mommy_angels RR -> RE: Денес тагувам поради... (10.2.2016 10:40:06)
|
Денес немам каде,Земјата ми е мала,претесна,небото ми е високо ,а душата претешка.Денес сакам да стане утре,сега во моментов и никогаш да не се повтори. Понекогаш ете така се лажам дека времето залечува,трагите бледеат и животот продолжува.Но,потоа доаѓа 10 ти февруари и се се руши.Спомените се тука,не отишле ни чекор подалеку од мене,сликите во глава навираат како да било вчера,срцето стега,бара излез,а солзите се врели,болат до срж. Каде е тоа проклето време да залечи?!? Физичката болка поминува,крвавите рани зараснуваат,но кога душата боли ,лекот не постои.Кога срцето крвари ,проклето боли,не поминува.Тука не постои ден,месец,година .Тука нема ни време ,ни лек.Тука сум само јас ,здробена од болка и пет години талог на душава. Мама ВЕ САКА,силно ве гушка,тука и сега,зашто немам каде.
|
|
|
|