RE: Риба во детското мени (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


sandriana RR -> RE: Риба во детското мени (7.10.2013 9:47:23)

АнаМоли, ако е нешто умерено, да речеме 1 во 2-3 недели, и во некоја соодветна комбинација со зеленчук, сметам дека нема ништо лошо во конзумирање конзервирана риба.
На Т се уште не сум и дала, ние и онака многу ретко јадеме риба дома, но некоја следна прилика не би ја ни забранила.
Од свежо нема подобро, конзервансите си го прават своето, но пак ќе речам - ако не се претерува, немам против.




Felly RR -> RE: Риба во детското мени (7.10.2013 9:57:08)

Бидејќи имаме тема и за ТУНА, постовите ќе ги префрлам и таму, а имаш и повеќе мислења да прочиташ Анамоли.




Mihaela 2010 -> RE: Риба во детското мени (7.10.2013 9:59:21)

I nie za zal mnogu retko jademe doma riba,iako gledam da go promenam toa,barem vikend koga sme doma...a najmnogu mi e krivo sto M saka riba,koga sme kaj majka mi ili na rucek na drugo mesto ubavo znae da si se najade..ednas jadev doma tuna i ponudiv ama ne ja sakase,taka da si vetiv deka ribata mora da ja vovedam doma ednas nedelno.a za konzeva ke si poceka..se slozuvam so sandriana




deluxe -> RE: Риба во детското мени (18.11.2013 7:59:28)

Денес сум во план да зготвам лосос за синко.Може ли да ми кажете како ја подготвувате??до сега не сум давала лосос,единствено пастрмка[sm=smiley1.gif]




zzaa -> RE: Риба во детското мени (18.11.2013 15:25:25)

Можеш да ја свариш да додаден некој зеленчук и да биде како чорба, друг начин е во фолија да ја испечеш исто може со некој зеленчук.
Ние обожаваме риба па 1-2 неделно обавезно јадеме, и тоа свежа риба( освен ослич, тој е замрзнат нема свеж). Исто можеш и на скара да ја направиш, и така е многу вкусна и се прави брзо.




Defne90 RR -> RE: Риба во детското мени (21.2.2014 1:25:49)

Јас обожавам риба исто и поголемиот синко.Си јадеме барем еднаш неделно.А мм и помалото ич не ја сакаат.Кога ќе насети А дека има риба за ручек не сака ни да ја отвори устата а камоли да јаде.Се надевам дека во иднина ќе се смени тоа.Инаку и јас на М му ја правам како чорба со додавање на зеленчук во неа и исто така најчесто ја правам во рерна со зеленчук печена.Така ми е најслатка.[sm=smiley1.gif]




Tanjat7880 -> RE: Риба во детското мени (21.2.2014 9:33:08)

Nitu ja sakam nitu ja pravam ribata,ko mala sum dobila nekoe trovanje od istata koe najverojatno bilo nekoja alergiska reakcija na istata I eve I den denes jas mirisot nemozam da go podnesam a ne pa vkusot.
Imam griza na sovest,zatoa shto nikogash ne ja spremam ni G ne ja jade oti nema prilika,toa sakam vekje dolgo vreme da go promenam pa me interesira kako ja pecete,eve na primer filetote oslic,pred da zavitkate vo folija shto pravite,ja posoluvate,stavate maslo,koj drug zacin,kolku vreme se pece..aj nekoj marifet koj bi napravil da ja jadam?!




princessa -> RE: Риба во детското мени (21.2.2014 11:27:48)

Nie site jademe riba. Pravam ednas do dvapati nedelno. Mm ja obozava neznae kolku mu e dosta[sm=smiley36.gif]. Kerka mi ja jade sekogas koga e topla, i na gradinka im davaat. Duri i na bebeto pocnav da mu davam i ja jade. Gotvam isklucivo losos, oslic i bakalar[sm=bravo.gif]




Tanjat7880 -> RE: Риба во детското мени (21.2.2014 12:32:04)


ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

Nie site jademe riba. Pravam ednas do dvapati nedelno. Mm ja obozava neznae kolku mu e dosta[sm=smiley36.gif]. Kerka mi ja jade sekogas koga e topla, i na gradinka im davaat. Duri i na bebeto pocnav da mu davam i ja jade. Gotvam isklucivo losos, oslic i bakalar[sm=bravo.gif]

E kako ja spremash,PROSVETLI ME,da bide krckava,da ne mi mirisa po doma I da ne se poznae deka e RIBA I da e pecena vo rerna I taka...[sm=smiley36.gif]




princessa -> RE: Риба во детското мени (21.2.2014 12:55:58)

ajde toa so krckavosta i ne e taka tesko ama da se izbegne ona drugoto ke treba bogami od restoran da se poraca[sm=smiley36.gif]
Jas ribata skoro sekogas ja pecam vo kombinacija so zelencuk, znaci prvo ke zaprzam kromice, morkovce, kompirce, nekogas mi se naoga nesto zamrznato od tipot na zlatna mesavina, ili zamrznat celer, praz... dodavam vegeta i ribata sekako i ja stavam da se pece vo rerna. Plehot go pokrivam so aluminiumska folija a podobra varijanta e plehce so poklopak i taka. Moze i oriz da se pece. Kmbinacii ima polno.
Sega neznam, mene ne mi mirisa koga e topla posle koga ke se oladi poveke mirisa. Bakalarot najmalku mi mirisa od site ribi.




