mis. -> RE: Кога за прв пат бевте со вашето дете на подолг пат? (28.10.2009 22:50:17)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami Газдата ми е од Русија, женаму долета со малото кога имаше некои 3-4 месеци, во првиот дел од патувањето плачел- до Истамбул- бидејќи таму менуваат авион, ама за понатаму и рекле да му даде да цица додека полетува или цуцла, за да му го намали притисокот во ушињата, и поминале со помалку плачење, а сега, после цела година, Данил нема проблем со летање во авион, главна маскота им е за време на летот ИЗВОРНА ПОРАКА: Mammy баш сега маж ми сака да летаме за Загреб, а малово ми е со неполни три месеци. Јас не сакам ниту да летаме, ниту да воѕиме 8 саати. Ужасно..се караме за ова.. ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца Јас сум истата со истиот проблем кога треба да се патува.Јас лично сум против.Еве и вчера не заминав за Кратово затоа што мислам дека е безпотребно да го малтретирам малово за еден ден. А и времево какво е променливо...не знам можеби некои ќе се чудат на моето размислување, но јас многу многу не сакам да патувам со децата.Барем додека се помали.Еве сега Мартина е сама со татко и и баба и.И ја путив зошто добро го поднесува возењето, инаку знам дека што се истураат од повраќање.
|
|
|
|