиз, не е важно. Посветеното време и внимание во избирањето и презентирањето на подарокот ги прави и мажите и жените да се чувствуваат посебно убаво.
Св. Валентин е причина луѓето да се опуштат и да си дозволат малку луксуз
Не секој може да си дозволи кога ќе посака да избега од градот и да помине романтичен викенд во убава вила, хотел или романтична вечера во полуксузен ресторан. Св. Валентин е ден кога многу парови си го пружат тоа задоволство. Повеќето си го резервираат денот 14-ти февруари, а некои цел викенд само за релаксација и љубов.
Аргументи „против"
Љубовта треба да се прославува 365 дена во годината
Противниците на Св. Валентин сметаат дека романтиката, искажувањето на чувствата, подарувањето на рози или подароци треба да биде секојдневие. Не треба да има еден ден во годината кога сите ќе ги празнат џебовите купувајќи скапи подароци или плаќајќи високи цени за вечера во ресторан.
Св. Валентин е католички празник, треба да се прославува Св. Трифун
На 14-ти февруари православните христијани го празнуваат денот на лозарите и градините, Св. Трифун. Денот на вљубените е католички празник, па затоа многу луѓе сметаат дека не треба да станува дел од нашата традиција и култура.
Преголемиот притисок за спектакуларна прослава ја уништува романтиката
И мажите и жени чувствуваат притисок дека треба да направат нешто интересно и креативно преку кое што ќе ја покажат својата љубов. Токму тој стремеж да се направи нешто посебно, ја уништува спонтаноста и романтиката. Преголемите очекувања за овој ден можат да доведат до големо разочарување.
Izvor: femina.com.mk
< Поракaта ја уредил penelopa -- 10.2.2010 9:41:38 >
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
RE: Св. Валентин или Св. Трифун 10.2.2010 10:46:21
Enika
Оваа година е 3 во 1...за кого како...а Прочка барем за мене е најбитно бидејки Валентајн не славам, одамна не сум по алкохолот, а за Прочка од тој што бараш прошка ти дава пари( така е кај нас) така да...
RE: Св. Валентин или Св. Трифун 10.2.2010 16:57:22
ripce
Аууу мм сега ми вика Што ми спремаш за денот на вљубените? И јас му викам е што ти нешто ми спремаш... и тој ми вика... Епа што мислиш ти? Што му текнало можеби и стварно нешто спрема... а не славиме Валентин, барем досега не сме славеле...
Лани после работа го чекав, купив Милка срценца и шетавме низ чаршија... не дека го славам Валентин, тогаш бев неколку дена пред породување, па настојував да се движам што е можно повеќе, па ајде да шетаме, а дека ми се јадеше благо купив да јадеме Милка срценца
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
RE: Св. Валентин или Св. Трифун 10.2.2010 19:07:20
Bitolcanka
Да, баш така е. Големите работи одат во мали пакувања рипче, без разлика дали е празник и има некој повод или не, убаво е да се изненади саканиот/та со нешто интересно, мало, но слатко
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
gi slavam i dvata obicno sekoja godina odeme kaj starejkoto na ime se vika trajce pa pieme vino a za podaroci si kupime po nekoja sitnica lani mi gi skrsi fuldzanite pa mi kupil novi vo kupija srce
Знам дека многу од нас не го слават Св Валентин но како што тргнало можеби е добро да се покаже малку љубов во ова лудо време, еве неколку идеи за подарок за вашиот сакан:
Може да ги направите сами со шиење на срценца или да си купите.
топли папучи , само украсете ги со некој купен украс во форма на срце или сошијте од некој материјал
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
napraveni se od star dzemper a napolneti so oriz , moze da gi stavite vo mikrobranova pecka i da mu gi stavite vo dzeb na vasiot sakan za toplenje na racete
napolnete edna tegla so kolacinja, bomboni ili bilo sto i ukrasete ja so racno izrabotena karticka ili srce
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
Годишнина од брак со љубов и вино. Супер ни се погоди,ама тој ден изгледаме како да славиме баш Валентајн а не годишнина
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Му викам јас на мажле, што ќе ми дадеш за Валентин, тој ми вика, бакнеж..ете ти, со годините нема веќе ни поклончиња ....Туку penelopa ова со масажите не тио лоша идеа. Може треба да тркнеме до Катлановска бања на релаксација
RE: Св. Валентин или Св. Трифун 14.2.2012 12:11:48
Luci
Женски, абе што ќе славите денес? Или што славите веќе? Јас ни едното ни другото Пошто сме кај моите на гости а маж ми е трета смена, немав време ништо да му купам, нити па имав идеја, ама затоа сабајле до креветот тој ми оставил Playboy колекција парфем со гел за туширање
RE: Св. Валентин или Св. Трифун 14.2.2012 13:27:46
kikicka
Денес со др малди мамици ке си испаднеме во кафич попладне и планирам да си пијам вино и да купам милка срце бомбоњера и така лаф муабет и сите по дома а ВАЛЕНТИН незнам што е тоа никогаш не сум славела!
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."