AnnaMolly RR -> RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси (23.6.2011 14:11:18)
|
Операцијата помина подобро од што очекував. Во 08:35 го зедоа во сала, а во 10:30 беше готов. После ме викнаа во салата за будење додека да се освести, па кога се разбуди не вратија во соба, му ставија инфузија во ноџето и си продолжи да спие до кај 15 часот. После кога се разбуди плачеше, изгледа имаше болки. Па сестрата му стави чепче ефералган и се смири. До 21 часот се држевме во раце и шетавме низ ходници за да биде мирен, да не плаче, да не ја откачи канилата во ноџето. Во 21:30 заспа и цела ноќ мирно спиеше. Сабајлето не пуштија дома. Супер е. Следниот ден го седнав да си игра со играчките, а тој се заврте и почна да лази низ цела соба. Си викам, штом сам се пушта да лази, значи не го боли. Бевме на контрола и резот одлично заздравува. Во петок ќе му го вадат кончето. Морам да кажам дека сум воодушевена од персоналот на детското хируршко одделение, сите беа љубезни и услужливи, од сестри до доктори. Веднаш доаѓаа ако му требаат на некого, одговараат на прашања, многу помагаат на пациентите. Хируршкото одделение е реновирано, дури и пријатно е. Собите се како апартмани, со нови кревети, со телевизор, со клима, парно... За тие 24 часа колку што бев во болница, немам да кажам ниедна замерка. Во септември или октомври ќе одиме уште еднаш за другиот тестис, ама веќе знам што ме очекува и ќе бидам поопуштена.
|
|
|
|