RE: Чаеви (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


sandriana RR -> RE: Чаеви (16.10.2015 12:27:51)

Малово почна да сака да пие чај, и тоа директ од чашка за ракија [sm=smiley1.gif] Ептен ми е ќеиф, зошто со големата до скоро мака мачев да ја натерам да се напие (пие по потреба, кога е настината, па знае дека мора и тогаш сама бара). На малово му давам од чајот што го пиеме сите - филтер кесички од камилица, нане или липа, засладен со малку мед.




nataly86 -> RE: Чаеви (16.10.2015 15:39:48)

Секојдневно пијат чај....на почеток само бекутан од анасон сакаа но со тек на време им здосади тој па така сега пијат камилица нане планински со малку лимон внатре...едно шише чај им е обавезно па следното го полниме со вода...сок сеуште не пиеме




lukajana RR -> RE: Чаеви (16.10.2015 23:12:12)

Моите не обожаваат чаеви ама и јас не им форсирам зашто не пијам чај [sm=smiley1.gif] ни јас ни мажле и нема од кого да гледаат децата




marchi -> RE: Чаеви (17.10.2015 0:54:02)

Jas mislam deka blagodarenie na tie bilni caevi deteto mi e zdravo. Pie povekje caj nego voda. Za jadenje e prebirliv, t.e ogranicen ne mi jade se ama cajot mu e lekot :-)




MamaKiki -> RE: Чаеви (23.10.2015 14:48:22)

додека беше мало до годината скоро секој ден пиеше од бекутанот, после му давав нане не го одбиваше со лимон и мед ама еве скоро месец дена кај што одбива чај а вода пие мнооогу може стигнува и до 1 литар не знам колку е исправно ама бара , му зедов и семе од анасон му сварив природен го неки, измешам со нане и анасон неки и без лимон и без мед и пак ништо... имам кај мајками мајчина душица природна се мислам дали да му дадам... а сок исто не пие, му цедам портокал еден и ретко да го испие цел, или во соковник од јаболко му правам ама почна да го одбива и еве скоро недела кај што му немам исцедено...




marchi -> RE: Чаеви (24.10.2015 12:42:39)

Децата се индивидуални некогаш можеш да пробаш да ги научиш но има случаеви каде детето не сака во никој случај ни да проба ни да пие. Ние сме сега 2ипол години и секаков чај си пие,убаво би било о тоа во навика да му премине




Melanija RR -> RE: Чаеви (24.10.2015 14:40:37)

До кај 19-20 месеци го пиеше на Бекутан од анасон и камилица но повеќе на вода.Сега на 26м пие активно вода но чај несака т.е. многу ретко.Го купив детскиот на Алкалоид еднаш пиеше втор пат се мрштеше и не сакаше.Кога јас пијам од шипка со хибискус се напива некое лажиче. Па незнам тој колку е за деца ако е ок ќе му давам од тој.

Инаку си пие доста вода и 1 во ден малку цеден сок




lukajana RR -> RE: Чаеви (24.10.2015 16:49:37)

Мelanija rr во ред е и таков чај да пие не мора детски .
Ако сака можеш и да му даваш нане ,м.душица.
Кај мене ни тие не ги сакаат ,може само некогаш Л да проба овошен ако пие чичко му па да се прелаже да испие една чаша




sandriana RR -> RE: Чаеви (26.10.2015 11:03:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

До кај 19-20 месеци го пиеше на Бекутан од анасон и камилица но повеќе на вода.Сега на 26м пие активно вода но чај несака т.е. многу ретко.Го купив детскиот на Алкалоид еднаш пиеше втор пат се мрштеше и не сакаше.Кога јас пијам од шипка со хибискус се напива некое лажиче. Па незнам тој колку е за деца ако е ок ќе му давам од тој.

Инаку си пие доста вода и 1 во ден малку цеден сок

Ако ти е шубе филтер кесички, понуди планински чај, гранчиња што се. Може поентата му е дека те гледа тебе што пиеш, па бара и тој.




