Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Еве сме ние домче, операцијата помина супер, исто како и првиот пат. Малку потешко ми беше да го додржам додека истече инфузијата (од 12 до 17 часот), инаку одлично беше. Еве Филип си оди, си игра, се по старо. Ве поздравуваме и фала на сите за поддршката!
Да видевте само како му викаше на докторот Бегај, бегај! Се утепавме од смеење. Тој доаѓа да го земе за операција, а Филип беше зашеметен од еден лек што го даваат пред операција и како пијан беше. Се клатеше како пијаница и му вика на докторот Бегај! Будалче мало. Цело попладне во ходник кај елката го поминавме, пееше Елко, елко...
Ете така, конечно и тој товар ми се симна. Сега ќе седи дома деновиве, па после Божиќ правец во градинка.
Браво за Филип!!! Се радувам со тебе што дојде крај на тоа. Јас не пишав порано, ама бев во тек што се случува и пратив, така да фала на Господ веќе и помина. Поздрав до двајца.
Да видевте само како му викаше на докторот Бегај, бегај! Се утепавме од смеење. Тој доаѓа да го земе за операција, а Филип беше зашеметен од еден лек што го даваат пред операција и како пијан беше. Се клатеше како пијаница и му вика на докторот Бегај! Будалче мало. Цело попладне во ходник кај елката го поминавме, пееше Елко, елко...
Ете така, конечно и тој товар ми се симна. Сега ќе седи дома деновиве, па после Божиќ правец во градинка.
ме изнаесмеа оф срце мало добор е кога се добро ќе заврши. за вас
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
Еве откако се пофалив дека се е во ред, по попладневното спиење качи висока температура и доби грозница. Целиот се тресеше и вика „туди“, му студело, а тој врел како жар. Ми рекоа дека тоа е нормално по операција, па ајде гледам да не се потресувам. Му давам парацетамол и се смирува. А се жали и на болки, вика „тути бои“ тути му е куре
Се јавив и на работа, не одам и утре. Се надевам брзо ќе му помине.

dusice milo.normalno posle operacija e da ima temperatura ne se sekiraj,ke pomine so paracetamol
Majki, pomagajte so soveti! Jakov ima 11, 5 meseci. Denovive primetiv deka testisite ne mu se vo kesickite. A do pred izvesno vreme, se bese normalno, gi imase topcinjata vnatre... Zabelezav deka ne saka dolgo da se banja vo koritceto kako porano. Inaku vaka, ne se slucuva da place, da se fakja tamu dolu ili sl., t.e. ne se slucuva nisto sto ne e nevoobicaeno, sto bi me nateralo da se posomnevam deka nesto ne e vo red.
Maticnata na tel mi kaza deka toa bilo normalno, sega bile vnatre vovleceni zosto bilo ladno vremeto. Sepak, kje go odnesam da go vidi. Mnogu mi e strav, se utepav od placenje cel den.
Bucka dobro ti rekla maticnata normalno e toa nemas potreba od griza, no za da se smiris odnesi go da go vidi.Ili ti podrzi go vo topla voda koga se kapete ke vidis deka se tuka
Уф, ми дојде душа на место. Го однесов кај д-р Чадиковски на детска хирургија, рече дека детето е здраво и нема потреба од никакви вежби или интервенции. Ми објасни дека мускулите на ладно се собираат и тоа ги крева тестисите внатре кон стомакот, а на топло се опуштаат и се спуштаат надолу во ќесите. Сепак бидејќи син ми има мобилни тестиси, рече дека може да се случи (иако е многу мала веројатноста) да се заглават во каналите, па да треба рачно да се спуштат, или во краен случај да се направи интервенција. Рече за 6 месеци на контрола. Во суштина, џабе испаничив. Ама тоа е мајка, а и башка прво дете :D
Тука сум :) Го опериравме во државна на детска хирургија, двата пати Ацо Димов го оперираше и поминавме супер. Се лежи само една ноќ во болница и веќе следниот ден по операцијата детето нормално си функционира, оди, јаде, пие... Ако те интересира нешто подетално, слободно пиши.
Здраво мамички. Ги изначитав сите муабети на темава, ама пошто и ние го имаме истиот проблем (неспуштен еден тестис), јас сакам нешто друго да ве прашам. Разбрав дека имало некои хормонски инекции кои помагале да се спушти тестисто по природен пат. Мене не ми е јасно: дали навистина може да се помине само со инекции без операција или??? И во дилема сум: дали е подобро да правиме операција пошто јас не сум многу по такви хормонски препарати, или не штети да пробаме и со инекцииве?
Треба да одлучам до другата недела, ве молам помагајте.