Инклузија на децата со посебни потреби (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца со посебни потреби



Порака


ripce -> Инклузија на децата со посебни потреби (30.1.2010 15:33:11)

Лицата со посебни потреби имаат визија за еднакви можности, ратификација на Конвенцијата на ОН која овозможува интеграција во општествата каде живеат. Како македонското општество пристапува кон решавање на секојдневните проблеми на оваа категорија граѓани. Кога станува збор за лица со посебни потреби поимот еднакви можности подразбира еднаков пристап до институциите, уживање на сите граѓански права и посебните права што ги овозможува државата.

Дали редовно или специјално училиште, ова е една од најголемите дилеми кои ги имаат родителите на деца со пречки во развојот кога нивното дете треба да започне со школување.

Иако теоретски постои поддршка за децата со пречки во развојот кои можат да следат редовна настава, во практиката е поинаку. Децата се уште се без соодветна грижа. Нема прилагодена наставна програма, ниту дефектолог кој би работел со нив.Без стручна помош во училиштата, нема резултат, вели Мимоза Петревска Георгиева, мајка на дете со пречки во развојот.

„Таа инклузија за којашто зборуваме цело време се сведува на гола физичка интеграција. Значи, детето е таму, но не ја следи наставата со еднакво темпо како останатите деца. Ова е сизифовска работа не само за детето, не само за неговите родители, туку и за наставниот кадар којшто треба да игра улога и на специјален едукатор за такво дете и на редовен наставник којшто ќе ја одржува наставата", вели Петревска Георгиева.Иако во Законот за основно образование стои дека во училиште во кое има дете со посебни образовни потреби мора да работи цел тим од стручни лица, се е оставено на родителите, вели Петревска.

„Запишете го детето, а потоа вршете притисок за вработување на дефектолог во тоа училиште. Тоа е една голема непознаница за голем број родители, каде и како да го вршат тој притисок", додава Петревска Георгиева.

Проблемите почнуваат уште во градинките. Не се сите градинки расположени да запишат вакви дечиња. И таму само со воспитувачите без стручна помош, од децата не можат да се добијат очекуваните резултати.




beki RR -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (30.1.2010 16:21:05)

Рипче, одлично што ја постави темата.
Пред некој ден прочитав мислење на една госпоѓа која вели дека местото на децата со посебни потреби им е во специјалните училишта и соодветните институции,и дека тие деца не требало да се бидат во иста средина со нормалните деца затоа што штетно влијаеле на нивниот развој.
Искрено да ти кажам бев згрозена и запрепастена од таквиот став.
Не ми се верува дека денес, во 21 век сеуште постојат луѓе со такви сваќања и размислувања.

Мислам дека родителите на деца со пп треба да поработаат на тоа да се промените свеста кај пошироката јавност за овие деца и тие да бидат прифатени како нормален дел од општеството.
Се дури тоа не се постигне ниеден закон нема да биде 100 проценти успешен.
Јас не сум имала прилика да го прочитам законот за инклузија , но како и поголемиот дел закони кај нас ,сигурно е многу тешко да се спроведе.




ripce -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (30.1.2010 17:00:54)

Актуелната концепциска поставеност на воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби е регулирана и интегрирана во Законот за основно образование, Законот за средно стручно образование и, глобално, може да се презентира како:
*   крајната цел на воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби е иста или слична на оние од  ,,редовната популација”;
*   воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби организирано е во посебни установи и училишта, посебни паралелки при редовните училишта, како и во ,,редовните класови”, заедно со неговите врсници;
*  задолжителноста на основното воспитание и бразование се однесува и на децата и младинците со посебни образовни потреби, освен за оние со умерени и тешки пречки во психичкиот развој за кои, исто така, е организиран воспитно - образовен процес, програмиран и адаптиран на нивните индувидуални можности и потреби;
*  наставните планови и програми се адаптирани  (модифицари, редуцирани, растоварени), во различна мера, согласно видот и степенот на попреченоста;
* законска и стручна  заложба е што помасовно овие ученици да се образуваат во местото на живеење, што значи условите да се доближат до нив, а не тие до условите, во случаи кога тоа е можно;
*децата со посебни образовни потреби ги имаат истите права на образование како и другите, согласно своите интелектуални и други можности, амбиции и интереси.

Ваквата нормативна поставеност на воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби, е добра основа за негово понатамошно доградување и усовршување.

Ако се направи споредба со образовната политика за овие ученици, со развиените земји, може да се констатира дека, во глобала, многу нормативни решенија се идентични или многу блиски со оние кај нас.

