Сок (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


mami -> Сок (18.6.2009 21:06:07)

Од кога може да му давам од обичните тетрапак сокови? до сега си пиеше од оние на несле децките ама како ни кажаа дека сме слабокрвни мајками денес земала тетрапак сок од боровница демек збогатен со железо ама и било страв да не му е концентриран многу па му го разблажила со водичка...ама мислам дека веќе ништо нема да му биде ако пие обичен сок нели[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Сок (18.6.2009 21:12:04)

Внука ми од сестра е приближно иста возраст како и Лука (13 месеци) и пие од соковите на Фруктал. Може, зошто да не, но добро е што мајка ти го разредила малку, сепак сокот од боровинка е малку поспецифичен.




katence -> RE: Сок (18.6.2009 21:29:25)

I jas mislam posebno sokot od borovinka malku da se razredi.




mis. -> RE: Сок (18.6.2009 21:46:08)

И јас на годинка почнав со тетрепак сокови и најчесто ги купував тие 100% овошје што се.




profesorica -> RE: Сок (29.10.2009 11:15:59)

кои сокови од тетрапак им ги давате на вашите деца да ги пијат???и од што? дали им ги мешате со вода???или чај?

јас се осеќам некако безвезе демек и да е 100% ми е некако нездраво ова и би сакала кога би можела д аму давам нон стоп цедени сокови бидејќи се поздрави ама неможам секогаш, излезени сме скоро секој ден си доаѓаме во 9 саат и одма во кревет и некако ми паѓа криво и безвезе.а вие?




mis. -> RE: Сок (29.10.2009 11:21:25)

Па најубаво е свежо цедено сезонско овошје но секогаш не сме во можност па јас му купувам на јафа 100% или на вива но тоа на Мартин а на стефан му купувам од оние бебешките во мали стаклени шишенца.




profesorica -> RE: Сок (29.10.2009 11:24:20)

јас му зимам на дамјан фруктал сок од јаболко или портокал 100% ама си мислам којзнае колку е здраво тоа.додуше со вода и со чај му го разредувам.оние бебешките на фрутек и нестле се доста скапи а има малку во нив.цело литро ќе купиш за тие пари.и затоа почнавме таков да му даваме.

мами кажа дека му дава од боровница, капина малина, на Лука па ме интересира од кои и дали од тетрапак и ме интересира и другите мајки каков сок им даваат на децат аи колку количински го пијат????




ripce -> RE: Сок (29.10.2009 11:26:55)

До скоро му купував нон- стоп Хипп ама кај можеш да стасаш 50 ден. за 200 мл сок и + прашање е колку корисни состојки содржи? Сега почнавме во соковник да правиме или ќе купиме овошје и мајка ми во еспрес лонецот ќе го свари и ги полниме шишенцата од Хипп




mami -> RE: Сок (29.10.2009 11:31:44)

Да професорице, тетрапак му давам и најчесто е од боровница, тој му е омилен, од САнголд. Пробав со еден друг, незнам како се викаше и не сакаше ни да ми го проба, а овој од Санголд го обожава и оној домашниот што му го правам со цвекло, морков и јаболко- за железото. А портокал, киви, праска- тоа не сака ни да чуе..само црвено да е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mis. -> RE: Сок (29.10.2009 11:32:08)

За фруктал има податок сигурен дека не се на квалитет толку добри.Од нив останало само традицијата,името а со квалитет се далеку од оној што  ние го знаеме од порано.




mami -> RE: Сок (29.10.2009 11:34:26)

Анице па кога веке имаш соковник што ке ти е да купуваш? Цеди таму природно...




profesorica -> RE: Сок (29.10.2009 11:35:52)

па и вива пиеме ама моментално од јаболко од фруктал.а казете ми 100% тни има давате од тетрапак или и обични.
бидејќи мене ми е многу страв од состојките во тие мешаните.пазете на опаковката ако пишува лимонска киселина тоа не чини.




mother 29 -> RE: Сок (29.10.2009 11:37:16)