MamaKiki -> RE: Чаеви (26.10.2015 14:39:09)

i jas mislam kako sandrijana
moevo e malo ama saka se sto jade i pie mama pa sum na prinudena dieta odven koga ke zaspie [sm=smiley36.gif]
jas na 9 meseci ja prasav patronaznata do koga so bekutanot , i na moe inenaduvanje veli da toj e za bebe ubav napocetok ama i pred godinata da mu smenis so priroden caj nema da zgresis oti granulite se vestacki dobieni a ova si e kakvo so go dala prirodata.. malku me zamisli ama do godina pak davav bekutan a sega nane od dvor, anason seme od prodavnica za zdrava hrana kupuvam a majcina dusica nemam daeno seuste...iako ja pisuvav pogore
poentata mi e da probas so cajcinja prirodni koi gi pies i ti mozi ke si uzivate zimava zaedno [sm=smiley1.gif]
nie sme mali ama probuva od mojot caj so lajce i jas najcesto pijam nane.. i na alkaloid mu se ubavi kako seminja spakovani meshavini ima ubavi okolu 100 dnari mislam deka se vo kutija hartiena vertikalna... i od ovie nema probano moeto ama pak e malo mislam deka na 2 godini bi mu davala caj sekakov ako saka...
btw toj od alkaloid caj za deca i toj e instant...? prvpat slusam za cajov




sandriana RR -> RE: Чаеви (27.10.2015 13:26:26)

btw toj od alkaloid caj za deca i toj e instant...? prvpat slusam za cajo

Филтер кесички е детскиот на Алкалоид.
Некако маркетинг ми личи, искрено, иако немам пробано [sm=smiley1.gif].




tincule -> RE: Чаеви (27.10.2015 14:16:18)

Јас еднаш пробав да и дадам чај од нане сушено и се напи малку мислеше дека е вода[sm=smiley1.gif]икога се намршти у стил што чудо ми даваш сега нема шанса нејќе да види. А лично и јас не сум некој човек толку по чајот ние повеќе вода пиеме, мама сигурно тамани вода и сокови оклу 4 литри на ден [sm=smiley36.gif]




MamaKiki -> RE: Чаеви (27.10.2015 23:07:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

btw toj od alkaloid caj za deca i toj e instant...? prvpat slusam za cajo

Филтер кесички е детскиот на Алкалоид.
Некако маркетинг ми личи, искрено, иако немам пробано [sm=smiley1.gif].


епа и јас сум скепттик за тоа... не дека се којзнае колкави децата на 1година ама јас се водам од педијатри и најчесто сум советувана за се што се двоумам дали е доволно добро и како ке реагира на детето да не го давам до прв роденден а после дека може да конзумира слична храна како нашата... па следствено на тоа јас преферирам да давам природно.
чајот од семе од анасон е ист шмек како бекутанот , пријатен мирис , сладникав вкус, иста арома ... за 20 денари ми дадоја една тегле од хипп полно се става нецело кафено лажице во 200 мл вода ефектот е следен навидум ист чај поефтина цена, се е природно и нема мисла дали има додаден шекер или нешто сумливо , пред употреба си го мијам семето под млаз вода ладна во цедилка од страв дека има некоја прашинка го купив рефус немаше пакован...
барем чаеви и билки природни имаме во изобилие во нашава држава...




Felly RR -> RE: Чаеви (29.10.2015 8:29:07)

Ние летово паузиравме со чај, инаку М најмногу го пие од брусница, со плодови што е, не од кесичка. А еднаш ми бараше таков, а јас не сум забележала дека се потрошил, па и сварив од кесичка шумско овошје - не запримети ништо и си го испи. Др чај што го пие е од нане, како и за јадење, и за пиење е многу пребирлива[sm=smiley13.gif]




joki86 -> RE: Чаеви (13.10.2018 21:45:12)

каков чај им давате на вашите малечки моето има година и месец...




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]