Defne90 RR -> RE: Денес тагувам поради... (22.5.2014 19:16:51)
|
денеска тагувам поради тоа што најхаризматичното,најдоброто,најкултурното момче од нашиот град што имаше најголемо срце во себе замина од овој свет засекогаш пред два дена на само 27 години.И мислав тагата се намалила,ама гледам дека е тука,гледам кога отидов да шетам со синко а на лицата на луѓето е присутна црнината и болката,присутен е тој тажен поглед што повеќе нема да го видиме никогаш.Ќе тагуваме и јас и цел град за тоа момче со најголемо срце,ќе тагуваме,ама се надевам барем почива во мир,се надевам Бог го примил кај себе и сега е среќен и таму горе со своите најблиски кои исто си отидоа од овој свет.Жално е многу,за две недели требаше да игра на свадбата на неговиот брат,жално е многу,но животот е таков,ама засекогаш ќе го чуваме во нашите срца и ќе го памтиме како најдоброто момче од нашиот град кое имаше толку многу добрина во себе.[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
|
|
|
|