Bethany
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka Немој да мислиш дека така ке биде секогаш. Оно немора да значи и јас ова што го пишувам ама такво беше и моете дете се додека не порасна и почна да разбира. Има време сега за сега уживајте додека сте мирни и умни. ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR Јас да го пофалам мојот син дека е многу умен кога одиме на гости некаде. Значи му носам играчка, тој малку со неа се игра, ништо не фаќа по куќата што не смее, кафиња, чаши, друго нешто на масичката не фаќа и не бута, се прошета, протрчи, се смее, ама ми е многу битно што нема лом после нас. Има трпение и се уште се убаво разбираме со збор. Се надевам дека така и ќе остане понатаму. Знам дека многу улога игра и темпераментот на детето, ама не сакам кога луѓето со деца на гости, или во ресторан, воопшто на јавни места, остават хаос како бомба да е падната, па на тие што треба да распремат позади нив им се смачи од се. Слободно викајте не на гости, примерни сме Што знам Кикичке, јас земав во предвид дека уште на оваа возраст децата се многу активни, ама мислам дека тој знае што треба а што не треба да фаќа, што е дозволено, а што не. И сега и кога ќе биде поголем и понатаму никогаш нема да смее да ги фаќа и ломи туѓите работи, ниту дома, а не па некаде на гости. Или да фрла и мава по чаши и шољи и да обара се што е пред него, намерно. Ако дојде до такви испади, правец дома, па дома ќе се коригираме. Знам дека доста улога има темпераментот на детето, ама повеќето мислам е до воспитувањето. Многу, многу разбираат, некогаш се запрепастам што ме разбере а јас и не очекував. Ми оди во прилог што не е инаетливо дете и своеглаво, а мислам дека такви деца тие особини ги покажуваат уште на помала возраст него што е тој сега, така да искрено мислам дека нема да има баш драстични разлики ни за година дена. Мислам ако сега се разбира од збор, во повеќето ситуации, па очекувам кога уште повеќе разбира да биде уште поумен. Ај ќе пишам пак за некое време, се надевам нема да бидам разочарана Инаку, ај пак да го пофалам Денес му беше трет пат како оди на фризер. првите два пати многу плачеше (јас не знам, тоа со татко му оди на фризер-машки де) и после му збореше мм кога и да поминуваат во прошетка покрај салонот за шишање како ќе ја скратува косата и му импровизираше како ќе му се ишиша коса итн. и тој го слушаше и денес кога го одведе се време стоеше мирно и се смееше. Се разбират, некогаш само им треба повеќе припрема. Уште сега почнувам да му зборувам за голема вода и песок и му покажувам слики па кога ќе одиме на море да не се плаши да спусти нозе на песок ко лани. Мали умни глави
< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 25.5.2013 23:21:37 >
|