Tanjat7880 -> RE: Риба во детското мени (21.2.2014 14:28:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

ajde toa so krckavosta i ne e taka tesko ama da se izbegne ona drugoto ke treba bogami od restoran da se poraca[sm=smiley36.gif]
Jas ribata skoro sekogas ja pecam vo kombinacija so zelencuk, znaci prvo ke zaprzam kromice, morkovce, kompirce, nekogas mi se naoga nesto zamrznato od tipot na zlatna mesavina, ili zamrznat celer, praz... dodavam vegeta i ribata sekako i ja stavam da se pece vo rerna. Plehot go pokrivam so aluminiumska folija a podobra varijanta e plehce so poklopak i taka. Moze i oriz da se pece. Kmbinacii ima polno.
Sega neznam, mene ne mi mirisa koga e topla posle koga ke se oladi poveke mirisa. Bakalarot najmalku mi mirisa od site ribi.

Ushte ova prashanje,a kolku vreme pecesh I dali pri kraj ja vadish folijata ili kapakot za da se zapece poubavo I dali taka samo ja stavash odmrznatata riba,bez nishto vo meshavinata na zelencuci I ne dodavash voda?!
Jaojjjj znam,davam,ko nikogash da ne sum videla shporet no molim te kazuvajjj,se spremam da spremam[sm=smiley1.gif]pa moram SE DA ZNAM!




princessa -> RE: Риба во детското мени (21.2.2014 15:08:45)

pola saat do 40min i svarno pa jas ne sum pisala za detali[sm=smiley36.gif].Stavam fildjan do fildjan ipol voda zavisi ako e ribata zamrznata a i zelencukot treba pomalku voda.10minuti pred da e gotovo vadam folija.
a oriz koga ima se stava voda 3pati poveke od kolicinata na orizot, znaci edna casa oriz tri voda.[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Риба во детското мени (21.2.2014 23:10:55)

Ние денесκа имавме ρиба ослич за ρучеκ поρачан од ρибаρница, таму печен, па бидејќи и немав дадено на Ј досега ρешив да и дадам па бидејќи не знаев κаκκ пошто суви манџи не ми јаде, напρавив супа со κомпиρче и ставив од ρибата малκу и малκу леб надρобив и сето си го изеде




Defne90 RR -> RE: Риба во детското мени (21.2.2014 23:27:15)

Па да и јас така им давам на моите како манџа помалото ја нејќе ич ама така некако ќе успеам да му ставам некоја лажица во уста а така само риба ако му дадам веднаш ја плука.Е сега за приготвувањето и јас ја правам така со зеленчук значи ќе ставам компир,кромитче,морков и ке ги завиткам во фолија претходно одмрзнатите и исчистени риби од лушпата и ќе ги ставам така завиткани врз зеленчукот кој претходно е ставен во плех и му се доадени магдонос,вегета,масло и малку вода и во рерна.Заборавив да кажам и рибите посебно си ги посолувам со зачини и ставам масло врз нив па ги мотам во фолија.И така се печат некои 40 минути и проверувам одвреме навреме ако треба вода и дотурам по малку.И јас ги имам правено со ориз ама некако не ми се допаѓаат така.Сепак сето тоа си е прашање на вкус.А знам понекогаш и да ставам само риби масло за јадење,магдонос и зачини и така го покривам целиот плех со фолија и се печат.Откако ќе се испечат ги преливам со претходно направена саламура од млака вода,оцет,масло за јадење и вегета,и така ми се вкусни.




omorfo89 -> RE: Риба во детското мени (16.6.2014 9:47:56)

Ќерка ми кога беше бебе јадеше риба сега нема шанси




Defne90 RR -> RE: Риба во детското мени (16.6.2014 14:24:59)

Јас баш денес им подготвувам на малите риба за ручек,со ориз,морковче,кромид,домат,тиквица.Понекогаш ја правам и со компир.И ја јадат,поголемиот повеќе ја јаде.Ама и малото не го оставам додека не си ја изеде чинијата.Нешто на компјутер,нешто се лажеме и ке си изеде се.Ама гледам барем еднаш до двапати во неделата да имаат на мени риба.




