|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Проблеми со доењето
20.2.2010 0:00:22   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Leonida

Па мене педијатрите ми викаа НИКАКО не почнувај со адаптирано. Демек колку повеке ми е на гради толку повеке мене ке ми се ствара млеко. И има вистина во тоа, но кога неколку дена гледаш дека не е сито детето и многу често бара, значи треба да се превземе нешто. Па сега прво дојам и после и ја давам флашата, а до кога ке трае тоа не знам, а и не е битно. Најважно ми е бебето да си е сито


Зошто навечер прво ја доиш, па после и даваш од шише, подобро е навечер кога легнувате да и дадеш шише, а потоа за да не стануваш во текот на ноќта, да и даваш да цица. Мене педијатарот кога ме пуштаа од болница ми рече, бидејќи се уште немав млеко, да го дохранувам, попладне ми рече дека помалку млеко течело и тогаш да му давам адаптирано, а преку ден да цица, а за навечер како што ти пишав погоре, прво адаптирано, а потоа цицање.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Проблеми со доењето
24.2.2010 16:39:06   
Leonida
Извини Snowhite тек сега видов дека си ми пишала. И давам да цица затоа што малку покасно заспива (околу 01 часот) и спие до 7 или 8 саат, а за тоа време мене градите ми се преполни. Наутро едвај чекам да стане за да ми ги исцица, но како поминува денот се помалку имам за нејзините потреби и обично од попладне и додавам адаптирано. Значи во текот на ноќта немам проблем, туку преку ден не и стига.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Проблеми со доењето
2.3.2010 8:54:14   
biljana16
Da ve prasam nesto. Deneska koga se razbudiv od spienje ednata grada mi bese tvrda kako kamen. Vednas mu dadov na maliot da cica a posle toa se izmoliv no pak ja oskam premnogu tvrda. Dali postoi nesto drugo za gradata pak da omekne znaci osven molzenjeto?

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 11:17:34   
Leonida
Ах, луѓе ќерка ми веќе 2-3 дена не сака да цица од мене и многу ми паѓа тешкоuser posted image Успевам да ја дојам еднаш или два пати во текот на ноќта и после преку ден ќе цицне малку и се лути и плаче. Сака да и го дадам шишето за да си се најаде побрзоuser posted image
Пишував претходно дека и давав во просек 2 пати дневно дохрана и така си функциониравме еве скоро веќе 2 месеци. Сега успевам да ја дојам само ако уклучам фен да и бучи (ја смирува), и тоа не е секогаш 100% сигурно.
Искрено јас не можам никако да се откажам од доење затоа што имам млеко. Се случува најчесто навечер само пред спиење да и дадам дохрана за да се најаде убаво и да спие.
Имате ли некаков совет или техника за да ја натерам пак да си цица нормално или нема назад веќе?user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 11:22:49   
April
колку што разбрав од твоите претходни постови, педијатрите те советувале да не ја дохрануваш? а зошто почна?
ќерка ми првиот месец напредуваше само 300гр (премалку), јас имав проблеми со градите, ама бев упорна и после си фативме ред...не посегнав по шишето бидејќи навистина имав многу млеко...и она беше нон-стоп на града, ништо страшно...како растеше, се менуваше...има ли шанси да го тргнеш шишето, штом веќе имаш млеко?

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 11:26:05   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: Leonida

Јас искрено многу сакам да дојам и да нема потреба од дохрана, но што да правам кога не и стига на бебушкаuser posted image  


а од каде знаеш дека не и' стига? добро напредувате со килажа? не мора да значи дека плаче бидејќи е гладна

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 11:27:56   
Leonida
Не сум сигурна дека би успеала без шише затоа што приметив и дека малку помалку млеко ми се ствара овие денови затоа што она помалку ме цица. Јас сум спремна да не и дадам, туку да сум упорна со доење, но не знам дали ке се најадеuser posted image Да не испадне да биде гладничко повеќе....

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 11:30:50   
mis.
се согласувам со април.при проблеми со доењето не треба веднаш да се посегне по адаптирано млеко.за доење треба голема упорност посебно на почетокот кога не е воспоставен процесот на лактација.Пробај со интензивно нудење и доење да ти надојде млеко.Колку повеќе цеца млеко се повеќе ќе има.Дој ја упорно,пиј чаеви за зголемување на лактацијата  и пази на исхраната.

