|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
5.2.2010 13:01:36   
mami
Или народски кажано- Неспуштени тестиси

Додека машкото бебе се развива во утробата на мајката, тестисите се формираат во неговата стомачна празнина. Некаде после 28-тата седмица од бременоста, тестисите се спуштаат во скротумот, односно во кесата која се наоѓа зад пенисот.

Кај некои бебиња изостанува спуштањето на тестисите во скротумот, пред да се родат. Особено ова е чест случај кај недоносените бебиња, од причина што бебето се родило пред тестисите да имаат време да се спуштат. Околу 30% од машките, предвремено родени бебиња имаат неспуштени тестиси. Може да не биде спуштен само едниот тестис или пак двата.

Лекарот проверува дали тестисите се спуштени веднаш штом бебето ќе се роди. Доколку едниот или двата тестиса не се спуштени со раѓањето, постои можност тие да се спуштат спонтано до крајот на првата година од животот. Доколку тоа не се случи до првиот роденден на бебето, веројатно ќе би биде предложена операција за нивно спуштање.

Кај некои момчиња пак може повремено тестисите да се качуваат, а потоа повторно да се вратат во скротумот. Ова е нормална појава, но треба да биде испитана од специјалист за да се утврди дека не станува збор за неспуштени тестиси.

Доколку тестисите не се спуштат постои можност да се јават следните проблеми:

-Плодноста на детето кога ќе порасне може да биде намалена. Ова се случува од причина што за нормален развој на сперматозоидите не им одговара температурата во стомачната празнина, туку е потребно да се развиваат на пониска температура, која им е овозможена во скротумот.
-Доколку тестисите останат во стомачната празнина има поголеми шанси да дојде до нивно оштетување.
-Има поголем ризик од заболување од рак на тестисите.
Кога ќе порасне, детето може да биде вознемирано и да се срами од несиметричниот изглед на скротумот.

< Поракaта ја уредил mis. -- 7.2.2010 13:48:30 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
5.2.2010 13:04:33   
mami
ТРЕТМАН НА НЕСПУШТЕНИ ТЕСТИСИ

Заради можноста да дојде со спонтано спуштање на тестисите, не се превзема ништо додека детето не наполни една година. Ако и по истекот на една година, не дојде до спуштање на тестисите, тогаш се препорачува да се направи операција за нивно спуштање.

Хирургот прво ќе се увери дали тестисот е здрав. Операцијата се прави така што се прави мал рез, се спушта тестисот во скротумот и таму се прицврстува. Има извесен ризик да дојде до оштетување на тестисот во текот на операцијата. Исто така понекогаш може да се случи тестисот после операцијата повторно да се повлече во стомачната празнина. Од таа причина, после операцијата е препорачливо да се прават контроли.

За да се намали ризикот од тумор на тестисите, потребно е операцијата да се направи додека детето е помладо.

Повеќето доктори сметаат дека доколку детето има само еден неспуштен тестис, дека ќе има нормален потенцијал за плодност. Ако пак не се спуштени двата тестиса, веројатноста е дека плодноста ќе биде намалена.

За сите момчиња е важно откако ќе влезат во пубертет да научат да прават самопреглед на тестисите, за благовремено да може да се примети можна појава на грутки или тумури.

< Поракaта ја уредил mis. -- 7.2.2010 13:48:52 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
5.2.2010 13:10:00   
mami
ја отварам темава бидејќи една колешка од факултет во среда го носи малиот на операција од овој тип. треба да му го спуштат едниот тестис.. Ќе биде под целосна анестезија и докторите велат дека е рутинска операција и нема простор за паника

< Поракaта ја уредил mis. -- 7.2.2010 13:50:10 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
5.2.2010 13:11:26   
Iva
Михајло бидејќи се роди пред време во 35 недела, тестисите не му беа спуштени. Сега не се сеќавам точни кога и во кој период сами му се спуштија. Фала богу немаме проблеми со тоа.

< Поракaта ја уредил mis. -- 7.2.2010 13:49:49 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
5.2.2010 13:13:56   
Iva
Сега се сетив дека не сум проверила што се случува со Тео. Еве го 1 годинка направи. А не се сеќавам дека на прегледи ми споманале дали му се спуштени или не. Знам за Михајло ми кажаа и потоа следевме и дома дали ќе се спуштат. Нему повремено му се спуштаа па пак на моменти му се повлекуваа. Ама сега е се во ред.