Разликите се согледуваат во степенот и квалитетот на нормативното оживотворување, што се должи на економското и културното ниво, традицијата, предрасудите, како и низа останати фактори.

извор Биро за развој на образованието




Викторија -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (31.1.2010 18:55:43)

Незнам кај нас дали некогаш кесе подобри ситуацијава гледано на оваа проблематика.Ние оваа година треба да поцнеме на училиште ама во кое ?. Ние сакаме да оди во редовна паралелка  со претходна консултација со дефектолог а кога бевме сега на рекатгоризација ни велат даја пустиме во специјална дека во редовната нем да постигнете никаков успех со девојцето дека материалот е преобемен зада мозат даго сватат тие деца и ред други работи.Секако немозе дасе постигне успех затоа сто тоа дете бара голема захтевнос дека редовниот наставник немозе да работи сонего бидејци незна е како затоа трба дефектолог. А кога прасавме дали во тоа уцилисте каде сто сакаме даја записеме ни казаа дека немаат доволно пари за тие педагози а камоли да вработат усте еден. Сто да казез катастрофа.
Беки а ти немој дасе запрепастувас од тие луге бидејци кај нас сеусте постоја а ице постојат усте долго време.Мене во очи миго има казано ДОКТОР тоа верувај сто нинајмалку него очекував тоа од еден образован човек. Да слушаш ида неможеш да веруваш.Кеви писам уште




srcence_25 -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (31.1.2010 19:17:20)

Dusicki mali....pa zarem i tie nemaat pravo da bidat tretirani kako i site drugi deca??? decata nesmeat da bidat diskriminirani po nitu eden osnov, tie se samo deca! Dusicki milii... Stramno za drzavata, instituciite i obrazovniot sistem sto pravat takva diskriminacija....[sm=zmeden.gif]




beki RR -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (31.1.2010 19:45:46)

Viktorija, mislam deka ti mnogu dobro za kade e tvoeto dete i ako sakash da odi vo redovna nastava sigurno znesh zoshto taka sakash.
toa shto jas sakam da te prasham e dali tvoeto dete znae da cita?
Vo belgija se zapoznav so edna majka od danska, nejzinoto devojce ne zboruva, megutoa cita , znae mnogu jazici.Majkata mi kaza deka mnogu od ovie deca znaat da citaat ama roditelite ne se svesni deka decata ja imaat taaa sposobnost.
Znam edna programa, koja sega pocnav da ja primenuvam za Ana, programa za citanje, a na ist nacin se uci i matematika i se shto sakash.Iznenaduvackise rezultatite od ovaa programa.Ako te interesira ke ti pisham kade mozish da najdish informacii,a mozam i da ti objasnam.




hristi -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (31.1.2010 20:28:33)

Jas se izvinuvam Viktorija sakav da ve prasam kade ziveete
i vo koe redovno uciliste bi go zapisale vaseto dete .Po nekoja SLUCAJNOST JAS RABOTAM VO UCILISTE I KAJ NAS SE FORMIRANI DVE PARALELKI ZA DECA SO POSEBNI POTREBI KADE STO UCAT ZDRAVI DECA NO STO SE INTELEKTUALNO ZAPOSTAVENI ILI STO KASNAT ZA RAZLIKA OD NIVNITE DRUGARCINJA.PARALELKITE SE VO SKLOP NA UCILISTETO A DEFEKTOLOZITE SE OD UCILISTETEO IDNINA .Mozda bi mozele so baranje do vasata opstina od strana da direktorot na ucilistesto da se formira takva paralelka ili sl .dokolku sakte moze da stapime vo kontakt ,za nekoi drugi pojasnuvanja.Jas kako roditel na dete so cerebralna koe odese vo redovno uciliste i so postojan pridruzba od nasa strana mozam da vi gi razmenam iskustvata.Pozdrav




melody -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (31.1.2010 20:40:36)

