bucko 1 -> RE: деца со аутизам (20.5.2010 17:31:10)
|
ova e tekst koj go prevede topce i se odnesuva za deca koi imaat hiperaktivnost 10 невистини во врска со Attention deficit hyperactivity disorder (ADHD) Овие митови, невистини можеби веќе го повредуваат вашето дете Вашето дете од секогаш било динамично, темпераментно дете меѓутоа никогаш не ги завршувало работите кои ќе го започне, поточно се префрла од една на друга работа уште пред да ја заврши првата задача. Вие сметате дека тоа е само до неговата темпераментност и дека има малку повеќе енергија. Потоа следува родителска каде што учителката сака да разговара со вас бидејќи вашето дете не може да следи една поедноставна задача која што таа му ја дала да ја извршува, го нарушува мирот за време на часот и има проблем со следење и почитување на инструкциите дадени од страна на учителката. Се прашувате, да не јаде премногу шеќер? Или е тоа само бидејќи е момче? Или можеби е ваша грешка што не можете да го контролирате? Кога се соочувате со можната дијагноза на ADHD, не смеете да ризикувате или да бидете вплеткани во некакви митски кажувања, половични вистини или пак недоразбирања. При погрешна дијагноза на ADHD кај вашето дете може да предизвика погрешен третман или пак непотребно земање на лекови. Ние ви помагаме како да препознаете факт или фикција со следниве 10 невистини поврзани со ADHD. Мит1: ADHD е предизвикана поради лоши родители. Факт: ADHD не може да биде последица на тоа дека сте лоши родители или пак недостаток од можноста да го контролирате вашето дете. Експертите не се сигурни што е причината која предизвикува ADHD, меѓутоа знаат дека е генетска предиспозиција. Студиите покажуваат дека повеќето од децата кои ја имаат оваа болест во нивното блиско семејство има член кој го има истото пореметување. Оваа состојба вообичаено се појавува во раните години, вообичаено во 7-мата година, кога мозокот се уште се развива. Различна е сликата на мозокот кај деца со ADHD споредена кај деца без ADHD, вклучувајќи различни големини на одредени делови на мозокот, како одредени клучни процеси се извршуваат како и абнормалности на одредени нервни завршетоци.. Некои истражувања покажуваат дека сосема други фактори влијаат во придонесот за развој на ADHD вклучувајќи ја малата родилна тежина на детето, пушењето, пиењето и дрогирањето за време на бременсота. Сега за сега нема докази дека вакцините може да предизвикаат ADHD. Мит2: Сите деца со ADHD се хиперактивни. Факт: Сепак, повеќето деца со ADHD се навистина хиперактивни, некои пак не се. Еден од трите типа на ADHD наречен ‘претежно невнимателен подтип’ е проследен со невнимателност, но не предизвикана од хиперактивност или импулсивност. Луѓето со овој тип на ADHD најчесто се немотивирани. (Другите два подтипа се карактеризираат со хиперактивно однесување како да е постојано вознемирено или пак со непрестано зборување) Исто така под хиперактивност кај дете со ADHD се мисли дека тоа трча наваму натаму, и никогаш не сака да седи мирно. Но во реалноста, овие деца стануваат хиперактивни доколку нивниот мозок е премногу стимулиран, како на пример гласна и раздвижена училница. Повеќето од децата ја надраснуваат хиперактивноста во адолесценскиот период. Мит3: Учителката на моето дете може да дијагностицира ADHD и да му ја даде потребната терапија, лекови. Факт:Наставниот кадар и школската администрација не можат да дијагностицираат ADHD и секако не можат да препишуваат лекови за вашето дете. Само обучени професионалци како педијатри, психолози, социјални работници, медицински сестри, психијатри или друг медицински кадар може да дијагностицираат ADHD. Само медицински кадар ( каде што се вклучени психијатрите) смее да препишува лекови за ADHD доколку се утврди дека тие се потребни. Бидејќи наставниот кадар е најсвесен за симптомите, тие се првите кои покажуваат загриженост и превземаат соодветни мерки. Ако учителката се сомнева дека детето може да има ADHD, таа пополнува евалуационен формулар, формулар за проценка на неговото однесување во училиштето, или пак може да побара од школскиот психолог да спроведе образовна евалуација. Потоа учителката бара и од родителите да направат слична евалуација за однесувањето на детето дома. За да биде и официјално дијагностицирана како ADHD, симптомите треба да се присутни во две или повеќе конфигурации, овие форми ќе помогнат за откривање на тоа дали однесувањето е постојано или се случува во одредена околина. Овие информации на вашиот доктор ќе му обезбедат и други детали преку кои ќе се констатира дали и официјано е дијагностициран ADHD. Мит4: Јадењето на премногу слатко, шеќер