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 11:31:04   
April
обиди се...и биди поупорна, од искуство ти кажувам...го имав истиот проблем, ама не и' дадов адаптирано...
како и да е, сепак ти најубаво си знаеш...мајка си е мајка, а и секоја ситуација е различна

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 11:32:53   
betavitevit
ИЗВОРНА ПОРАКА: Leonida

Ах, луѓе ќерка ми веќе 2-3 дена не сака да цица од мене и многу ми паѓа тешкоuser posted image Успевам да ја дојам еднаш или два пати во текот на ноќта и после преку ден ќе цицне малку и се лути и плаче. Сака да и го дадам шишето за да си се најаде побрзоuser posted image
Пишував претходно дека и давав во просек 2 пати дневно дохрана и така си функциониравме еве скоро веќе 2 месеци. Сега успевам да ја дојам само ако уклучам фен да и бучи (ја смирува), и тоа не е секогаш 100% сигурно.
Искрено јас не можам никако да се откажам од доење затоа што имам млеко. Се случува најчесто навечер само пред спиење да и дадам дохрана за да се најаде убаво и да спие.
Имате ли некаков совет или техника за да ја натерам пак да си цица нормално или нема назад веќе?user posted image


Леонида пробај да задреме па дај и да цица,кај нас ова помагаше бидејќи едно време и мојата ќеркичка одбиваше да цица,а не и давав  дохрана.
Патронажната сестра што доаѓаше кај нас кажа дека меѓу 4 и 6 месеци старост на бебето може да има криза во доењето.
Исто и кај нас најчесто преку ден нејќеше да цица,па ќе ја нишкав на раце да задреме и ќе и понудев да цица,ова успеваше,па и ден денес уште се доиме иако има 14 месеци.

< Поракaта ја уредил betavitevit -- 3.3.2010 11:35:21 >

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 11:40:09   
Leonida
а од каде знаеш дека не и' стига? добро напредувате со килажа? не мора да значи дека плаче бидејќи е гладна



Иако претходно педијатарот ме советуваше само да ја дојам, на 1 ипол месец кога бевме на контрола ми кажа дека не е доволно поправена и дека би требало да ја дохранувам еднаш или два пати дневно. Затоа и почнав и навистина приметив дека стана многу посмирена бидејќи си беше сита. Но изгледа дека не може така  да биде подолго време па шишето си го направи своето и сега тоа си бараuser posted image

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 11:59:21   
nadica
леонида за да ја поттикнеш лактацијата пиј повеќе течности и некој чај за лактација (јас ти прерорачувам hipp) и не и давај адаптирано млеко туку нуди и ја градата неколку дена биди упорна мислам дека ќе ти се исплати

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 12:08:10   
BEBICA
Leonida drga ja se slozuvam so nadica deka treba da pies poveke tecnosti i da go koristis HIPP -oviot caj za doilki.No isto taka e bitna i ishranata.
Od gore procitanoto dojdov do zaklucok deka tebe malata te odbiva ili poradi mlekoto ne i se dopaga vkusot, ili poradi mirisot na kozata.Od iskustvo bi te sovetuvala da ne menuvas kupki ili gelovi za tusiranje zatoa sto tocno znaat da preposnaat mama po mirisot na kozata.
Moze za nekogo ova ke bide smesno sto sum go napisala no mene me predupredi patronaznata sestra za vakvite raboti koi se mnogu bitni.
Ne sakam da me svatis loso niti pogresno niti se pravam pametna no seto ova go kazuvam od iskustvo.


Pozdrav inaku sekoj napor se isplati.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 12:27:02   
Leonida
Благодарам за советите. Бебица не те разбирам погрешно, знам за тие работи и не сум сменила ниту гел за туширање ниту било што друго. А за течности пиење, пијам и од Хипп-от и од билна аптека мешавината од 5 билки. Нормално се хранам, но ете така се случи. Ке пробам да ја ставам во ред само со доење, но не сум голем оптимист околу ова прашање, затоа што она е гооооолема плачка кога не и е нешто погодено и не ни спие, што значи 24 часа сме со плачки и нервозиuser posted image  

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 12:31:57   
BEBICA
Duso moja znam kako ti e.Mene srce me bolese koga bev 5 dena vo bolnica a Monika doma na AD mleko a jas tamu se izmolzuvav i go frlav.E koga dojdov doma sakav da ja vratam i uspeav so pomos na mm.Bea teski 12 saati ona vriska gladna a ne sakase da cica mene srce me boli malku mi falese da i dadam AD mleko no iskreno mm nekako ja smiri i koga mi ja donese na gradi koga pocna da vlece gladna godina i eve do den dennes se doime za do duse samo eden podoj imame pred spienje posto sme golemi za dva dena 17 meseci ke pravie.
no se isplatese pokusaj ako neide togas AD mleko.A kazimi ona i poraj AD mleko saka da ti cica?
Ti pustame jas i Moni pozitivna energija za teb i za malata plackauser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image



_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 12:32:55   
mami
Ако така викаш ништо нема да направиш..Ајде малку цврст мајчински став завземи...Ако си ти несигурна таа тоа го чувствува..Вака тргни шишињата да не си во искушение и биди упорна. Ако треба на 5 мин стѕавај ја на града ама биди упорна...Децата се многу паметни од мали..си осетила она дека со шише е полесно, не мора да влече и сега си го бара тоа...Биди упорна и ке видиш како ке си расте со твое млеко

