Тања РР -> RE: Што ако лекарот згреши? (18.2.2010 19:36:04)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: kacarska Pred izvesno vreme, razgovarajki povtorno na ovaa tema, razbrav deka vo Evropa, potocno napomenaa deka na primer vo Slovenija a verojatno i vo dr Evropski zemji, ima praktika, sekoj lekarski pregled da se snima, bez razlika dali stanuva zbor za primarno vospostavuvanje na dijagnoza, ili pak hirurski zafat.Se so cel od edna strana pacientot da se zastiti od nemarnosta na lekarot ili od bilo kakov tip na izzivuvanje, a od druga strana za zastita na lekarot od neosnovani sudski tuzbi,( poradi postoenje na slucaii koga i minimalna bolka, na primer pri vadenje na zab, se koristi za podnesuvanje na tuzba i naplatuvanje na osteta). Zosto go pisuvam ova? Daj Boze nisto da ne se sluci, no zarem da ostavime na Bog nesto sto mozeme i sami da go organizirame.Zarem samo da se izrazi zalenje za liceto koe go izgubilo zivotot ili svojot najblizok ili pak mu se namalil kvalitetot na zivotot, bidejki nekoj imal popametna rabota od toa da posveti vnimanie?!! neli e vreme zakonite da gi prilagoduvame na nasite potrebi, a ne da bideme nekakva palanka vo koja selskiot kmet moze i da ubie, i povtorno mirno da spie. Ми се чини дека ваквата практика лесно може да води кон кршење на човековите права. Кој има право да ги прегледува тие снимки? Како јас како пациент ќе бидам сигурна дека никој нема да ја злоупотреби на ваков или онаков начин мојата снимка? Или уште повеќе како јас како здравствен работник треба да функционирам на работното место ако се чувствувам како дел од реално шоу. Размислете. Би сакале ли вашиот гинеколошки преглед или пак вашиот разговор со психијатарот да му биде достапен некому. Сепак постојат работи што МОРА да останат мегу пациентот и лекарот. Не го бранам здравствениот систем во државата (иако сум дел од него), напротив длабоко се разочарав од се во моментите кога се пораѓав но мораме да признаеме дека како и во сите професии ни тука не можеме да генерализираме. Сигурно има лекари од кои сте задоволни. И размислете. Дали никогаш не сте згрешиле ништо при практикувањето на вашата професија???? Да, да имам во предвид дека лекарските грешки чинат најмногу но сепак, човечки е да се греши, нели. Верувајте, никој не сака да згреши во она што го работи.
|
|
|
|