baby_bump -> RE: Уроци, видовитост, магии !?! (7.10.2010 17:06:47)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: eci olivia eve ti srcka brojce od eden star covek vo kumanovskoto selo cegrane ama ti javise i ke ti kazat potocno 070/641449 Rasit se vika covekot nebara pari kolku ke ostavis tolku mene mi izvadi ziva poz pa pisimi Прво да кажам дека секој има право да верува во што сака, кој не сака да верува во вакви работи, не мора, но дека постојат зли луѓе, постојат, но постојат и такви кои можат да ја исчистат направената магија. Тоа дека овој човек од Кумановско не бара пари и дека не може да ти ја извади живата, не е точно. На мене ми ја извади живата од матката пред очите на мојот сопруг. Дека не можел да допира туѓи жени оти верата не му дозволувала и на нас ни го кажа, но така вели за да види колку сте подготвени да платитте и колкава ви е маката. Тој на нас ни кажа дека живата ми е ставена во кафе или сок за да не можеме да имаме деца и дека живата ми се наоѓа во матката (ние кај него отидовме по препорака на едни пријатели и тоа после скоро 3 години безуспешни обиди да останам трудна без никакви медицински причини за тоа, а имаме големи проблеми со мајка му на сопругот и нејзините black magic активности). Откако навалувавме и јас и сопругот дека може да ме допре каде сака во присуство на мажот ми, тој рече дека единствен начин е да му платиме 100 евра, а тој ќе порача некаква амајлија од Турција, со која ќе ми ја извади живата. Му плативме, се потпишавме и ние и тој на еден лист и за една недела тој ни се јави да дојдеме кај него. Амајлијата ми ја стави на стомак во лежечка положба, постоја 5 минути и со една лупа тој од мојот стомак ми извади некаква сива густа течност, во облик на мало топче. Топчето го стави на маса, го удри со прстот и тоа се распрска во многу помали топчиња кои потоа пак се собраа во едно поголемо топче и рече одете си и немајте гајле, сега се ке биде во ред. И јас и сопругот сме високо образовани луѓе, и не сме наивни, имаме по 36 години, така да не може никој да ми каже дека дека тоа што го видовме е некој магионичарски трик, затоа што на некои луѓе така им изгледаше кога им кажував. Е сега, дали тоа бече жива или не јас не знам, единствено знам дека после 4 месеци од тој настан, јас останав трудна. Дали е тоа вистина, нешто потсвесно или коинциденција, исто така не знам. А за тие што прават такви лоши работи: господ ќе ви суди.
|
|
|
|