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 12:57:34   
Leonida
Мами што убаво ме искараuser posted image Не се откажувам така лесно, ако не бев борец за доењето веќе одамна ќе си беше на адаптирано. Од почетокот сме со маки, првиот месец се поправи 660 гр., па потоа кога ја однесовме следен пат самиот педијатар ни кажа дека не и стигало моето млеко и дека доволно сум се трудела месец ипол да е само на мајчино, но очигледно она си бара повеќе. Од тогаш јас ја доев, а само навечер еднаш или 2 пати и давав адаптирано, но со тек на време некако тоа се зголеми на 3-4 пати дневно да и додавам по малку ад. И сега беља си направивме. Но што да правам кога така ми кажа докторката, можеби не требаше да ја послушамuser posted image , може требаше да си продолжам по мое.
Бебица ке ја носам вашата позитивната енергија со себе и ќе се бориме до крајuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 12:59:50   
mami
Немој да ме сфатиш погрешно, јас те искарав најдобронамерно...Знам дека мене додека некој така не ми подвикне не реагирам, затоа ти пишав така...Биди упорна и само насмеана и весела...децата чувствуваат многу повеќе од она што ние мислиме дека се способни

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 13:03:19   
caci20
Leonida koga ke ja stavis da cica pej i nesto, zboruvaj i, da se fokusira na tebe i na cicanjeto. Ednas da potegne e dovolno, mlekoto samo ke nadojde. Moze e zivo deteto pa se drugo go interesira.
I samo napred, izbegnuvaj go adaptiranoto dodeka mozes, vo kraen slucaj ponudi

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 13:09:38   
Leonida
Не, не Мами, сакав да кажам Благодарам што ме искара, дури и убаво ми дојдеuser posted image
Ке бидам упорнаuser posted image

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 22:12:41   
Snowhite RR
Проблемов од Леонида ме замисли сега и мене, затоа што и кај нас сега е ситуацијата таква што, последнава недела ќе се нацица и по пола сат пак плачи за цицање, па ќе се прејади па повраќа и пак бара. Претходно си имаше ред на 2-3 сати бараше, а сега вака почна да прави, бев кај докоторката и' кажав ми рече да му купам храна и после доење да го дохранувам да правам така и да запишувам и така да вршам еден вид мониторинг 24 часа за да видам колку му фали и дали воопшто му фали, дали плачи за тоа или за плачи за дојката. Вечерва купив за од утре да почнам да му давам кога ќе плачи, ама сега ми е страв да не ми се случи и мене после тоа да не сака да цица. Додуша тој почетокот цицаше и го дохранував и немаше проблем си јадеше и така и така.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 22:53:21   
Mila na mama
Не би ти препорачала да дохрануваш ни за мониторинг. Се случување Мила да цица по цел ден буквално задремуваше на дојка се будеше и си продолжуваше и пак заспиваше мислам дека извесно време бев цело време полугола ( среќа што беше лето)user posted image  а имаше периоди и кога по 5 часа не бараше јадење. Ноќе не цицаше ама затоа дење надоместуваше. Се изнаслушав муабети како гладна е, немаш доволно млеко, нервозна е, слабо ти е млекото, не се донајадува ама сето тоа беа глупости јас упорно си доев и ако треба цел ден цел без проблем кога сака колку сака. Детето до 6 месеци само на цицање се поправаше по 1кг месечно и цицаше до 13 месеци.
Затоа мислам дека со избрзано дохранување ќе погрешите.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2010 23:09:17   
Палешка РР
И јас би те советувала да не му даваш заради експеримент. Само следи го како напредува, мери го два пати неделно. Исто и јас како Мила на мама бев полугола добар дел од денот, со цицање заспиваше, се прејадуваше па повраќаше, ама не се откажав.
Многу е мало за да му е малку твоето млеко. Ти само јади, пијај доволно течности, ставај го да цица и ќе фатите ред. И јас колку пати сум била во искушение да и дадам адаптирано, ама не го сторив тоа.
Ти сепак стори како сакаш, ние овде си кажуваме искуства. Ајде среќно user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Проблеми со доењето
4.3.2010 0:20:13   
Snowhite RR
Не знам навистина што да правам,од цицање не се откажувам во никој случај, ама дали барем еднаш во денот да му дадам адаптирано не знам, преку ноќ е нормално се разбудува на 2-3 сати, цица и си заспива, ама преку ден...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Проблеми со доењето
4.3.2010 0:47:34   
melody
Kaj nas se slucuvase istoto kako i kaj tebe Snowhite celo vreme na grada i povraka ,a gladna duri cicase na sekoi 15 min.I dadov adaptirano mleko zatoa sto maz mi ispanici gladno ke mu ostanelo deteto.E duri sega na nejzini 7 mes vidov deka taa si saka da jade i toa mnogu duri koga jademe ni gleda vo ustauser posted image i taa saka isto sto i nie.Moj sovet nemoj da davas adaptirano i bidi uporna so tvoeto.Inaku za da se uveris dali tvoeto mleko e dosta  meri go sekoja nedela,odredi den vo nedelata i sekoja nedela  na toj den izmeri kolku e tezok.Ako napreduva 500 grama mesecno  tvoeto mleko e dovolno i smireno bez panika sekoe dete e razlicno eve mojata seuste cica od mene, a navecer pred spienje samo i davam od aptamilot i nikogas cuclata od siseto ne ja zameni so ciceto na mamauser posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?