во соковник се поретко му правам,за викенди кога сме дома,инаку пиеме на вива праска и браво-јаболко и портокал!




mis. -> RE: Сок (29.10.2009 11:37:19)

А Мартин пак само портокалов да е не сака ни да види жолт(јаболко) или црвен(боровница,јагода,вишна)




mis. -> RE: Сок (29.10.2009 11:40:35)

Јас внимавам да нема додаток на шеќери и емулгатори онаа ознака Е.100% тетрепак но ако му го разредуваш со вода не мора да бараш 100% можеш и 50% сок да земеш.Тоа 100% не значи дека нема други додатоци.




profesorica -> RE: Сок (29.10.2009 11:42:42)

јас гледам да е 100% баш поради емулгаторит.И немора да значи дека се обележани само со Е.значи пак ќе напоменам,опасниот емулгатор Е330 е лимонска киселина а таа ја има во многу тетрапак сокови.




mami -> RE: Сок (29.10.2009 11:46:52)

леле па каква мајка сум јас?!..кога ке ве прочитам вака- 100% или 50% или разреден или со незнам какви емулгатори- јас ретко кога нешто од тоа гледам. Лука несака сокот да му е дополнително разреден со вода, значи како е во пакувањето така му го давам... и пробувам со тоа што највеќе ќе го бендиса со тоа и продолжувам..




profesorica -> RE: Сок (29.10.2009 11:49:07)

Јас многу пазам за тие емулгатори, особено ако не се разредува сокот, а доста го пие, овие сите од вива, санголд и други што не се 100 % мисламд ека содржат лимонска киселина, такви ни јас не пијам па камоли на дамјан да му давам.пррррр...




mother 29 -> RE: Сок (29.10.2009 11:54:29)

да разјасниме ..колку и да гледаме тоа е..сите имаат лимонска киселина или нешто слицно,инаку како рокот би им бил по 2 год(логично)

се знае како е најдобро(цеден)а останатита сите се исти[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mis. -> RE: Сок (29.10.2009 12:03:02)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

да разјасниме ..колку и да гледаме тоа е..сите имаат лимонска киселина или нешто слицно,инаку како рокот би им бил по 2 год(логично)

се знае како е најдобро(цеден)а останатита сите се исти[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

Се согласувам




profesorica -> RE: Сок (29.10.2009 12:08:29)

За цедени сокови не правам ни муабет-се знае дека е најдобро свеж цеден и во моментот приготвеи и даден.Но...не се сложувам со тоа дека сите други се исти.па и по вкус се разликуваат а камоли по додатоци.100% тетрапак не е исто како другите и јас си пазам и си гледам што купувам.
јас и понатаму стојам на своето.




mami -> RE: Сок (29.10.2009 12:15:09)

можеби е глупаво прашање но сепак- Кои се 100% тетрапак а кои 50%, тој дел не ми е баш јасен?




profesorica -> RE: Сок (29.10.2009 12:16:43)

па 100 % пишува на сокот а 50% мис најверојатно мисли на останатите што не се 100%.




mis. -> RE: Сок (29.10.2009 12:20:51)

На сите паковања пишува колкава е застапеноста на овошјето во сокот изразени во проценти.Имаш 100% сок од чисто овошје а и 20,30,50%сок што ја означува концентрацијата на овошјето во сокот.Тие од 50% се 100% сок разреден пола со вода.Освен тие што се внатре со пулпа.




mother 29 -> RE: Сок (29.10.2009 12:24:11)

кога нешто има толкав рок на употреба,мора да има( којзнае какви ли )адитиви внатре(се мисли на составот ,не на вкусот)!како може да стои 100 % цеден сок во чаша 2 год....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]  тој не издржува еден ден ,ако нема конзерванси 1001 во него!

тоа ми беше зборот..за составот .....
што вреди ако има во 100 % -3 портокали повеке,кога има исти адитиви како и сите останати!?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
а секој нека си мисли како сака и нека купива што мисли дека е најдобро за неговото дете!




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>