Фолна киселина во пренаталниот период (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Сакаме нов член



Порака


Палешка РР -> Фолна киселина во пренаталниот период (21.6.2009 13:55:37)

Значењето на фолната киселина за одржување на здравјето на организмот
Фолната киселина, витаминот од комплексот на Б витамини, е клучен фактор во синтезата на DNA, т.е., во градењето на сите нови клетки и на клетките на плодот. Од самиот почеток на бременоста двојно се зголемени потребите за фолна киселина. Доколку во текот на бременоста не се внесува доволна количина на фолна киселина, може да дојде до нејзин дефицит во организмот.
Фолната киселина е термолабилна и во голема мерка се уништува со преработката на храната.

Како делува фолната киселина?
Фолната киселина е неопходна за синтеза на ДНК, значи за изградба на сите нови клетки, па според тоа, и на клетките на плодот (фетусот). Ако во овој период нема доволно фолна киселина, може да дојде до појава на дефекти на плодот. Токму поради тоа, во раниот период на бременоста неопходно е редовно снабдување на организмот со доволни количини на фолна киселина.
Потребите за фолна кислеина во периодот на бременоста се значително поголеми од препорачаните дневни количини (RDA). Превенцијата на малформациите на плодот (расцепена уста и непце, разни малформации на срцето, на р`бетниот мозок, на рацете и на нозете) се постигнува со земање на суплементи на фолна киселина.
Покрај тоа, фолната киселина директно е вклучена во изградбата на материјата S-adenozil-L-metionin (SAMe), од која во голема мерка зависи расположението. За да не расте нивото на хомоцистеинот во крвта, повторно е потребна фолна киселина. Според тоа, фолната киселина овде претставува прав заштитник.
Се покажало дека фолната киселина може да помогне и при целијакија, Crohn – ова болест, гингивит, улцерозен колит итн.

Каде ја има фолната киселина и дали е можен нејзин дефицит во организмот?
Најдобар природен извор на фолна киселина се: гравот, темнозеленото лиснато овошје, морковот, цитрусното овошје, кајсиите, пченичните р`кулци.
Разновидната исхрана би требала да обезбеди доволни количини на овој витамин за нормално функционирање на организмот. Неправилната и едноличната исхрана може да доведе до дефицит на фолна киселина, дури и во западните земји.
Истражувањата покажале дека има неочекувано голем број на луѓе со благ дефицит на фолна киселина, што надобро се гледа по тестот на хомоцистеинот во крвта. Малку фолна киселина – зголемен холецистеин. Зголемен холецистеин – зголемен ризик за срцев инфаркт и обратно. Всушност, превентивното земање на фолната киселина би можело да спречи 13 500 смртни случаи годишно од кардиоваскуларни заболувања во САД.
Дефицит на фолна кислеина е можен кај алкохоличарите и кај жените кои долго време користат контрацептивни таблети.

Дозирање, токсичност и интеракции
Бремените жени би требале да земаат од 400 до 800 /μg фолна киселина дневно, со цел да ги превенирааат малформациите на плодот. На другите жени им се препорачуваат дози од 400 /μg дневно. Интересно е дека фолната киселина од природните извори послабо искористува од синтетската фолна киселина во готовите препарати. Фолната киселина им се препорачува и на старите лица.
Општо, при користењето на фолната киселина нема несакани ефекти. Но, додавањето на фолна киселина во исхраната во доза од 100 x RDA може да предизвика интоксикација кај лицата со дефицит на витамин Б12, што има за последица оштетување на нервите. За среќа, ова ретко се случува. Имено, фолната киселина е неопходна да се искористи витаминот Б12 во организмот. Лековите против киселини во желудникот (антациди) ја блокираат апсорцијата на фолната киселина. Лековите против реума и рак можат да доведат до интеракции со фолната киселина.




