Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 19.9.2014 11:16:22
Snowhite RR
Леле и Михаил некни си ја среди собата, ама од ќеф тој. Бевме излезени да гледаме детски креветчина, ама не купивме, решивме да порачаме, ама тој си врза во главчето дека готово го купивме и одручекта имаше другарчина од комшиите и ги растурија играчките и тој кога стана сабајлето правец в детска и сите играчки ги среди, да било средено за креветчето кога ќе му го донесат. Како и да е за пофалба е А, и сега не пушта таму да му растураат за креветчето
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Да го пофалиме нашето детенце 4.1.2015 10:46:03
sandriana RR
Се токмам 2 недели да ја пофалам Тина, никако да стасам да пишам - ја научи да ја изговара буквата Р! Има 3 години и 3 месеци, и имаше тортура по дома за вежбање на Р, но пред 2 недели кога ја земав од градинка, прво тоа ми кажа и покажа - научила да ја изговара Сега се употребува и кај треба и кај не треба А да - и научи да пишува букви - Н, Т, А и О.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 20.3.2015 17:42:30
Neurotoxin RR
Ќе пишам овде, зашто ем сакам да прашам ем сакам да си се пофалам. Мојава ѕверка на мојот роденден, имам снимка кај што ја пее едно маче мало маче, ја пееше точно и цела, беше внесена. тогаш имаше само две години. А летото ја пееше twinkle twinkle little star, јас и ја пеев секоја вечер пред да заспие откако е родена до тогаш, после префрли сакаше приказни место песнички. Сега веќе на две години и четири месеци си игра и си пее, некогаш песна што ја знае, а некогаш некоја новокомпонирана со неразбирливи зборови, а и знае многу работи како се викаат на англиски. Нормално е за пеењево или детево е талентирано (многу сакав музички талентирано дете уште пред да останам трудна) па може си замислувам а може има и улога, она кога беше многу мала, зборам дури и првиот месец, кога и создавав ред за спиење, во оние два часа додека беше будна, не ме биваше за зборење и правење глупости, башка и со царски бев и неможев да станувам, ќе пуштев детски песнички, ќе ја седнев во релаксатор карши мене и и пеев, до ден денес место цртани пуштаме музика. Може и тоа има влијание. (Јас сум далеку од музички талентирана, да се разбереме )
RE: Да го пофалиме нашето детенце 21.3.2015 2:32:52
marchi
Mene mi se sluci ednas edna neverovatno smesna slucka. Mu smenuvav na stefan pampers i otkako go zatutkav pampersot i go srediv deteto zabiraviv da go frlam pampersot i gledam po nekoe vreme ide stefan i se kara na nekoj negov jazik, bev sednata i gledav tv pa ne mu obrnav vnimanie dodeka ne mi go frli pampersot vo faca. Od togas vednas stom ke sleze od krevet sam go zema pampersot i si go frla. Bogami se zasramiv sto toj imal povekje pamet od mene
RE: Да го пофалиме нашето детенце 1.7.2015 21:37:42
Felly RR
Морам да ја пофалам мојата девојка колку е порасната, и колку е внимателна, самостојна, грижлива што воопшто не ми прави проблеми поради тоа што поголем дел од денот лежам. Многу работи што претходно сме ги правеле заедно, сега без проблем ги прави сама, и мене ми носи она што ќе и побарам без проблем, дури и без да и побарам ми мести перничиња за да ми биди поудобно додека лежам, ми ја мести столицата да си испружам нозе, не и пречи што главно играме додека јас лежам. Дури и ако станам, одма ми вели - Ама мамо, ти треба да одмараш, лежи. Вчера дури и ме изненади, правевме муабет со свеки за нејзината детска дека некои работи може и одпосле да ги докупиме, свеки вели - јас ќе го чувам бебето, вие ќе претрчате до продавница ќе одберите нешто, а М и вика - аха ќе претрчаме, тие ќе одат сами, јас ќе седам дома со бато, може ќе треба нешто да ти помогнам. Навистина е и одлично ја прифати целата ситуација.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 29.10.2015 2:19:16
MamaKiki
да се пофалам со нашиот прв збор освен мама, тата , баба, еј , кои се секојдневие имаме конкретно зборче за предмет - нашата омилена играчка ОПЧЕ за топче мама најсрекна и ептен возбудена
RE: Да го пофалиме нашето детенце 29.10.2015 7:29:01
Felly RR
Морам да го пофалам К, што ме остави да се наспијам денес, па уште во 6 часот бев свежа Кога се навикнуваш на будење на секој саат, пола саат.... и 2,5 часа поврзано спиење ти се одлични.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 29.10.2015 10:32:20
sandriana RR
Да се приклучам на пофалбите - И научи да кажува колку години има - го крева показалчето високо и вели - ЕДЕН, сета окезена. Знае дека кажала нешто паметно (има 13 месеци). Инаку, веќе знае како се вика сестра и (тоа го научи веќе поодамна), знае како се вика братчето на Пепа Прасе (Џоџ го вика), знае дека на Happy B-day песничката се дува свеќичка....умна е за сега
RE: Да го пофалиме нашето детенце 30.10.2015 12:07:13
sandriana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: MamaKiki
сандриана браво за малото моево не дава рака негова за да му показиш пр како е да држи кренато едно прсте а тука сме со возраста
Мојата е папагал - учи од гледање, со имитација. Да покажува колку години има научи гледајки ме мене како и покажувам јас - поставувам прашање и го одговарам со гестикулација, а таа снима, и после неколку повторувања, следниот ден го повторуваа таа.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 24.1.2016 19:16:50
sandriana RR
Малото ќере на 16 месеци знае 5 песнички (не баш чисто ги изговара зборовите, но се разбира ), со мааала помоѓ брои до 10, и веќе склопува прости реченици од 2 до 3 збора. И има желба да седи на нокшир . Големата (4,5 г.) ќе ја пофалам дека доста умешно се справува и се грижи за помалото.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 25.1.2016 12:47:45
marchi
vcera stefan mi vika deka go boli zabceto mu vikam ke pojdime na bolnica kaj doktorot da go vidi i da go namacka mi vika ne!zabite treba da se mijat a ne da se odi kaj doktor jas sakam sekoj den da gi mijam!malku smesno malku interesno ama pametno si kaza deteto.sam dosol do takov zaklucok
RE: Да го пофалиме нашето детенце 8.4.2016 15:43:38
Neurotoxin RR
Сакам да си ја пофалам ѕверката, на скоро 3 ипол години, сама, без форсирање и учење почна да ја кажува буквата Р, сега можам да кажам дека многу чисто и разбирливо зборува, освен неколку зборови: НараМче, НеМе, МаксиН, компунтер... Така ги врзала и така ги кажува, јас ја корегирам на секое без форсирање да ме повтори, ама ете така ги кажува