|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Проблеми со доењето
4.3.2010 22:31:22   
Snowhite RR
Денеска па друг проблем, цел ден, ќе се нацица и после веднаш цело го повраќа, и порано повраќаше кога ќе се прејадеше ама по малку. Сакав да му дадам адаптирано за да видам дали ќе повраќа или само од моето повраќа, ама не сакаше од шише,само да цица сакаше, па вечерва го пробав уште еднаш го испи, мислам дека малку поврати,ама не сум сигурна, зашто малку му беше и веднаш почна пак да плачи, па му дадов да цица. Дали има шанси да повраќа само од моето млеко, нешто да не му е како што треба?

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Проблеми со доењето
4.3.2010 22:50:31   
karla
Snowhite i jas imav ist problem so lana i duri panika me fakjase,koga i da cicase, se povrakjase. Pedijatarot mi kaza deka toa e poradi prebrzoto cicanje od strana na deteto i deka so tek na vreme ke se sredi. kaj nas taka bese mesec-dva otprilika i posle se si dojde vo normala. Neznam tocno kolkavo e tvoeto user posted image no dokolku povrakjanjeto prodolzi i otkako ke pocnes so dopolnitelna ishrana (kasicki i sl) togas ke treba da se obratis do pedijatar, a sega e bi trebalo da bide nisto seriozno.
( Ako ti e za uteha, kaj nas doma nema kvadrat mesto da ne e povrateno, pocnuvakji od garniturata,tepihot, namestajot, pa site moi alista i sl.)

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Проблеми со доењето
4.3.2010 22:59:29   
Палешка РР
Се тоа се фази кои мора да поминат Snowhite. Миа не повраќаше често, но се случуваше, а Марио повраќаше во млаз секој ден по неколку пати. Прекинувај го, па по некое време дај му пак, само не се откажувај, очигледно е дека имаш млеко. Бебето не препознаво убаво, неубаво, чај, млеко, тоа само чувствува глад.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот karla)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 9:01:12   
Snowhite RR
Ви благодарам за утехата, не се откажувам ќе го дојам и понатаму, само ми е жал дека повраќа, дека можеби е гладно цело време, ајде се андевам ќе се среди

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 9:06:52   
mami
Мила, и Лука повраќаше постојано, после секое јадење, и јас со страв одев на тие месечни контроли се си мислев ке ми кажат дека не напредува а тој си ставал по кило, кило ипол на месец...Лакоми се, и немаат контрола. Една мамичка што ја сретнав во амбулантата ми рече дека иако нејзината ќеркичка има веќе 6 месеци сеуште повраќа од што нема контрола при јадењето, а напредува супер..Така да не се плаши и само упорно нуди ја градата

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 9:10:13   
mis.
еве кликни тука имаме тема повраќање кај бебињата.Многу е важно дали бебето блицка или повраќа во млаз.Доколку е во млаз тоа е алармантно и треба да се посоветуваш со педијатар.Блуцкањето е нормална појава кај новороденчињата и нема место за паника со тек на време ќе се среди па тој се уште се адаптира на надворешниот свет иако некои бебиња како мојот поголем син повраќањето му е ужасна мана,претерано е гадлив и склон кон повраќање

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 9:19:23   
Палешка РР
Мислам дека повраќањето во млаз не е алармантно, туку вообичаена појава кај бебињата до два месеци. Тоа едноставно не знае колку му е доста и мора на некој начин да го исфрли вишокот. Јас со тоа се справував на начин што го прекинував доењето и по некое време повторно и давав, за да не прими голема количина на млеко одеднаш. Тоа се случуваше само во првиот месец.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 10:09:28   
Snowhite RR
Ја прочитав таа тема за повраќање, не повраќа во млаз само така по малку.
Не можам јас да го прекинам Палешка, веднаш почнува да плачи, само ако заспија тогаш го тргам или сам кога ќе се тргне од дојката

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 10:20:57   
mami
немаш зошто да се грижиш тогаш..само еден совет- Носи само бели маици по дома..помалку се познаваат флеките од млекотоuser posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 10:37:03   
Snowhite RR
За прв пат во животот носам бели маици, колку само ги мразев user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 10:40:53   
mami
Ееее да видиш и мм така како одма си ги најде сите user posted image user posted image среќа беше лето па полсено за перење и сушење, а вас со зимски бебиња ве жалам колку работа имате