Uste vcera ja procitav temava i dolgo vreme razmisluvav dali da napisam nesto ili ne zosto ne sakam da bidam pogresno svatena ,a i nesakam nikogo da povredam.Mozam samo da pretpostavam so kakvi tezini se borite vie i vasite deca.Moe mislenje mozebi i ne e najdobro, no sepak mislam deka decata so posebni potrebi bi trebalo da posetuvaat specijalna nastava od pricina sto sepak toa e podobro za niv samite.Specijalniot kadar vo tie ucilista moze da im pomogne mnogu poveke i tie bi se obrazuvale mnogu poveke odkolku vo nekoe od redovnive ucilista.Veruvajte vaseto dete bi bilo mnogu posrekno vo sredina slicna na niv samite.Znaeme i samite poveketo od nastavnicite i profesorite po ucilistata kako si ja rabotat rabotata i ne obrnuvaat vnimanie na nisto ,a ne pak koga ke vidat vakvo dete pred sebe i uste znaeme i decata kolku mozat da bidat surovi posebno kon nesto sto ne go razbiraat ,a mnogu malku od niv ke razberat.Sepak se deca i nesmeeme da im zamerime, no edno dete so posebni potrebi koe posetuva redovna nastava  koga ke vidi kako se odnesuvaat drugarcinjata kon nego samo bi bilo uste po povredeno i zasto potoa i vie kako roditeli da odgovarate na nekoi prasanja i dusata da vi se kine pritoa.Pak ke recam mozebi ne sum vo pravo i neznam kako e vo MK vo vrska so ova prasanje ,no mnogu mi e milo sto vasite decinja uspevaat vo mnogu raboti i prodolzete da se borite za svoeto detence zosto toa go zasluzuva toa pa duri i vo mislenjeto da posetuvaat redovna nastava borete se zosto vie najdobro go znaete vaseto dete.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




beki RR -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (31.1.2010 21:21:47)

Poznavam nekolku deca so posebni potrebi koi posetuvaat redovna nastava,pa duri imaat i drugarcinja od ucilishte.Znaci decata najverojatno i ne se tolku surovi.Ne znam, mojata kerka e seushte mala, ne odi na ucilishte,no mislma deka ako roditelite smetaat deka na deteto mu e teshko vo redovno ucilishte bi go smenale vo specijalno ucilishte.Poznavam i nekolku licnosti so CP koi se mnogu uspeshni zivotot, a edna moja rodnina i pokraj toa shto i ima CP posetuvase redovna nastava, od selo e, pa tamu nemaat specijalni ucilishta.Denes taa e majka ,rodi dve deca i raboti.Znaci postojat luge koi ednostavno se pogolemi od svojot hendikep i koi hrabro i gordo cekorat niz zivotot.




makina -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (7.2.2010 21:25:50)

ZDRAVO DRAGI MAJKI,jas sum nova na forumot,i jas imam 3 godisno dete cija dijagnoza e cp.,uste vcera ja citav temata i resiv da pisam,sekoj roditel si e svesen za svojata situacija na deteto,i ako nekoj smeta deka deteto treba da odi vo redovo uciliste znaci deka taka treba da bide,a za toa deka decate se surovi,ne se,mojata kerkicka ima samo 3 godini a ima drugarcinja na vozras od 1 do 10 god.znaci kaj nas doma ima non stop deca.site majki koji imaat vakvi deca moj sovet e da im dozvolite na vasite deca da se igraat so deca bez posebni potrebi zosto tije mozat da naucat mnogu od niv,i imaat poveke zelba zosto tije se trudat da bidat kako niv.... pustete gi decata da zivejat normalno kako sekoj normalen covek[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] pozdrav i [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] za site majki




Anushka -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (7.2.2010 21:38:19)

Драга Макина, ЗДРАВО! Добредојде во РР.
Совршено си во право. Сметам дека во многу случаи од изолираноста, недостатокот кај детенцето само си зема поголем замав. Вклучувањето на децата во секојдневието ги прави посилни и свесни дека се и тие како сите нас.
Ние, како родители треба овоа „заедничко“ живеење, образување, воспитување и раснење да го форсираме, или барем одобруваме, а не како што за жал, се однесуваат некои родители...
Макина, ПОВЕЛИ НА ЗАЕДНИЧКА ДРУЖБА ВО РР!!!




Mila na mama -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (8.2.2010 12:18:15)

Не сум баш најсигурна дека децата со посебни потреби треба да одат во обично училиште. Притоа не е работата да се изолираат или да не се дружат со децата туку едноставно погледнете го нашиот образовен систем. И оние деца кои не се соочени со проблеми во развојот или некоја попреченост имаат проблем со образовниот процес, имаат премногу материјал за совладување, многу неинтересни часови, учат во паралелки со по 30-35 другарчиња, кадарот е незаинтересиран или едноставно не можат да постигнат на сите да им обрнат внимание. Дефектолози се мисловна именка-нема пари да се вработат во училиштата, наставната програма не е прилагодена за децата со посебни потреби да ја следат. Се е експеримент.
Иако теоретски постои поддршка за децата со пречки во развојот кои можат да следат редовна настава, во практиката е поинаку. Инклузијата таква каква што ја замислиле можеби е супер ама каква што се применува е само обична физичка интеграција. Обезбедиле едно столче плус во училницата и со тоа го вклучиле детето со посебни потреби во образовниот процес.
Што да кажам, специјалното училиште верувам е посоодветно и тоа во интерес на детето. Зошто некој да си прави експерименти со него.