Mila mamicka -> RE: Риба во детското мени (18.11.2014 14:32:52)

Според литературата што сум ја читала, најдобро е да се започне со рибата, и тоа бела рила, после 9от месец. Јас така направив со син ми, и почнав прво со панга, која му ја давав некаде до годината. Потоа некаде прочитав многу негативни работи за пангата, па се префрлив на други риби, ослич, лосос, пастрмка. До ден денес му давам од овие риби, и тоа најчесто рибата ја варам посебно, за да можам потоа коските полесно да ги отстранам, а посебно му правам ориз со лукче, кромид, морков и брокула. Морам да кажам дека досега од ваквиот оброк не ни останало ни едно лажиче. Пастрмката пак, обично ја печам во фолија, и со неа му давам варено компирче. Гледам барем двапати неделно да јаде риба, ама откако почна во градинка, не можам толку многу да внимавам, ама еден ден од викендот обавезно има риба за ручек.




Anuska14 -> RE: Риба во детското мени (18.11.2014 14:48:12)

Ние многу често консумираме риба, кога сум во можност пастрмка свежа а ако не тогаш замрзната. Сметам дека е многу важно рибата да е присутна во исхраната само што не ме бива многу за да ја подготвам. [sm=smiley19.gif]
Често пати ја печам и убава излага.




AneLav RR -> RE: Риба во детското мени (18.11.2014 14:59:28)

Јас риба речиси воопшто им немам дадено имам пробано но не ја сакаат. Е сега бидејќи сум на диета често јадам риба од конзерва онаа што е туна во вода и правам едни ќофтенца печени со овес, кромид и јајце. Зачудувачки но ќеркичката ми касна од тие и се допаднаа.




caciana -> RE: Риба во детското мени (20.11.2014 14:01:31)

Рибата е здрава намирница и ние ја користиме во исхранта. Бидејќи може да предизвика алергија треба да се конзумира после осмиот месец или после година. Откако ќе се воведе риба во исхранта на детето три дена не треба да се воведува нов вид на храна за да забележите дали има алергиска реакција, а доколку нема тогаш е ОК продолжете со јадење и бидете упорни.
За почеток се дава риба која нема интензивен мирис и вкус ( ослич). Кога детето ќе се навикне на вкусот од рибата, послесно ќе ги профати и рибите со поинтензивен мирис и вкус како лосос( нашата омилена риба ) , сардина , скуша... [sm=bravo.gif]




Ilina87 -> RE: Риба во детското мени (2.4.2015 13:09:15)

Ме интересира кој вид на риба е најдобра за почеток? И како ја подготвувате?
Досега немаме пробано, иако има 18 месеци. Не знам дали дека јас не јадам риба не сум му дала, се си мислам нема да ја сака. Од друга страна сакам се да јади.




lukajana RR -> RE: Риба во детското мени (2.4.2015 13:15:29)

Ilina87 јас давам ослич некако другиве ми имаат многу коски,треба бела риба и мислам после 8 месеци се дава .За спремањето јас ја печам во фолија со м.масло лимон и магдонос,а можеш и варена да ја даваш.Пробај убаво е риба да јадат моиве многу ја сакаат и обавезно еднаш неделно јадат




vezilka RR -> RE: Риба во детското мени (4.4.2015 22:41:42)

Јас уште не сум дала риба на Јосиф, а имаме 10 ипол месеци. Планирам од наредна недела да почнам со ослич. Инаку Никола јаде два пати у неделата обавезно, ослич или лосос.




tincule -> RE: Риба во детското мени (16.10.2015 12:00:41)

Јас до сега и немам дадено на Д риба од пуста мука зашто органски не ја поднесувам луѓе не можам ич, ако некој пржи во друга зграда и ако осетам мирис затварам прозори се.Еептен не ја поднесувам. И вчера татко ми и купил готова кашичка со тестенини и морска риба. Бевме смешки некој да не гледа кога се раневме, јас се мрштам таа се мршти пробувам позитивна да бидам онака не правев фаци многу, пробувам да се контролирам ама ја гледам нејзе дете не му се свиѓа не му се јаде, башка и и мириса ама цепки [sm=smiley36.gif]Мислиш со пиштол во глава двете и мораме, едно време ме фати смеа ја гледам ми падна жал го мачам да јаде нешто што не му се свиѓа и баталив. Здравје ќе пробам со ослич некако највеќе можам да ја поднесам ама баба ако ја прави [sm=smiley36.gif]. Само нека помине време да се собереме од вчера.




lukajana RR -> RE: Риба во детското мени (16.10.2015 14:46:34)

Значи сите сме исти тоа што не јадеме и на децата не даваме [sm=smiley1.gif].
Јас риба давам барем еднаш неделно и децата ја сакаат .
Е тука настапуваат бабини деветини демек не се давало риба додека не прозбори ама јас се разбира си свиркам и си правам што си сакам [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>