предизвикува ADHD. Факт: Конзумирањето на шеќери не е никако поврзано со ADHD или пак со хиперактивноста кај децата. Сепак, некои студии прават поврзување помеѓу адитивите во храната како што е вештачката боја и хиперактивното однесување, и само 5% од луѓето со ADHD. Ако сте загрижени за нус-ефектите кои ги предизвикуваат адитивите во храната разговарајте со вашиот доктор. Мит5: За да се утврди дали детето има или нема ADHD, докторот може да го тестира. Факт:Не постои официјален тест за дијагностицирање на ADHD. Сепак дијагностицирањето зависи од комплетна евалуација, проценка на детското однесување, развој и неговото физичко здравје. За да им биде дијагностицирано ADHD децата мора да пројавуваат специфични ADHD симптоми. Вашиот доктор би сакал да знае како детето се однесува дома и на училиште, дали се случила некоја важна промена во неговиот живот, како развод на родителите, преселба или промена на училиштето. Важни настани во животот на детето, како споменативе на пример, може да доведат до стрес и анксиозност кои предизвикуваат вашето дете да се однесува различно од предходно. Во тој контекс, вашиот доктор ќе ви предложи систематски преглед за да провери и други можни причини како дислексија, Турет синдром, депресија или анксиозност. Мит6: Децата со ADHD не може да се фокусираат на ништо. Факт: Кажете му ја оваа невистина на Michael Phelps, 16 пати освојува Олимписки медали кој го покажува бич-изострувањето на фокусот во базенот.Phelps е најпознатата славна личност со ADHD, која му беше дијагностицирана на негови 9 години. Вистината е дека децата со ADHD најчесто се концентрираат на активности во кои тие уживаат и кои нив им се допаѓаат. Меѓуто без разлика колку многу и да се трудат да се фокусираат на работи кои за нив се досадни или повторувачки или пак доколку околината на сила пробува да ги стимулира сепак резултатот е дека имаат проблем и нивниот труд е залуден. Мит7: ADHD не постои-сите деца, посебно момчињата се бучни и немирни и имаат проблеми во извршување на наредби. Факт: ADHD е вистински проблем и постои како вистинска болест, и кај момчињата е трипати поголема веројатноста од дијагностицирање на ADHD отколку кај девојчињата иако се уште не е доволно разјаснето зошто е тоа така. Сепак дете кое има ADHD со своето однесување ги надминува границите на однесување во поглед на енергија и хиперактивност во споредба со дете кое нема ADHD. За да се добие конечна дијагноза ADHD симптомите треба да бидат презентирани и следени шест месеци во континуитет и тоа и на училиште и дома, при што се намалува способноста на детето да функционира социјално, на училиште и дома. Мит8: Децата го надраснуваат ADHD. Факт: Бидејќи хиперактивното однесување најчесто исчезнува за време на адолесценскиот период, експертите мислеа дека децата го надраснуваат ADHD. Меѓутоа според некоја проценка, грубо две третини од децата со ADHD нема да го надраснат и ќе бидат возрасни со ADHD. Според проценката 4.1% од луѓето на возраст од 18 - 44 години имаат ADHD. Кај возрасните ADD може да има различни симптоми и предизвици кои влијаат на неговата работа, семејството и социјално-општествените врски. Така да не чекајте вашето дете да го порасне, надрасте овој проблем. Третманот може да им помогне на луѓето на било која возраст да научат стратегии со кои би ги намалиле ADHD симптомите. Мит9: Ако започне моето дете да прима терапија тогаш таа терапија ќе мора цел живот да ја прима. Факт: Терапијата, лековите кои ги прима детето за справување со симтомите на ADHD се доста ефикасни доколку истите бидат комбинирани со терапија која ќе му помогне да го смени неговиот начин на однесување.Терапијата која се препорачува за нивното однесување или CBT (Cognitive behavioral therapy) помага во осознавање на стратегии како на пример организациони способности кои би му помогнале во менаџирање или надминување на симптомите на ADHD. Со ефикасна терапија луѓето со благ до умерен AD/ADHD може да се случи целосно да ги исфрлат лековите кои им се како терапија . Мит10: Мојата ќерка е тивка и срамежлива, таа не може да има ADHD. Факт: Не значи дека сите деца со ADHD се хиперактивни. Девојчињата со ADHD најчесто се невнимателни, но не и хиперактивни или импулсивни. Всушност, постарите девојчиња со ADHD покажуваат симптоми на анксиозност и депресија и често имаат социјални проблеми, се повлекуваат во себе. Ако сте загрижени за однесувањето на вашето дете или се сомневате во неговите способности за учење, разговарајте со учителката и педијатарот кои ќе ви помогнат во евалуацијата, проценката на вашата ќерка и ќе ви обезбедат помош доколку е таа потребна.
|
|
|
|