pacuvce -> RE: деца со аутизам (14.4.2010 21:55:30)
|
Буцко 1,мислам дека на овој форум има разбирање за сите болести кои се поврзани со нашите дечиња,вклучувајќи го тука и аутизмот... Јас ќе го кажам моето мислење во врска со оваа болест...Со мојот прв син,кој има 7 и пол години многу помалку читав и имав големо незнаење за оваа болест...Всушност не знаев ништо...Се до еден момент кога една моја пријателка ми кажа дека на детето на нејзината сестра (кое е постаро од мојот син пола година)му дијагностицирале аутизам,иако никој со сигурност не може на лист хартија да напише некаква официјална дијагноза,затоа што во нашава ни мила Македонија нема стручњаци за оваа болест... Сега со мојот втор син,мојата опсесија во врска со болестите,вклучувајќи го и аутизмот,е страшна...Постојано нешто читам по интернет,а потоа гледам дали кај него има некакви знаци на било каква болест...Мојот сопруг,искрено,ми замерува и ми вели дека треба да се опуштам и да уживам во неговото растење...Но сепак,ова ново време и овие нови болести постојано не демнат и никогаш не можеш да бидеш сигурен дека сите пречки на патот се надминати... Искрено,сочуствувам со тебе и твоето семејство...И не се сложувам дека луѓето кои се соочуваат со оваа болест или било која друга болест,се маркирани од околината на било каков начин....И ако е така,тогаш тоа може да е само од страна на нелуѓе...Овде секако ќе ни бидат добредојдени твоите совети и размислувања во врска со твоето детенце и неговиот понатамошен развој...Ви посакувам многу среќа и праќам многу бакнежи до малото ангелче...
|
|
|
|