tereza -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (8.2.2010 12:33:40)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Иако теоретски постои поддршка за децата со пречки во развојот кои можат да следат редовна настава, во практиката е поинаку. Инклузијата таква каква што ја замислиле можеби е супер ама каква што се применува е само обична физичка интеграција. Обезбедиле едно столче плус во училницата и со тоа го вклучиле детето со посебни потреби во образовниот процес.
Што да кажам, специјалното училиште верувам е посоодветно и тоа во интерес на детето. Зошто некој да си прави експерименти со него.



потпис
јас сум била сведок на тоа како се интегрираат овие деца во настава,и тоа е навистина тешко за жал.Колку и да се труди наставникот да го задржи вниманието на детето,не успева во тоа,а покрај него и другите деца страдаат.Наставникот кој не е стручно обучен за работа со деца со инклузија неможе да се справи со тоа,значи неминовно е тоа дете да биде во настава каде ќе има дефектолог кој е стручен за такви деца.




zami -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (8.2.2010 13:23:33)

Kako sto kazaa pogore, roditelite na decata so pp najdobro si gi znaat svoite deca i sigurna sum deka na bi ni pomisluvale na redovno uciliste ako ne mislat deka nivnoto dete i pokraj preckite ke moze da se spravi so toa.

A ako sakame istite da dobijat barem del od pravata koi im sleduvaat, a tie prava ke treba da im gi dadat ,,nasite deca,, , odnosno tie koi nemaat precki vo razvojot, najdobro ke bide da se integrirani od samiot pocetok odnosno od najrana vozrast.

A toa deka pedagozite ne se spremni da rabotaat so takvi deca mislam deka ne e tocno, pa vo specijalnoto uciliste matematika sigurno ne im predava defektolog tuku pedagog.

So drugi zborovi jas sum ZA inkluzija na decata so posebni potrebi




mother 29 -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (8.2.2010 13:35:12)

ИЗВОРНА ПОРАКА: zami


pa vo specijalnoto uciliste matematika sigurno ne im predava defektolog tuku pedagog.




моја добра другарка(дипл.дефектолог) води специјална паралелка во склоп на основно училиште .значи станува збор за паралелка со 6 деца(1 и 2 одд. заедно),целата настава и ја води таа,значи сите предмети ги обработува таа.часот трае 30 мин.




makina -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (8.2.2010 21:11:03)

jas mislam deka sekoja majka si e svesna za situacijata na svojeto dete,i ako smeta deka nejzinoto dete treba da odi vo redovna nastava znaci deka taka treba,jas zivejam vo selo i vo naseto uciliste ima edno dete so cp i site deca go prifakaat,decata ne se surovi samo se seuste mali za da gi svataat rabotite kakvi se,




Mila na mama -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (7.3.2010 13:09:19)

ИЗВОРНА ПОРАКА: zami

roditelite na decata so pp najdobro si gi znaat svoite deca i sigurna sum deka na bi ni pomisluvale na redovno uciliste ako ne mislat deka nivnoto dete i pokraj preckite ke moze da se spravi so toa.




Сите сме често нереални кога се работи за нашите деца или подобро кажано слепи од љубов. Разговарав со една госпоѓа вработена во Златан Сремац која вели дека се среќаваат постојано со родители кои едноставно не можат да ја прифатат состојбата или се во фаза на негирање. Сите сме се нашле во ситуација да ги прецениме можностите и способностите на сопствените деца. Меѓутоа со запишување во редовно училиште наместо во специјално речиси никогаш не им била направена услуга на децата туку обично родителот се разочарувал од својот избор и по 1 година или полугодие го носел детето во Златан Сремац.




