|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   8ми Март
18.2.2010 15:25:10   
caci20
Што правите вообичаено за 8ми Март? Што поклонувате и кому?
Што добивате и од кого? Тие што сте на работа ви купува ли фирмата по нешто?

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: 8ми Март
18.2.2010 15:27:58   
profesorica
од школите добивам поклонче обетки или некоја колекција од авон а од фирматапа тазе сум сега ќе видиме дали ќе има нешто.минатат фирма кај што работев не носеа на ручек user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: 8ми Март
18.2.2010 15:30:05   
caci20
Нас порано фирмата ни даваше слободен ден, сега ништо. Од лани ни едно цветче. Од мм добивам цвеќе, од моите парички за да си купам што сакам, исто и од свекор ми и свекрвата. Од брат ми и снаат по некое украсче

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: 8ми Март
18.2.2010 15:31:12   
mami
Од фирма добив преубав букет  лани, а од никој друг ништо..не се ни замарамuser posted image

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: 8ми Март
18.2.2010 15:33:18   
ripce
Јас не го славам овој празник, ама на другите подарувам која како заслужила user posted image user posted image user posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: 8ми Март
18.2.2010 15:36:45   
mami
На мама цвеќе или парфем, порано и за тетките купував ама веќе не...а на свеки и е роденден дента па ке и купиме фен така решивме :)

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: 8ми Март
18.2.2010 15:37:44   
jovanka
Se izgubi vistinskoto znacenje na praznikot.Ovoj praznik e asocijacija na pokloni koj sto dobil i koj na kogo ke mu podari ili zeni koi samo togas izleguvaat vo kafana restoran i neznaat sto gluposti da napravat da se razbereme ima i isklucoci.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: 8ми Март
18.2.2010 15:39:01   
profesorica
на сите жени у фамилија (мама, свекрва, тетки и баби на мм) секогаш различно или по некоја шамија или цвеќе саксиско им зимаме. а и они мене обавезно ми зимаат поклонче

од мм секогаш нешто облека, книга или накитuser posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: 8ми Март
18.2.2010 15:39:51   
mami
леле мм ми кажуваше дека во фирмата кај што работеше порано имало жени кои со душа чекале да дојде 8 март за да излезат сами...тоа е жално..се надевам нема да станам таква

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: 8ми Март
18.2.2010 15:44:02   
pacuvce
Уф колку го мразам овој празник...Толку глупаво се чувствувам,како овци на пасење да не носат,па ајде на ручек...Од директорите секоја година добиваме саксиско цвеќе и ручек во кафана,од останатите колеги по нешто симболично колекција или по некој украс...Бидејќи имам две сестри меѓу нас се имаме договорено да не си даваме ништо,затоа што поглупава работа од тоа нема,а на свекрва ми нешто симболично,најчесто од Орифлејм или Авон,што ќе ми се допадне...Јас од неа секогаш добивам пари да си купам што сакам,а од маж ми што сакам,само го носам и ќе ми купи...Сепак ќе кажам-МРАЗАМ 8 Март...

< Поракaта ја уредил pacuvce -- 18.2.2010 15:45:30 >


_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: 8ми Март
18.2.2010 16:26:56   
vezilka RR
  Во 1907 година Клара Цеткин во рамките на Втората Интернационала ја организираше Првата конференција на жени социјал демократки. На наредната меѓународна конференција на жените во 1910 во Копенхаген повторно на иницијатива на Клара Цеткин беше одлучено 8ми март да се прогласи за Ден на меѓународна солидарност на жените, во чест на жените, работничките од една фабрика во Германија кои протестирајќи за крајно лошите услови за работа и ниските плати се самоубиле. Историски гледано овој ден некое време и се прославувал преку протести за подобар статус на жените во општеството. Денес од тоа не е останато ништо. Денес жените го прославуваат во кафана. Според мене тоа е навреда на самиот празник и неговото значење и затоа јас не подарувам, ниту сакам некој да ми подарува нешто на овој празник. Еве како лани го одбележавме празникот:
http://www.nenasednuvam.org/
За годинава ќе видиме :)

< Поракaта ја уредил vezilka -- 18.2.2010 16:28:02 >

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: 8ми Март
18.2.2010 17:58:13   
Enika
Со оглед на тоа дека ден пред тоа и е на мајка ми роденден...домашните и купуваме еден поклон сите..и цвеке...како помала и цртав честитка...или ке собирав пари за цвеке...сеа сите зедно.. идеме на ручек...за роденденот не толку за празникот..јас не славам...честитам на баба ми, вујна ми...не се од Ск па не ги гледам...и на останати блиски ама не сум поклонила одамна...веке некако ми е излитен.Жена треба да се почитува секој ден..а не еден ден во годината!!! Исто како и Валентајн...секој ден е убав и за љубов и за почит и за подарување.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: 8ми Март
18.2.2010 18:03:49   
mis.
Купувам подароци на двете комшивки кои ми се десна рака во животот.Купував подарок за мајка ми и снаа ми но бидејќи мајка ми повеќе ја нема ќе купам некое поклонче за снаа ми а за гробишта некоја пластична екибана.Порано купував и за јатрва ми но дека таа не ми купува ништо престанав и јас да и купувам.Мм обично ми вика оди куписи нешто за празникот освен лани што ме изненади со цвеќе.Лани син ми ми го подари најубавиот подарок честитка направено од него во градинка.не одам никаде за празникот бидејќи го сметам како собиралиште на жени кои цело време биле врзани и сега се пуштени да се издуваат.user posted image

