Hunny -> RE: Проблеми со доењето (17.5.2012 20:31:00)
|
Ципи Рипи, јас мислам дека не треба никој да слушаш, туку да го правиш она што сметаш дека е најдобро за вас. И јас имав слично искуство. Имав многу млеко, ама каналите не ми се отвараа, мислев дека градите ќе ми пукнат. Детето во болница ми го оставија цела ноќ и тоа сирото пиштеше од што беше гладно. Дојдов дома по само 1 ден поминат во болница, одвај на нозе стоев и место да се смирам и одморам уште повеќе ме истрауматизираа. Купивме ад млеко за секој случај, ама муабетите на некои личности околу мене направија да се почувствувам како лоша мајка, демек не сум се трудела, не сум била упорна. Не му дадов од млекото. Место да ме остават психички да се соземам , една од нив, претпоставувате која, ме тегне за гради да ги отпуштела каналите. Почнав да плачам од болка, таа ми вика, нека боли. После јас некако успеав со масажи да ги омекнам градите, ама затоа ми беа модри до скоро, а бебето има скоро 40 дена. Ако поминам без последици супер ќе биде. Патронажната сестра ми дојде дури по 2 недели и тоа ја баравме, ама поарно да не доаѓаше, ме извади од памет, демек [sm=duda.gif] не напредувал, не било нешто во ред, па вечерта од паника го носевме на клиника. Сега на 1 месец ја меревме и напреднала 1 кг. Јас успеав да го одржам млекото и ја дојам, но проблеммите исчезнаа кога решив да не слушам никого и да го следам мајчинскиот инстинкт. Одмолзувај се додека можеш и јас правев така, но ставај го бебушот на града колку да ја почувствува твојата топлина, макар и да не цица. И да не заборавам, кога бев на педијатар, [sm=duda.gif] беше колку твојот, ми рекоа дека на едно доење доволно е да испие 30 мг. Поздрав и биди смирена, зошто бебињата чувствуваат кога сме под стрес.
|
|
|
|