ирина -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (12.3.2010 13:12:10)

pozdrav do site-od diplomiran defektolog,postdiplomec,na tiflologija.
So seta pochit kon komentarot i razmisluvanjeto na gospodjata od Zlatan Sremac,koe go prenesovte,moram da kazam deka vo posledno vreme stavot na vrabotenite vo posebnite uchilichta se povece odi vo pravec na toa deka decata so POP treba da posetuvaat samo i edinstveno posebni ucilista,sto me revoltira.osobeno od kako se promovira idejata za Inkluzijata na ovie deca vo redovnite uchilista.
Sum za inkluzija,edistveno se razbira dokolku vo ucilisteto postoi defektolog koj ce raboti so niv.Medjutoa krutiot stav na vrabotenite ,osobeno vo Zlatan Sremac,i delenjeto "soveti"na roditelite od tipot deka deteto edinstveno ce napreduva vo ramki na posebno ucliste ne e na mesto.
vrabotuvanje na defektolzi vo redovni ucilista e reshenieto !
pozdrav




Mila na mama -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (12.3.2010 13:20:34)

Тукушто се вратив од трибина на тема Инклузија и интеграција на лицата со посебни потреби во општеството со претставници од МОН, МТСП, Златан Сремац, Димитар Влахов, Правен Факултет. И морам да ви кажам дека не се работи за тоа како треба туку каква е реалност. Убаво би било да се вработат дефктолози и да се помали паралелките во редовно училиште и да може да им се обезбеди дополнително внимание на децата со пп ама не е така и според информациите на МОН нема ни да биде така наскоро затоа што проектот на инклузија е долготраен процес кој меќудругото напредува поспоро од посакувањата и се соочува со многубројни пречки. Нивно своевидно решение кое е во план без временска рамка е вработување на т.н. мобилни дефектолози кои треба да шетаат од школо во школо. Оттаму ставот на специјалните училишта дека на децата им е подобро да се запишат кај нив барем ќе бидат поштедени од разочарување. А не е дека се плашат оти ќе им недостига работа верувајте има премалку вакви установи така што тие што се треба максимално да се искористат.




Mila na mama -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (12.3.2010 13:25:17)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ирина

"soveti"na roditelite od tipot deka deteto edinstveno ce napreduva vo ramki na posebno ucliste ne e na mesto.
vrabotuvanje na defektolzi vo redovni ucilista e reshenieto !




Се согласувам дека тоа е решението но ако ги согледате состојбите во нашето образование тоа реално нема да се случи во скоро време. Па тие не можат сметки за греење да платат а не пак да вработат дефектолози и да им исплаќаат плати. Затоа е советот на вработените во најдобар интерес на децата. Поентата детето да напредува и да има корист од одењето во школо а не само да седи во иста училница со 33 другарчиња и 2 учителки кои ја немаат потребаната стручна подготовка, време и услови да му се посветат.




beki RR -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (12.3.2010 13:35:05)

Мене тоа што ме нервира е што носат закони, а после не можат да ги спроведат.
Во хрватска тој закон одлично функционира,кај нас ....шо да кажам не знам.Има деца со пп кои имаат само физички хендикеп и за нив не е специјално училиште.
Во секој случај треба да се најде местото каде детето ќе биде најсреќно и каде ќе може на најдобар  начин да се реализира себеси.Дефинитивно , најважно од се е детето да биде среќно.




mother 29 -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (12.3.2010 13:38:57)

јас гледав сега скоро за Хр. имаше за инклузијата на тв.
таму со секое дете има и дефектолог присутен ,седи до детето низ сите часови за тој ден и му помага и дополнително му објаснува!




nadica -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (12.3.2010 13:45:41)

уф колку се нервирам за темиве [sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif]
да така треба да биде мотхер29 но кај нас нема на цело училиште ниту психолог ниту дефектолог а не пак на секое дете кај нас треба да се штеди и се крати каде што е најпотребно кај децата во училиштата




ирина -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (12.3.2010 16:39:11)

дали на трибината  претставниците од МОН,можеби спомнаа,зашто ја префрлаат топката во врска со вработувањата на дефектолози во редовните училишта на локалната власт?




Decata -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (17.3.2010 16:44:17)

Zdravo....jas sum nova,i jas isto kako i drugi se macam so istata problematika.Za rezultat na svojata kerkicke koa e petto odelenie, samata se izboriv za defektolog (volonter ) da doaga i da raboti so nea.Vo momentov ja ima samo mojata kerkicka a i se najaveni uste deca i treba da se sest mislam.Kolku e samo srekna sto konecno nekoi i nejze i posveti vnimanie vo skolo.Inace ne sakase da odi voopsto vo skolo,duri nesaka ni da sedi sega so decata,ja saka samo Marija (defektologot) i nisto drugo.Znaci sama vi pvtoruvam,bukvalno za raka ja donesov vo skolo...inace od rabotata nisto.Ostanuva sega da se nadevame na se dobro........[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>