< Поракaта ја уредил mis. -- 7.2.2010 13:49:31 >

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
5.2.2010 13:16:56   
mami
кај нас мислам дека матичната го провери кога бевме прв пат и ми рече дека е се во ред. И јас вака од око како што гледам е се ок.

< Поракaта ја уредил mis. -- 7.2.2010 13:49:13 >

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
8.2.2010 23:07:25   
ripce
Ако не се оперира неспуштениот тестис, настанува стерилитет

Многу често родителите забележуваат дека кај нивните деца едниот или двата тестиса не се спуштени во кесата (скротумот). Тестисите, нормално, би требало да се спуштат во седмиот месец во развојот, кога детето е во матката кај мајката. Неспуштен тестис или крипторхизам означува патолошка состојба кога тестисот застанува или на првобитното место од развојот - во стомачната празнина - или на својот пат до скротумот, при што обично застанува во слабинскиот или ингвиналниот канал. Неспуштениот тестис го има кај околу 0,5 до 1 отсто од детската популација. Во околу 30 отсто, децата имаат едностран крипторхизам, а во околу 25 отсто од двете страни. Кај децата под тригодишна возраст активните мускули околу тестисот може да го повлечат тестисот нагоре. Тестисот во кесата може со прст да го спушти родителот или докторот. Тоа е таканаречен тестис мигранс - подвижен тестис. Таквите тестиси подоцна полесно се спуштаат во кесата и кај овие случаи не е потребна хируршка интервенција.

Ако тестисот застане на својот пат и не е спуштен во кесата, во своето физиолошко место, подоцна може да се појават проблеми - нарушување на излачувањето на сперматозоидите, таканаречена сперматогенеза, и како резултат на тоа да се јави стерилилет. Обично неспуштениот тестис го "следи" и ингвинална кила. Во тој случај многу лесно може да дојде до траума или до завртување на тестисот и на крвните садови во него, крвта недоволно да го снабдува ткивото, што резултира со пропаѓање на "племенитото" ткиво. Во ваков случај е неопходна итна хируршка интервенција. Обично кај таквите деца настануваат и психолошки нарушувања, бидејќи тие забележуваат дека нивниот тестис не е како кај другите деца. За да може да функционира нормално, тестисот треба да биде спуштен во кесата, каде што температурата е пониска од телесната температура. Ако тестисот не е спуштен и се наоѓа во стомачната празнина или во ингвиналниот канал, се развива на телесната температура и настануваат дегенеративни проблеми - "племенитото" ткиво се заменува со сврзно или 'рскавично ткиво и тестисот не може да ја врши својата функција. Обично овие промени настануваат пред и за време на пубертетот. Се смета дека возрасен човек со неспуштени тестиси станува стерилен. Затоа крипторхизмот треба по хируршки пат да се спушти во околу петтата година од животот. Покрај функционалните промени што настануваат како последица од неспуштениот тестис, се смета дека туморите кај децата со неспуштен тестис се почести за 30 до 50 отсто отколку кај децата со нормално спуштени тестиси. Дијагнозата на неспуштениот тестис се поставува со клинички преглед од детски хирург или уролог. Некои лекари на деца од 2 до 5 години им препорачуваат хормонална терапија. Овој начин на лекување треба да се изведе под контрола на ендокринолог. Единствен начин за спуштање на тестисот е хируршка интервенција. Оваа операција треба да се изведе внимателно за да не се оштетат крвните садови и каналчето што ги пренесува сперматозоидите во мочниот канал.

Ако се повредат крвните садови, особено артериските, може да пропадне тестисот, а ако се пресече каналчето, доаѓа до прекин на пренесувањето и на излачувањето на сперматозоидите. Се смета дека идеално време за оваа операција е петтата година од животот на детето. Со спуштањето на тестисот во околу петтата година, способноста за плодност изнесува повеќе од 80 отсто за разлика од луѓето со неспуштен тестис, кај кои тестисот обично ги губи функционалните вредности и стерилноста рапидно се зголемува.

Се препорачува родителите кога ги капат децата да им ги прегледуваат тестисите. Ако тестисите се подвижни, треба да ги спуштат со прстите, а ако воопшто ги нема, треба итно да посетат уролог или детски хирург.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
7.11.2010 21:52:47   
AnnaMolly RR
Филип ќе полни 5 месеци за една недела, а тестисите уште не му се спуштени.
Ја побарав темава и малку ме загрижи тоа што е напишано.
Докторката ми рече да проверам дали му се спуштаат во топла вода, ама јас не можам да забележам разлика.
Има ли некоја од вас слична ситуација со синчето?