Палешка РР -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (21.6.2009 14:00:45)

Се препорачува да земате фолна киселина 3 месеци пред саканата бременост.
Знам дека тоа не се темпира, но кога веќе почнувате да работите на бебуш, земајте по една таблетка Тифол (препорака од гинеколог), а исто така и три месеци по зачнувањето.




mami -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (21.6.2009 14:10:12)

пред да затруднам не пиев ама кога отидов кај мојот гинеколог за да потврди дека сум бремена прво тоа ми препиша, си ги испив уредно за три месеци и после се префрлив на мамавит




Палешка РР -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (21.6.2009 14:34:06)

Дали јадете во обилни количества зелени лиснати зеленчуци, портокали, сок од портокали (особено свежо исцеден сок), црн леб, ориз, тестенини или други житарици, зготвен сув грашок, грав или леќа? Бананите и оревите, лешниците и слични се, исто така, добри. Сите овие содржат еден важен Б витамин за жените, наречен фолна киселина (Б12). Докторите сега знаат дека недостигот од овој витамин придонесува во појавата на сериозни дефекти кај неродените деца наречени дефекти на невралната туба (канал) (neural tube defects), кои секоја година се јавуваат кај илјадници бебиња во светот. Недостигот на фолна киселина се мисли дека се одразува врз развојот кај бебињата, предизвикувајќи сериозни (понекогаш смртоносни) проблеми со мозокот и рбетот. Секоја жена која планира да забремени треба да јаде храна богата со фолна киселина и да пие таблети на фолна киселина со јачина од 0,5 мг секој ден барем еден месец пред да забремени и три месеци откако ќе забремени. Овие таблети се безбедни да се пијат за време на бременоста и можат да се купат од аптека и од продавници за здрава исхрана.




Annet -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (1.5.2010 23:16:06)

Фала Палешка на овој совет.Јас пијам шумливи таблетки од Кругер и содржат фолна киселина 11,1 мг.витамини А,Ц и Е,селен,и мислам дека се добри.И се што си навела конзумирам.
Се спремам за [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif]по со време[sm=smiley1.gif].поздравче[sm=rozica.gif]




bushavka -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (13.5.2010 17:37:29)

sega se zacleniv bidejki vidov deka stranava e prekrasna so prakrasni clenovi i soveti...sakam da ve pozdravam site i da ve prasam nesto....jas sum sega vo Italija....se obiduvame so mojot soprug da dobieme[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]...pa dali znaete da mi kazete pod koe ime moze da se najde tuka folnata kiselina.....ili moze da koristam samo sumlivi tableti....pozdrav uste ednas do site....se nadevam deka ke mi odgovorite...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




denicka -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (13.5.2010 17:45:27)

dobre ni dojde bushavka.ti posakuvam ubava druzba so site nas [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
   pobar ja kako Folna Kiselina(ama na italijanski[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] ) ili tifol na krka. neznam tamu dali imate proizvodi od krka [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] bi trebalo vo aptekite da znaat za sto e folnata. pozdrav i pobaraj [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




bushavka -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (13.5.2010 17:48:10)

blagodaram denicka....i jas se nadevam na ubava druzba i ubavi i srekni novosti od site....blagodaram na odgovorot.ke pobaram i ke vidam dali ima..samo me interesira dali mora da se pie folnata kiselina pred zabremenuvanje ili moze i otkako ke doznaes deka si bremena...pozdravce




Julie1 -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (13.5.2010 17:54:07)

Драга Бушавка еве дел од содржина на текст од Рингераја.мк

Фолна киселина е многу важна уште на самиот почеток на бременоста. Најдобро е препаратите со фолна киселина да ги земате уште неколку месеци пред забременувањето. Можете да ја земате во облик на таблети кои ги добивате во аптеки, а можете да ја најдете и во темнозелениот зеленчук. Недостаток на фолна киселина може да доведе дури и до побацување, предвремено одвојување на плацентата и помала тежина на новороденчето.

