Палешка РР -> RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста (26.9.2009 9:57:00)
|
Јогата е древно знаење за човекот, за животот. Не` учи како да ги спознаеме и хармонизираме процесите во телото, мислите, емоциите и душевната состојба. И бидејќи во текот на бременоста настанува „револуција" од промени во телото, психата и душата, јогата преку својот систем на техники и приод во себенабљудувањето, може да и` помогне на жената да ги разбере тие промени и да ја искористи нивната енегрија позитивно; бременоста и породувањето да станат период на лично созревање, радост и живеење, славење на љубовта. КОГА ДА СЕ ПОЧНЕ СО ЈОГИСКИТЕ ВЕЖБИ? По третиот месец на бременоста може да се почне со пракикувањето на јогиската програма за бремени жени. Препорачуваме да не се чека последниот месец за да има време жената да научи како да се релаксира, како да го контролира и продлабочи дишењето и како да се канализира енергијата за да може тоа искуство да го примени во текот на породувањето. На часовите се практикуваат: · ТЕЛЕСНИ ВЕЖБИ (АСАНИ), прилагодени за периодот на бременоста. Се постигнува поголема еластичност и цврстина на мускулатурата, се зголемува подвижноста на карлицата и се отстрануваат или ублажуваат болките во грбот и половината. Вежбите не се напорни, не ве исцрпуваат, напротив освежуваат и го враќаат доброто расположение. · ДЛАБОКО И РИТМИЧНО ДИШЕЊЕ што обезбедува повеќе кислород за клетките и добар метаболизам, релаксираат и ја урамнотежуваат енергијата. · Максимата дека во текот на бременоста треба да јадете за двајца не важи, но е точно дека треба да дишете за двајца. · РЕЛАКСАЦИЈА - за ослободување на акомулираната напнатост. Техниките на дишење и на релаксација се од голема корист за свесно отпуштање помеѓу контракциите во текот на породувањето и обновување на енергијата. · Техниките на КОНЦЕНТРАЦИЈА, ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА и МЕДИТАЦИЈА ги хармонизираат мислите и емоциите и носат духовно спокојство. И помогнуваат на жената да се справи со наметнатиот страв од породување. Ние прифаќаме дека раѓањето е „страшно", а не „природно". А стравот блокира и нерационално ја троши енергијата. Истражувањата покажуваат дека бебето во утробата е под влијание на севкупниот начин на живеење на мајката. Внатрешниот мир и мајчината љубов е од голема важност за хармоничен психоментален развој на новороденчето. ШТО СЕ ПОСТИГНУВА? Со практикувањето на јогиските тхеники жената учи да се релаксира, да го контролира дишењето, да ги негува позитивните мисли и на тој начин ја штеди својата енергија. Тоа и` помогнува на жената да биде присутна и свесна за себе во текот на породувањето и соработката со бабицата или лекарот да биде подобра што го олеснува породувањето. СО ПРАКТИКУВАЊЕТО НА ЈОГИСКИТЕ ТЕХНИКИ ЖЕНАТА СИ ПОМОГНУВА И ПО ПОРОДУВАЊЕТО: · Телото брзо да се врати во претходната состојба, за што помогнува ако телото било активно и пред бременоста и на соодветен начин и во текот на бременоста. Се практикува и пост-натална јогиска програма за зајакнување на стомачните мускули и ослободување на заморот. · Полесно да се соочи со емотивните промени карактеристични за овој период, како и со пост-породилната депресија кога се јавува. · Да ја одржи внатрешната смиреност и хармонија, што се пренесува и на бебето. Извор: Јога центар - Тафталиџе
|
|
|
|