AnnaMolly RR -> RE: Да го пофалиме нашето детенце (7.1.2012 0:37:56)
|
Го научи и името да си го кажува. Вика Пииф [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Морам да го пофалам дека секој ден ме изненадува, ми кажува нови зборови, почна и со цели реченици. Најинтересен е кога ја пее Едно маче, мало маче. Вака пее : Ено мате, мало мате, там да му е, не се мие, види гупте мупте, бега, крие. Да преведам: Едно маче, мало маче, срам да му е, не се мие, штом ќе види глувче мувче, веднаш бега и се крие. Буквално цела песна ја пее од почеток до крај, а никако да го уловам да го снимам. Штом види телефон или апарат накај него, престанува со се што прави. Ја пее и Никола Никола, ама само првите зборови: Никоа, Никоа, тутува. (Никола, Никола, нешто чудно ми се случува). Јас му пеам: Топчето ми... Тој: падна. Јас: Калинка го... Тој:грабна. Јас: дај ми го... Тој:Таинке. Јас: не ти го... Тој: давам... И така се до крај, секој 3-4 збор тој го пее.
|
|
|
|