Целиот текст може да го прочиташ тука: КЛИК




bushavka -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (13.5.2010 18:00:48)

utre odam vo apteka da baram folna kiselina....iako seuste neznam dali sum [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image]...pozz




prvenka -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (14.5.2010 14:23:38)

Ne skopdi folna kiselina i da ne si bremeni,a daj boze da si[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Duri ja preporacuvaat da se pie pred da ostanes bremena....,srekno i ti posakuvam edno slatko[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]




bushavka -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (15.5.2010 9:07:28)

zemav i od utre pocnuvam da pijam...samo kazete mi dali se pie i za vreme na ciklusot ili togas treba da gi prekinam..pozdrav srckiii...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (15.5.2010 9:43:56)

Да, се пие и за време на циклус [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Марко -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (15.5.2010 12:13:36)

Фолната киселина е многу битна и сега повеќе внимание обрнуваат докторите на ова, во право сте. Инаку и на мжи и препиша докторот таблетки кога дознавме дека е [sm=nosecka.gif] и редовно ги пиеше некое време.




bushavka -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (15.5.2010 15:17:58)

aj uste edno prasanje...treba da s epie sekoj den vo isto vreme ili ne e bitno toa...pred jadenje ili po jadenje?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]        [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




arh_diz -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (15.5.2010 15:18:59)

Jas piev flna kiselina pred da zabremenam. A dozata treba da ja opredeli doktorot netreba da se zema na svoja raka




bushavka -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (15.5.2010 15:52:28)

draga arh_diz jas ja prasav mojata doktorka dali moze da zemam i taa mi kaza deka mozam, megjutoa ne ja prasav dali mora vo isto vreme i dali pred ili po jadenje....inaku taa mi dozvoli i mi kaza i od kolku mg da koristam...pa zatoa prasav ako znae nekoj da mi kaze a sigurna sum deka znaete...pozdravce...




none -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (6.6.2010 9:35:38)

kazete mi citam na forumot da pocnam follna da pijam i kolku se pijat na den i dali moze vitamini drugi da se pijat kazuvajte cekam odma da pocnam




niki -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (6.6.2010 10:17:31)

Ноне за почеток фолна киселина и некој мултивитамини кои се наменети за трудници, понатаму ќе правиш секој месец анализа на крв и по потреба, во договор со гинекологот кој ти ја води бременоста може да земаш железо, магнезиум и сл. Утре појди на гинеколог да утврдиш бременост и консултирај се за сите овие прашања. Тој најдобро ќе ти каже за дозирање и начин на земање, а и ќе ти препорача кој препарат е најдобро да го земаш.
Најдобро е преку исхрана да се внесуваат потребните витамини и минерали, но во бременоста многу тешко да се постигне тоа.






arh_diz -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (6.6.2010 11:15:01)

None najdobro e da se konsultiras so tvojot ginekolog ne sekja bremena zena ima potreba od folna kiselina i od vitamini.




Палешка РР -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (6.6.2010 11:35:46)

Во првите три месеци се пие само Тифол и без да прашаш гинеколог, по една таблета дневно. За други витамини ти препорачувам да не земаш ништо без консултација. Мене ми препишаа Магнесол 150 и Ц-витамин во првите три месеци, заради годините [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Ако не ти ги спомне гинекологот прашај си сама, потсети го [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




bushavka -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (6.6.2010 12:52:09)

i mojata doktorka mi kaza da si pijam samo folna kiselina do 12 nedela, za posle ke vidime.




Maca25 -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (6.6.2010 13:52:16)

Јас пиев Тифол уште пред да забременам. Некаде околу 3-4 месеци пред тоа. Во бременоста пиев до 4 месец, а после преминав на витамини за трудници кои содржат фолна киселина.

А ноне драга, без препорака од доктор не земај лекови, макар тоа биле најобични витамини.




oblace -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (20.6.2010 12:50:42)

zdravo na site......

Jas sum nov clen i skoro procitav se, i mene edna prijatelka mi preporaca deka mozam da pijam folna kiselina pred da planiram bebence. Iako toa ne se planira ke ja poslusam i ke pocnam da pijam mislam deka ne moze da mi nasteti....




vezilka RR -> RE: Фолна киселина во пренаталниот период (20.6.2010 22:56:48)

Добредојде на форумов oblace, и се надевам дека убаво ќе се дружиме тука..Убаво ти кажала пријателката, фолната најдобро е да се пие три месеци пред забременувањето..арно ама како тоа никогаш не можеш точно да го потрефиш, секогаш го пиеме нешто подолго или нешто пократко. Важно е дека штета од тоа не можеш да имаш. Јас ја пиев скоро цела година [sm=smiley36.gif]




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>