ripce -> RE: Риба во детското мени (6.12.2009 9:41:02)
|
Која риба е најздрава Едно неодамнашно истражување покажа дека редовното конзумирање на риба може дури да го преполови ризикот од инфаркт. Освен тоа, по сé изгледа постои врска меѓу конзумирањето на риба богата со омега-3 масни киселини и депресијата. Имено, некои студии покажаа дека масните состојки присутни во рибата му помагаат на мозокот подобро да го користи серотонинот, хормон кој позитивно влијае на расположението. Виенскиот професор Hademar Bankhofer открива дека најздрави видови на риба се оние кои содржат најголема количина на драгоцените омега-3 масни киселини, а такви се харингата, туната, скушата, црниот бакалар, листот, лососот и гргечот. Процентот на масност варира од вид до вид, а на основа на овој процент се разликува немасната риба со помалку од два проценти липиди (како бакаларот, осличот и глушчата), малку масната риба со два до пет проценти липиди (зубатацот, сарделата и пастрмката), полумасната со пет до десет проценти липиди (како туната и сабјарката) и масната со повеќе од десет проценти липиди (како лососот, скушата и јагулата). Апсолутно најдобра риба е харингата, тврди професорот Bankhofer. Оваа вкусна риба од Северното море, освен што може да се подготви на многу начини, содржи и многу омега-3 и омега-6 масни кислеини. Нејзината содржина на белковините кои го јакната имунитетот и ги елиминираат последиците од стресот е просечна, но уделот на омега-3 и омега-6 масните кислеини е навистина голем. Од друга страна пак, оваа риба и не е погодна за слабеење бидејќи 100 грама харинга содржат 233 калории. Риба која ќе помогне во слабеењето е туната, која во 100 грама содржи само 76 калории. Таа не снабдува со значајна количина на белковини и затоа е идеална за луѓето кои се изложени на стрес. На ранг листата на најздрави риби на третото место се наоѓа скушата, која порано важеше за риба за сиромашните. Оваа риба со 182 калории и висок удел на омега-3 масни киселини е идеална намирница за регулирање на крвниот притисок, бидејќи протеините од скушата ги прават крвните садови еластични, смета Hademar Bankhofer. Останатите риби кои поволно влијаат на здравјето се црниот баклар, листот, лососот и гргечот. Инаку, рибите се повеќекратно корисни за организмот. Тие не само што содржат незаситени масти кои штитат од кардиоваскуларни болести, се борат против стресот и ја подобруваат концентрацијата, претставуваат и богат извор на минрални соли. Морската риба е богата со јод, калиум, натриум и бакар, додека слатководната содржи нешто помалку натриум и јод. Сите видови на риби содржат витамини Б1, Б2, Б6 и Б12, кои се драгоцени за правилната работа на нервниот систем. Рибата е богата и со калциум, но тој воглавно е концентриран во крлушките на рибата, па зато е корисно повремено да се конзумира и ситна риба.
|
|
|
|