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 11:04:01   
Leonida
Snowhite ти очигледно имаш млеко доволно и немој да пробуваш со адаптирано. Ете јас си направив веќе проблем. Ја послушав докторката дека не и било моето доволно па да ја дохранувам. Може навистина не и било доволно, но 660 гр. се поправи првиот месец што мислам дека е ок, а вториот малку повеќе.
И од вчера почнав цел ден да не и давам адаптирано, туку да е само на мое и едвај издржавме до вечер затоашто и мене почна помалку да ми се создава млеко. Претпладне подобро ми се полнат градите, но како поминува денот се помалкуuser posted image , па пред да си легнеме и дадов од флаша и испи околу 100 мл. Денес ке го правам истото иако ми е многу напорно (плаче, по нервозна е, нон стоп на раце, грбов и половината ми знаат), но ке се трудам да го исфрлам адаптираното.
Еве пак сме по цел ден на гради и со вклучен фен или нишкањеuser posted image
Искрено кога пред некој ден прв пат ме одби многу ми падна тешко, се утепав од плачење, мајка ми дури ми се чудеше што толку се растажив, но ете ќе се трудам што е можно повеќе затоа што она има само 2 ипол месециuser posted image
Поздрав и само храброuser posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 11:06:14   
mami
Леонида, важно е дека сте почнале, биди упорна и млекото ке почне пак да се создава согласно потребите на бебето...а 600 гр за месец се нормално добивање на тежина, баш ме чуди зошто ти дале адаптирано

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 11:07:51   
profesorica
дамјан многу повраќаше како бебе, и јас се плашев да не е нешто страшно , но штом добиваше на тежина и се беше во ред сватив дека е најнормално кај бебињата.

мајки, земете истурете чаша со млеко на под да видите колку ќе испадне.сакам да ви укажам дека можеби млазот на повратеното ви изгледа многу но тоа не е ништо страшно.споредете!!!


а што се однесува до носење бели и широки маици додека доиш, мами е во право.по дома само комотно, градите распуштени, немојте да ги стегате и нека си потече нормално е за доилка.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 11:11:05   
BEBICA
Leonida samo hrabro i bez placenje.Site znaeme kolku e tesko.Ja imas mojata podrskauser posted image user posted image .
Samo napred upornosta ke ti se isplati.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 11:16:01   
Leonida
Ке направам се за да ја доведам во ред, само ми паѓа тешко што приметувам дека е по гладничка и по нервознаuser posted image Се надевам дека нема долго да траеuser posted image


(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 11:39:15   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Leonida

Snowhite ти очигледно имаш млеко доволно и немој да пробуваш со адаптирано. Ете јас си направив веќе проблем. Ја послушав докторката дека не и било моето доволно па да ја дохранувам. Може навистина не и било доволно, но 660 гр. се поправи првиот месец што мислам дека е ок, а вториот малку повеќе.
И од вчера почнав цел ден да не и давам адаптирано, туку да е само на мое и едвај издржавме до вечер затоашто и мене почна помалку да ми се создава млеко. Претпладне подобро ми се полнат градите, но како поминува денот се помалкуuser posted image , па пред да си легнеме и дадов од флаша и испи околу 100 мл. Денес ке го правам истото иако ми е многу напорно (плаче, по нервозна е, нон стоп на раце, грбов и половината ми знаат), но ке се трудам да го исфрлам адаптираното.
Еве пак сме по цел ден на гради и со вклучен фен или нишкањеuser posted image
Искрено кога пред некој ден прв пат ме одби многу ми падна тешко, се утепав од плачење, мајка ми дури ми се чудеше што толку се растажив, но ете ќе се трудам што е можно повеќе затоа што она има само 2 ипол месециuser posted image
Поздрав и само храброuser posted image



Епа ти кажав мислам дека попладне помалку млеко има, затоа од сабајле биди упорна и давај и да цица. И без плачки, затоа што така само ќе си наштетиш.
Искрено вчера кога ми го одби шишето малку се израдував, затоа што се почувствував како да не сака да ја замени мојата дојка со шише

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Проблеми со доењето
5.3.2010 11:42:26   
mami
Искрено вчера кога ми го одби шишето малку се израдував, затоа што се почувствував како да не сака да ја замени мојата дојка со шише


Е ова сакав да го прочитам..Само храбро мамички, ке успеете да воведете ред во доењетоuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Проблеми со доењето
29.3.2010 7:46:09   
Палешка РР
Миа ми забушава навечер, кога ми се попразни градите..бара шише со чај user posted image  Некако успевам да ја смирам, па да и дадам да цица, се надевам дека е минливо user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Проблеми со доењето
3.4.2010 15:42:11   
lukas
kolku e normalno bebence da kreva na mesec?pozz...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Проблеми со доењето
3.4.2010 15:47:30   
Adrijana
Mislis tezina kolku treba da dobiva???
imavme edna posebna tema za tezinata na bebinjata, ama jas ne mozev da ja najdam, moze nekoj od moderatorite ke moze da ja najde, tamu imase grafici, za toa koga i kolku treba da napreduvauser posted image

_____________________________



(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Проблеми со доењето
3.4.2010 16:12:22   
BEBICA
ИЗВОРНА ПОРАКА: lukas

kolku e normalno bebence da kreva na mesec?pozz...