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
7.2.2011 19:21:03   
Viktori
АнаМоли, син ми има 8 години. Бил на систематски од школо и замисли докторката таму во детскиот диспанзер во "карпош" му кажала: Кај ти се јајцата???


После тоа денес, после една недела отидовме на ендокринолог (професор Гучев на детска клиника) и си отидовме за 2 минути.
Знае човекот кај да фати и што бара!
Не ги слушајте педијатрите за покомплицирани работи! Одете кај специјалист! Поготово на клиника сите се супер!
АмаМОли, најверојатно ништо не му е, јас чекав 2 саати, а завршив за пола минута! Има среќа школото, инаку малку ми фали да се јавам кај правобранител затоа што дете малолетно, голо без писмена дозвола од родител.. ..Треба да мислат што прават на децата и што им зборат. Мислам хелоу, не се државни веќе...

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори


А инаку тестисите на децата се мобилни до пубертет. Нагоре надоле, лево двата или десно се е тоа нормално!  Нема стерилитет ни страв од него.



< Поракaта ја уредил виктори -- 3.3.2011 22:31:15 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
7.2.2011 21:17:55   
AnnaMolly RR
Добро а зошто голо детето на систематски? Јас прв пат слушам дека голи ги прегледуваат. И како може да му каже такво нешто на глас на детето? За тоа се прави забелешка и се разговара на само со родителот.

А инаку го однесов кај шефот на детска хирургија и го прегледа, рече дека десното му е многу високо во каналот и воопшто не почнало да се спушта, а другото не можеше ни да му го напипа од што било високо. Треба да одам на ехо да видат точно каде му се, па после ќе збориме што следува.

Знам дека се мобилни до пубертет, ама кај него воопшто не се спуштило ни едното ни другото а веќе има осум месеци. Докторот рече дека штом воопшто не мрдаат до сега, нема шанси сами да си се спуштат. А по операцијата (ако треба да се оперира) тие пак ќе си се спуштаат, па ќе се симнуваат, што е и нормално, како што рече и ти.

Не знам, ќе пишам пак кога ќе направиме понатамошни испитувања.
И никој на форумов нема искуство со оваа тема?
Баш би сакала да разговарам со некој што поминал низ ова.

А да го однесам и на ендокринолог? Ќе се распрашам и таму.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
7.2.2011 21:24:44   
Viktori
Да ние добивме упат за на ендокринолог прво, затоа што сепак проблемите на тестисите се поврзуваат со хипофизата и хипоталмусот...
Сепак ова се само разговори со лекар што јас ти ги прераскажувам. Најубаво отиди си и и на ендокринолог. Проф Гичев е секој понеделник во амбуланта во детската клиника на ендокринологија на 2ри спрат.
Инаку операцијата е рутинска, не верувам дека може да има некој проблем, ама сепак види за секој случај дали е неопходна...


< Поракaта ја уредил виктори -- 7.2.2011 21:27:19 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
7.2.2011 21:36:45   
AnnaMolly RR
Ќе се распрашам за да отидам и кај него, во секој случај нема да штети да се видам и со ендокринолог.

А за операцијата знам дека е рутинска, не ме плаши тоа. Ако некој не се плаши од медицински процедури и операции- тоа сум јас, без разлика што станува збор за моето дете. Ќе отидам кај докторов, па ќе пишам што ќе рече.
Фала за информациите, Виктори, ако налеташ на некоја друга корисна информација те молам пиши ми.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
7.2.2011 21:46:07   
Viktori
obavezno, nema problem. Jas cela nedela u depresija bev, coek, a 2 minuti traese pregledot.

Me vikna: Dojdete, napipajte. Na mm: Ajde i vie. I tolku. Mi vika ako sakate krvna slika da si napravite koga veke ste dojdeni. Mu vikam: Ne fala user posted image Si otidovme nie.

A taa od Dispanzerot vo Karpos, utre ke odam da vidam koja e. Sama ke bara roditel pred nareden pat da fati 8 godisno dete za testisi...Pa uste kaj ti se jajcata??? Lele ne znaes sto mi ide da pisamuser posted image user posted image user posted image
Se nerviram so pisuvam...

