Neurotoxin RR -> RE: Да го пофалиме нашето детенце (20.3.2015 17:42:30)
|
Ќе пишам овде, зашто ем сакам да прашам ем сакам да си се пофалам. Мојава ѕверка на мојот роденден, имам снимка кај што ја пее едно маче мало маче, ја пееше точно и цела, беше внесена. тогаш имаше само две години. А летото ја пееше twinkle twinkle little star, јас и ја пеев секоја вечер пред да заспие откако е родена до тогаш, после префрли сакаше приказни место песнички. Сега веќе на две години и четири месеци си игра и си пее, некогаш песна што ја знае, а некогаш некоја новокомпонирана со неразбирливи зборови, а и знае многу работи како се викаат на англиски. Нормално е за пеењево или детево е талентирано (многу сакав музички талентирано дете уште пред да останам трудна) па може си замислувам [sm=smiley36.gif] а може има и улога, она кога беше многу мала, зборам дури и првиот месец, кога и создавав ред за спиење, во оние два часа додека беше будна, не ме биваше за зборење и правење глупости, башка и со царски бев и неможев да станувам, ќе пуштев детски песнички, ќе ја седнев во релаксатор карши мене и и пеев, до ден денес место цртани пуштаме музика. Може и тоа има влијание. (Јас сум далеку од музички талентирана, да се разбереме ) [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|