Lukas eve jas od edna kniga ke prepisam opsti merki za napreduvanje na bebeto do godina dena

1. mesec vo tezina od 750-900 gr.
                   dolzina 3 sm

2. mesec vo tezina od 750-900 gr
                   dolzina 3 sm

3. mesecvo tezina od 750-900 gr
                  dolzina 3 sm

4. mesec vo tezina od 600-750 gr
                   dolzina 3 sm

5.mesec vo tezina od 600-750 gr
                  dolzina 2-3 sm

6. mesec vo tezina od 600-750 gr
                    dolzina 2-3 sm

7. mesec vo tezina od 450-600 gr
                   dolzina 2 sm

8. mesec vo tezina od 450-600 gr
                   dolzina 2 sm

9. mesec vo tezina od 450-600 gr
                   dolzina 2 sm

10. mesec vo tezina od 300-450 gr
                     dolzina 2 sm

11.mesec vo tezina od 300-450 gr
                    dolzina od 1-2 sm

12. mesec vo tezina od 300-450 gr
                     dolzina od 1-2 sm

Ovaa se opsti merki pretstaveni vo knigata ''Vasa beba''.
Se nadevam deka ti pomognav.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Проблеми со доењето
3.4.2010 20:48:20   
lukas
fala bebica...

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Проблеми со доењето
17.4.2010 22:14:37   
Medo
Јас не се надоврзувам на никој. Сакам само да ви раскажам што не снајде нас. На едната града не сакаше да цица. Ќе се доближи, ќе фати и после едно шмуцнување ќе пушти, па се витка со главата нанадвор (како да прави мост) и после некое време почнува да плаче. Стави ја на другата града - си цица одлично. Се распаметив. Прво си помислив дека немам млеко. После си реков дека детето ми се одбива од цицање. Неколку дена така ми правеше и денес викам ај ќе ја легнам на градите да лежи на кожа (нели кожа на кожа се советува уште од почеток) демек да се зближиме повеќе. Така легната на стомак се избутка накај градата и почна да цица. Радости ме изедоа user posted image . Испадна дека не сака да лежи на едната страна и дека веројатно не и е згодно. Сега на левата града си цица така - на стомак мој легната, свртена надолу. Не знам како и е добро така - мене ми се чини дека е потешко пошто треба и главата колку-толку да ја држи.
Сепак, ќе се консултирам со лекар зошто така не сака да лежи - нешто да не ја боли, ама денес баш ја вртев на страна да лежи на таа страна на кревет и се ок си беше. Ич не се бунеше.
Ако некој имал слично искуство, па знае каде лежи проблемот, нека пише.
Поздрав до сите и не се откажувајте од доењето. Знам многу тешко е. Еве јас за неколку дена што имав проблем, па се утепав од грижи. А инаку, сега почна да цица од двете гради и скоро двете ги испразнува user posted image

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 99
   Проблеми со доењето
18.4.2010 3:39:18   
Emili^
Zdravo na site majki na forumov. Prv pat pisuvam a redovno gi citam vasite poraki. Imam problem:) Mojata kerkicka Mila ima 3 ipol meseci. Se rodi 3.200 kg a sega e 5300 kg. Znaci za 3 ipol meseci ona stavila samo 2kg. Cica na sekoi 3 saati i nokje se budi isto. Povrakja posle sekoe cicanje sto znaci deka ima dovolno mleko. Se slucuva da mi tece mleko, a ona napreduva samo po 500-600 grama mesecno. Se prasuvam dali e toa normalno i dali treba da ja dohranuvam? Mila mi e vtoro dete, so Leo (prvoto) nemav vakvi problemi. Leo napreduvase 300 do 450 grama nedelno a Mila napreduva 130g na nedela. Zatoa sum zagrizena. Vo dolzina e porasnata spored gorenavedenata tabela ama vo tezina mnogu pomalku user posted image Babicata mi vika deka e vo granicite na normala ama jas pak se prasuvam dali treba da i dodavam vestacko mleko.Pozdrav do site

(Одговор на членот Medo)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?