< Поракaта ја уредил виктори -- 7.2.2011 21:47:26 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
7.2.2011 22:16:18   
AnnaMolly RR
Па и за нервирање е. Не е мала работа. Ама тоа ти е со неписмен народ кога си имаш работа.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
7.2.2011 23:40:44   
Тања РР
Во контекст на муабетот... запознав една жена на која заради тоа што на синчето не му биле спуштени тестисите и не можеле да му ги напипаат еден наш ендокринолог ни пет ни шест и рекол „На крај мајка изгледа сами ќе треба да си го одберете полот на детето“. Замислете како се почувствувала таа кутрата, 6 месеци откако се радувала на син и му дала машко име, некоја без грам совест да и каже дека детето нема дефиниран пол а при тоа да не направи детални испитувања со кои прво ќе го потврди тоа.  Потоа во Солун направиле анализа со која е потврдено дека детето носи XY машки кариотип и со помош на тестостеронски инекции успеаа да му ги развијат тестисите.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
8.2.2011 0:45:20   
mila mama
Ne znam dali da placam ili da se smejam citajki gi postovive...user posted image   (Ausvic user posted image ), ama aj da ne sme oftopik ovie postovite od pogore ke gi prefrlam tuka.

< Поракaта ја уредил mila mama -- 8.2.2011 0:48:59 >


_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
24.3.2011 22:57:29   
AnnaMolly RR
Денес ми закажаа операција за Филип. Првата на 17 јуни, а втората во септември или октомври.

Хирургот рече дека за 3-4 дена максимум се опоравувале, па ќе мора да издржиме.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
24.3.2011 22:58:49   
AnnaMolly RR
Му направија ехо, дефинитивно се потврди дека и двата тестиси се заглавени во каналите, но добро е што се со правилна големина, форма и состав, па останува само да се спуштат по хируршки пат.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
24.3.2011 23:01:13   
Maca25
Срце мило, баш ми е жал што мора да поминува низ ова. Многу гушки за Филип и за мама! 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
24.3.2011 23:03:45   
AnnaMolly RR
И Филип и мама ве гушкаат сите!




_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
24.3.2011 23:05:27   
Pepelaska *
user posted image  за Филип и мама, јунак е тој ќе издржи, Анамоли подобро е сега отколку да има после проблеми така е најдобро

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.3.2011 18:22:43   
mila mama
Anamolly i Filip se ke bide vo red! Ve guskam! user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
29.4.2011 20:04:57   
AnnaMolly RR
На 16 јуни одиме во болница, на 17 ќе го оперираат едниот тестис, а во септември или октомври другиот. Се распрашав по луѓе и по доктори, ми рекоа дека за 3-4 дена максимум детето целосно закрепнува. Во болница ќе седиме максимум два дена. Тоа малку ме потсмири, ама едвај чекам сето ова да помине и да бидам мирна.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
6.6.2011 18:07:27   
Snowhite RR
Денеска го носев на преглед Михаил, му ги напипа тестисите и рече дека не се спуштени и ни даде упат за на уролог. Рече најдобро да го види уролог, сепак е специјалист за тоа и најдобро знае да каже, можеби јас грешам рече, можеби дека беше вознемирен не можев да му ги напипам и ми рече сама кога го капам да проверам, ама јас не знам какоuser posted image
А Анамоли те читав и пред некое време и баш кога ми рече докторката неспуштени тестиси се сетив на Филип, а нели до 1 година спонтано се спуштаат, па после тоа ако не се спуштат се оди на понтамошни интервенции? Зошто кај вас уште пред година ве праќаат на операција?


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
6.6.2011 21:36:03   
AnnaMolly RR
Тестисите на Филип воопшто не му се спуштија, заглавени му се во каналите. Јас знам дека треба да се спуштаат, па се повлекуваат... И така може повеќе од година да тера. Ама важно да се спуштаат. На Филип ВООПШТО не му се спуштија ни еднаш, празни се тие „ќесичките“ (скротумот) јас што ги викам каде што треба да има тестиси. На уролог му правеа ехо и заклучија дека се заглавени и нема шанси сами да се спуштат, па за 10 дена одиме на операција user posted image user posted image user posted image

Ако на Михаил до сега си приметила како му се спуштаат, немај гајле. Но сепак, за да бидеш мирна, оди на лекар.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?