Bubuska
|
Јас не сум компетентна личност да зборувам на оваа тема, но сепак, сум граѓанин на РМ, студент по психологија и загрижена личност за оваа проблематика. Факт е дека нашето општество е затворено и тесно, по многу прашања, и децата со посебни потреби НЕ се прифатени во нормалните училишта, а тоа најдобро ви го кажувам затоа што јас неодамна завршив средно. Се се сведува на неинформираноста на луѓето, на табуто. Честопати, деца со аномалии се раѓаат и поради негрижата на мајката (алкохол, цигари, дрога, разноразни сексуално преносливни болести и инфекции од предходните сексуални партнери, и најстрашното - неодење на гинеколог), па до срамење, криење и неприфаќање на вистината. На форумот тука секоја чест за родителите, меѓутоа вие сепак сте само еден мал дел од огромниот број на родители кои се соочуваат со овој проблем секој ден. Би било убаво, кога просечните родители со просечни деца, би посветиле барем еден ден месечно на своите деца да им објаснат дека децата со посебни потреби не се страшни, лоши или изроди, дека и тие се деца како нив, дека не се виновни за тоа што ги снашло и дека не треба да се отфрлаат, туку напротив, да се прифатат и што е можно повеќе да им се помогне. Мојата мајка по професија е педагог, иако нема ниту 1 ден стаж како педагог, сепак, одгледувајќи ме мене, таа посветуваше многу внимание и љубов на тие деца, посебно на тие кои беа заборавени дури и од родителите и оставени во домовите. Секогаш наоѓаше време мене да ме запозанае и упати во нивните животи, нивниот свет и да ме научи како да комуницирам со нив. Не, тие деца не се нормални, како што не сум ни јас нормална. Треба сите да прифатиме дека не живееме во нормално време, односно, дека границата меѓу нормалното и ненормалното е само законската, се додека една единка дејствува на начин кој не штети на средината, таа е нормална. Сите имаме ставови што е нормално а што не. Ако можат хомосексуалците да формираат семејства и да посвојуваат деца, тогаш, зошто да не можат децата со ПП да одат во редовно, ’нормално’ училиште? Не ниту заради педагозите (јас ви гарантирам дека доколку педагогот 1 недела потроши на истражување, макар и на интернет, и доколку исто толку помине во разговор со родителот, ќе се најде начин за тоа дете да добие квалитетно образование), проблемот е во групата на врсници. Децата СЕ сурови, и тоа многу. Низ моето образование, имав повеќе соученици со ПП. Во основно, детето кое никому ништо лошо не правеше, седеше само и мирно, го нарекуваа ,,мутав,, ,,ретардиран,, ,,сакат,, и да не ви набројувам повеќе. Имаше едно девојче, помало од мене, прекрасно и мирно, многу паметно, меѓутоа поради низата на семејни несреќи стана многу повлечена, беше отфрлена ама баш од сите, не ја канеа на родендени, ниту пак на голем одмор некој седеше со неа, децата и дофрлаа, па дури и ја буткаа, наставниците не реагираа, а родителите на другите деца уште помалку. Девојчето беше оставено на милост и немилост, а денес на нејзини 18 години не е мрдната од таму каде што беше пред 10 години. Во средно, имав соученик психички сосема здрав, меѓутоа имаше парализа и одеше во количка, постигнуваше извонредни резултати, меѓутоа можам само да замислам каква била неговата емотивна состојба, настрана од тоа што ги гледа сите млади и весели растрчани, а тој е врзан за количката, па плус истите тие го исмеваа. Со мене учеше девојче со ПП, освен мене немаше друг никој, што воопшто и обрнуваше внимание, секако дека и обрнуваа за да ја навредуваат и понижуваат. РОДИТЕЛИ СООЧЕТЕ СЕ СО ТОА - ДЕЦАТА СЕ МНОГУ СУРОВИ. Ама не се тие криви, криви се нивните родители кои ги учат така. Децата се огледало на родителите, и тоа понижување, тоа неприфаќање, не им доаѓа природно, тоа е научено однесување. Децата се спремни се да прифатат и разберат, ако добијат позитивен стимул и разбирање од родителите. На мојата улица живее девојче со ПП на возраст на сестра ми (6 години) и одлично функционираат со сестра ми. Таа учи многу работи, сконцентрирана е, желна за игра, за се, кога е со сестра ми, мерак ми е да седам со нив, кога го гледам малечкото колку се труди да се вклопи. Ама сестра ми знае дека мора да биде трпелива со неа, дека тоа дете не може да сфаќа исто брзо како неа, и прифаќа дека тоа е така како што е, и никогаш не и е проблем да си игра со неа. Малата покрај сестра ми научи да пишува некои букви, кои пред тоа немаше поим кои се. Затоа ви кажувам дека морате прво убаво да ја испитате климата во училиштето каде што сакате да го запишете детето. Значи разговарајте со наставникот, првите денови поминете ги тука, преиспитувајќи ги другите ученици. Затоа што, ако вашето дете не биде прифатено, нема ништо да оди на подобро. Ова е мој најдобронамерен совет, јас секогаш сум за тоа да не се делат луѓето по ниту една основа, сите имаме исти права, само што малку се тие кои ги почитуваат правата на другите, посебно на тие со ПП. Се извинувам за мојот долг пост, се надевам не сум ви премногу досадна :)
|