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: 8ми Март
19.2.2010 8:40:00   
natasha
podaruvam na majka mi i svekrva mi,a za vozvrat ne sakam nisto,bidejki ne ja obozavam prikaznata:nati go-daj mi go!!!!Sepak i ima i dr denovi vo godinata ako sakas na nekoj da mu podaris nesto

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: 8ми Март
19.2.2010 9:44:06   
tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Во 1907 година Клара Цеткин во рамките на Втората Интернационала ја организираше Првата конференција на жени социјал демократки. На наредната меѓународна конференција на жените во 1910 во Копенхаген повторно на иницијатива на Клара Цеткин беше одлучено 8ми март да се прогласи за Ден на меѓународна солидарност на жените, во чест на жените, работничките од една фабрика во Германија кои протестирајќи за крајно лошите услови за работа и ниските плати се самоубиле. Историски гледано овој ден некое време и се прославувал преку протести за подобар статус на жените во општеството. Денес од тоа не е останато ништо. Денес жените го прославуваат во кафана. Според мене тоа е навреда на самиот празник и неговото значење и затоа јас не подарувам, ниту сакам некој да ми подарува нешто на овој празник.


потпис!!! Ако нешто најмногу е излитено тоа е славење на 8ми март по кафани,и трошење пари на подароци сосема непотребно...Значењето на овој ден е целосно изгубено.И јас не подарувам ништо на овој ден и многу повеќе ги сакам родендените и слични поводи (или не мора да има повод за подарок) 

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: 8ми Март
19.2.2010 13:41:32   
BILJANA_G
Od mm sekako deka dobivam poklon sekogas ralicno bilo toa da e nekoj parfem,nekoe aliste ,buket.Nemora da e nekoj praznik sekogas me iznenaduva so nesto.Isto si razmenuvame pokloni so majka mi,svekrva mi,sestra mi, i so jatrvata.Mm obavezno kupuva na site vraboteni po nesto.A na site tetki,strini,babi obavezno po edna ruza.

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: 8ми Март
19.2.2010 14:57:43   
zami
8 mart, e za ucitelkite vo gradinka i skolo.
Za niv obavezno treba da se kupi nesto i toa dobro smisleno.

Licno od nikogo nisto ne ocekuvam, niti planiram da kupuvam.
Samo za majka mi i svekrvami i toa nesto simbolicno cveke mozda.

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: 8ми Март
19.2.2010 15:04:58   
Adrijana
Lani za 8mi Mart na sveki i na mama im poklonivme edna mnooogu ubava vest, im kazavme deka sum trudna, a ovaa godina vnuka im moze da im pokloni po nekoe cvekenceuser posted image .

_____________________________



(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: 8ми Март
19.2.2010 15:16:11   
zami
Da be sega mi tekna, pa sin mi bidejki za nova godina bese vreden i na site im nacrta cestitki i sega ke go vrabotam da crta cestitki za 8 mart, za babite, tetkite, ucitelkite.

Ej super ke si imame ekstra zanimacija denovive.

Ih kako mi tekna aaaaauser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Allways look on the bright side of life!

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: 8ми Март
1.3.2010 9:50:50   
profesorica
ние спремивме поклони за тетките и бабите на мм,а за свеки и мама

имено тетка на мм од Прилеп беше на гости минатата недела и дојде со еден каталог од Зиаја-полска козметика па од таму испонарачавме. а бидејќи на свекрва ми и е роденден на 6ти март таа си доби поприлично поклончиња.

а и јас си нарачав од таму мм ми рече за 8ми март зимај што ти душа сака.

па си земав перли, четка, острилка за моливчињаuser posted image user posted image user posted image , сенки, млеко за тело(за туширање од козјо млеко), крема за раце...и уште нешто имаше ама не ми текнува сегаuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: 8ми Март
1.3.2010 9:52:35   
Mila na mama
Путер за усни и тело од Зиаја е убаво јас земав 2 сјај за усни и руменило. Не се нешто квалитет ама се ефтинки како за декоратива ќе пројдат.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: 8ми Март
1.3.2010 9:54:10   
caci20
Gi ima vo Beauty shop vo GTC, jas si zemav molivce za oci samoostrecko a od druga strana so cetkicka i e odlicno.

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: 8ми Март
1.3.2010 9:57:30   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

а бидејќи на свекрва ми и е роденден на 6ти март таа си доби поприлично поклончиња.



и мојата свеки е на 6 март родена хехех

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: 8ми Март
1.3.2010 10:11:10   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

а бидејќи на свекрва ми и е роденден на 6ти март таа си доби поприлично поклончиња.



и мојата свеки е на 6 март родена хехех



аман колку луѓе се родени на 6ти март.имам еден ученик на 6ти март а и колегава тука до менеuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: 8ми Март
1.3.2010 10:43:54   
Natasha5
8 ми Март воопшто не го сакам овој празник а и не го славам.Зарем некому да подариме нешто треба да чекаме до 8 ми Март??Или кога станува збор за нашите сакани треба почесто да ни подаруваат нешто не само за 8 ми Март,зарем не сме го заслужиле тоа??

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?