bucko 1 -> RE: деца со аутизам (25.4.2010 13:00:08)
|
izvadok od vesnikot vreme koga profesor vladimir trajkovski se borel za centar no slaba pdorska od roditeli i zatoa se nemame pomrdnato od mesto veke so godini vo vakvata problematika pa lutame po svetot barajki spas za nasite deca.(so ova ne go opravduvam profesorot sto se otkazal) - Ние не знаеме колку деца со аутизам има во земјава. Има доволно институции за ментално заболени лица, а нема никакво барање и иницијатива од тоа Друштво на родители на деца со аутизам. Ако поднесат барање, ќе го разгледаме - вели Даниела Алексоска, портпаролка на Министерството за здравство. Наспроти ова, Слободанка Лазова-Здравковска, раководителка на сектор за заштита на лица со посебни потреби, вели дека само делумно е решен проблемот на лицата со аутизам. - Знаеме дека не е доволно направено, дека на лицата со аутизам им треба посебен центар со кој многу ќе им се помогне. Но треба и малку пожестока иницијатива на родителите на деца со аутизам. Доколку тие реагираат, ние ќе ја разгледаме посериозно состојбата и ќе обезбедиме пари за изградба на ваков центар - додава Здравковска од секторот при Министерството за труд и социјална политика. Дени пред некое време славеше роденден во полупразна игротека. На роденденот немаше другарчиња. Тој не знаеше дека му е роденден. Мајка му вели дека е најисплашена кога Дени нешто ќе направи сам, а потоа тоа го заборава и тие се пак во почетокот. Ирина вели дека не ги затвора очите пред стравот, затоа што Дени засега единствено преку нив може да го види реалниот свет. Неопходен е дневен центар Споредено со земјите од регионот, Македонија е втора на Балканот каде што се уште нема дневен центар за деца со аутизам. Во Софија има два центра за дневен престој на деца со аутизам, додека во Белград и во Загреб по еден. Во сите три центри работат тимови од дефектолози, психијатри, логопеди со мали групи, кои имаат 2-3 деца. Иако лекувањето чини многу, годишно и до 30.000 долари, во сите центри парите ги дава државата и некогаш се користат пари од меѓународните здруженија за лицата со аутизам. Според последните податоци, во Америка е прогласена алармантна состојба, затоа што се почеста е појавата на овој синдром. Ако досега просекот беше едно заболено лице на 1.000, сега тој сооднос е намален и е 1:165 лица. Треба да се испитаат вакцините за мали сипаници Во Македонија треба да се направи подетално истражување на вакцините за мали сипаници, рубеола и заушки, за да се види дали содржат тимерасол, смета д-р Владимир Трајковски. Според неговите сознанија кај нас има мал број на родители кои пријавиле регрес кај нивните деца со аутизам, еден месец откако примиле некоја од наведените вакцини. Но, Институтот за имунологија треба да направи подетални истражувања, вели д-р Трајковски. Тимерасолот е конзерванс на база на жива, кој ако се даде на лица со аутизам може да предизвика несакани ефекти. Од Министерството за здравство ја смируваат ситуацијата и велат дека кај нас се користат приорикс вакцини, кои се увезени од Белгија, не содржат од спорниот тимерасол и досега не се регистрирани случаи каде имало негативни ефекти. Во Америка во моментот се поднесени повеќе од 4.000 тужби од родители на деца со аутизам затоа што сметаат дека токму вакцината за мали сипаници е причинител на аутизмот кај нивните деца. Американскиот здравствен институт пак, категорично соопшти дека нема никаква врска помеѓу аутизмот и вакцините кои содржат тимерасол. izvor http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1135&ArticleID=72964
|
|
|
|