vezilka RR -> RE: Кломифен (5.2.2010 16:04:21)
|
И јас ја имав истата ситуација со хормонскиот статус и затоа го пијам кломифенот. Еве некои информации за кломифенот од експерт за кломифен :) Прв обид за предизвикување на овулација најчесто се прави со Кломифен. Кломифенот е хормонален препарат кој ги стимулира јајниците за да созреваат повеќе јајце клетки. Најчесто е прв избор на лекарите затоа што е ефтин и добро се поднесува. Иако може да има некои нусефекти, шансите за нив се помали отколку при употребата на други хормонални препарати. Исто така кломифенот има помали шанси да предизвика синдром на хиперстимулација на јајниците во споредба со гонадотропините. Чести споредни појави се: отеченост, подуеност на стомакот, болка во стомакот, зголемување на јајниците, акни и сл. Кломифенот се употребува на тој начин што се зема од 3-7 ден од циклусот или пак од 5-9. Задолжително постапката се следи на ултразвук за да препознае евентуалната опасност од синдром на хиперстимулација на јајниците, појава на цисти и сл. Често пати предизвикува создавање на повеќе фоликули и ја зголемува можноста за повеќеплодна бременост. Кломифенот предизвикува овулација кај голем број жени, но сепак кај некои не. Доколку не се успее да се предизвика овулација, во следниот циклус дозата се зголемува. Кога се работи за синдром на полицистични јајници, во комбинација со кломифенот може да се даде и метформин.
|
|
|
|