Bethany
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mixa Ej mamicki,eve me i mene so mojot problem okolu cicanjeto koj ne znam kako da si go objasnam.Imeno se raboti za toa sto moeto 4 mesecno bebe za vreme na doenjeto se luti se trga kako da ja boli nesto,se istegnuva i koga ke probam da ja svrtam na drugata strana povlekuva desetina pati i povtorno go pravi istoto.Noke e se vo red se budi koga e gladna i mirno si cica.A mleko imam gledam duri koga se luti i trga kako i tece od ustenceto.Ova se slucuva na periodi,znaci ima period koga go pravi ova,posle pa izvesen period si cica mirno,i posle nekoe vreme pak toa.Isto mi se slucuva vo denovite koga place nekoj podoj da pomine mirno a veke naredniot podoj pak lutki Jas navistina neznam kako da si go objasnam seto ova i ke ve molam ako nekoja mamicka imala vakvo ili slicno iskustvo da go spodeli istoto Mixa, и јас поминував низ исто. Од месец дена почна така да ми прави. Исто беше на периоди, а ноќва кога се будеше за цицање, многу мирен беше. Си и кажував на матичната, таа ми викаше можеби не му одговара положба, можеби го притиска на желудникот итн. итн. тие можеби, се пробав, сите положби, да не му е топло, да не му е ладно, да не е сит па нејќе да цица, да му биде удобна атмосфера, ово оно, да на крај стигнеме до тоа да штом види дека ја дигам маицата, а поминало многу часови од последно цицање, тој почнуваше толку силно да се дере, да се опира, буквално поминував низ пекол. И двајцата. На крај толку беше исцрпувачки, не сакаше да цица, почна да не напредува доволно, јас во паника, матична ми советуваше да пробам малку и со дохрана. Од стрес и паника и млекото почна да ми намалува посебно во попладневни часови, па почнав да се измолзувам бидејќи ич не сакаше да цица, и со тек на времето сосема преминавме на АД бидејќи и млекото ми снемуваше постепено. Со тек на времето почна и ноќе да одбива, само неколку минути цицаше и се тргаше и нејќеше веќе а знам дека е гладен. Јас се надевам дека вие ќе го надминете ово, бидејќи не е лесно, барем кај нас беше хорор. И немам појма што се случи. Имаше влијание и грчевите, дали поврзуваше со тоа дека го боли мешето после доење навистина не знам. Искрено се надевам дека ќе го надминете период, немам совет што да ти кажам да правиш бидејќи знам дека веќе се си пробала можеби, освен да бидеш што е можно посмирена. Јас го губив трпението, многу ми влијаеше и на млекото, ама еве и ден-денес знам дека долг период се мачев и се пробав и ништо не остана да немам испробано и на крај видов-невидов се одбивме.
|